Ке му оддадам почит овде. Почивај во мир Игор Југ. Еден протест не се организираше за да се ослободат тие луѓе што лежат џабе во затвор..
Kaко родител кој сака детето да учи од моите грешки или заблуди, пред да ги направи "своите", се чувствувам беспомошно кога не оди како што сум замислила. Да ја поштедам од тага, да и' олеснам. Држ- не дај не помага, ни награди и казни, ни пософистициран пристап, ни откажување и трпение, оти ко што е речено : за дете не поминува.
Полесно е пишување латиница отколку читање (очобол е). И тука кога ќе видам дека пишуваат латиница... Не знам кој телефон нема македонска поддршка.
Медиумите пишуваат од своја рака. Од Куманово сум, прекрасна фамилија има човекот, ама тој.. да не зборувам лошо за починатиот. Греота како за секој млад човек, ништо повеќе верувај.
Се договорив во 19 часот да излеземе со другарките.. Сабајле кога се договаравме океј ми беше, имав желба за излавање.. А сега.. Толку не ми се излава што ако некој од нив откаже во последен момент ќе се израдувам.. Ладно ми е, не ми е ни до средување сега. Значи што се дешава со мене..хаос
"Немаш доволно привилегии за да одговараш тука.)" Шо значи ова во одредени теми кај шо неможам да коментирам (а никогаш не сум ни коментирала таму)?! Какви привилегии се тие?
Последниве 2 недели АСМР ми се видеа со луѓе со шаторчиња што си престојуваат во планина. Дали сами девојки, или во пар, видеата ептен ме опуштаат. Ми стана ноќен ритуал, ќе си легнат ќерка и маж и јас по половина час си гледам по едно видео секоја вечер. Мераци, снегче, дожд, па си готват, чајче, мелено кафе па како ги местат шаторите, некоја топла домашна атмосфера, абре убавиниии
Кој к*р? Како не им е срам на женети со деца, да праќаат покани за пријателства, бе? Кои психопати се бе маживе. Цццц
Се запнале, криви биле родителите незнаеле да го воспитат тие да лежеле в затвор, глумци… Како?! Ако самиот неќиш никој неможи да те смени ни господ да слези. Имам дома еден 20годишен крајот едвај му го наоѓаме. Со ќотек? Кое е решението експерти?
Да еве баш колешка имам на работа девојче е 20 години, некој муштерија женет со две деца шо се вика и оваа ќерка можи да му биди, ја наоѓа на фејсбук и ја додава. ЗОШТО? Одвратни створења.
Одземи му се шо му имаш дадедо, не му давај пари за излегување и постави строги граници, ако сакааш да живееш под мој кров ќе се однесуваш како што треба- нема да пиеш/пушиш/дрогираш/да правиш глупости. Ако сакаш да си продолжиш како до сега ете ти ја вратата снаоѓај се како знаеш и умееш. Ако има памет ќе се уозбили.
Проблемот е шо во тие години некој деца се уште незрели, иначе работи неможиш со пари да му се заканваш. Не сфаќа се како шо е животот,лета сеуште. А за брќање од дома уште не познавам некој шо си го избркал детето, само на збор.
Јас познавам наркоман што го избркаа од дома, не се опамети умре од предозираност. А причината што стаса до тој степен беше дека од дома се му беше дозволено и со се беше задоволен, родителите ич уво не ги болеше се додека дрогата не ги однесе до просјачки стап.