Прејаки ми се возрасни жени што на млади од 20+ години им зборат како е срамота на тие години да живееш со мама и тато, ама истиве жени се мажат со исти такви мажи што живеат со мама и тато и ги нарекуваат многу вредни и грижливи оти им ПОМАГАЛЕ околу детето. Мизерија
Се милионер до милионер. Од чепатење со ставовиве што ги имаат се запрашуваш да не случајно не живееле во мк од раѓање.
Или муабетот од маж коа ќе рече дека претходните женски со кои што имал врска биле ку**и, а жената дома му е чесна и поштена.
Јас сум од тие девојки. Никогаш не ми е ладно и ме фаќа сллет пд премногу облека. А и патот ми е од дома-гаража-паркинг на работа-канцеларија и назад.
Јао, 21ви век, уште не сфативме дека не настинуваш од ладно. И уште не сфативме дека топло време е далеку поопасно за здравје него ладно.
Гледам емисија на Срце на дланка и сега снимале некоја жена на која куќата цело време и се поплавува, и и нашле плац за куќа по некоја симболична цена за м² и она не сака таму да и направат куќа бидејќи плацот бил во близина на канал, имала дете, не бил плацот идеален.. Куќата каде што живее цело време се поплавува, не можат струја да им пуштат, се им е под вода, а она го одбива плацот со изговор дека има дете а плацот е во близина на канал.. Го покажаа плацот на емисијата, рамен плац, има куќи во околината, а нејзиното дете е школарец, значи веќе на возраст каде може да сфати што е опасно а што не е, и каде треба да оди а каде не, не е во пустелија, околината цела беше куќи, како можат да живеат другите таму а она не.. Башка жената одбила и работа, бидејќи не можела да оди да работи втора смена поради детето, и моментално живее само од донации.. Стварно некој луѓе не заслужуваат помош, греота за детето со таква мајка што наместо да и изградат куќа, и да си живее во Петровец, нејзе подобро и е да го остави детето да страда без струја и со влага дома, како што кажа со глувци им дува од сите страни.
Не верувам веќе на тие. Скоро имаше, бараше еден маж помош за него, викаше дека немал деца и жена, исто така бараше и жена. И под снимката, во коментари, неговата жена пишала да му биде срам и да престане да лаже . Измамници се тие срце на дланка.
Тале од Велес ја имаше пратено жена му по комшии за овие од Срце на дланка да го снимаат дека е самохран татко додека она не е тука..
Само што сакав да го коментирам ова. Демек жена му го оставила со децата, а пред тоа заедно славеле Нова година, тој Тале коцкар и должел многу пари. Исто имаше и една жена што лажеше дека е неподвижна, синот не знам кај бил, а тој во затвор (така нешто беше). А онаа емисијана со Кристина Арнаудова што беше, една си лапна социјален стан, а овие и' го уредија, демек самохрана мајка не можела да работи, немало кој да и' ги чува децата (татковците живи), а оваа онака ја знам преку едни познаници, дотерана од пети до глава се' во брендирана облека, нокти, надградба на коса, средена, а ваму кука немала. Криво ми е што на некои навистина им е потребна помош, ама од ваквиве не можат да дојдат на ред.
Мене општо пристапот на Оливера ми е дебилски и мислам дека не ја бива за новинар.. Оди кај сиромашна фамилија, еден куп деца и на едно од децава му поставува прашање од типот Сите во школо јадат, ти немаш што да јадеш?, Како се чувствуваш кога другите јадат а ти гледаш?, Децата ти се смеат кога одиш искинат во школо?, Те боли стомакот кога седиш на часови гладен?, и такви некој деблиски прашања на деца од 7-8 години.. Еднаш сум кажала, и си стојам на тоа дека таа жена не ја бива за новинар, океј гледаме дека се сиромашни и дека немаат услови, не мора децата да ги изложуваш јавно така да им се смеат во школо..
Оти не знае што е да нема. Чим не го сака, значи пребира. За ваквите лица треба да си водат посебна евиденција сите добротворни организации и задолжително да си разменуваат информации меѓусебно. На што личи, се научиле сите пред камера. А луѓе што вистина немаат срам им е да побараат и што е најтрагичното не ни можат на ред да дојдат од овие погоре.
Види, стварно се греота, куќата цело време им се поплавувала, немаат струја, глувци имале, од секаде им дува и кровот им пропушта.. Ама ако им понудиш помош и одбијат, тоа е тоа, нека си се снаоѓаат како знаат понатаму сами.. Жената си кажа на камера сакала куќа некоја изградена ако може да и дадат од 50-60 илјади евра, така било најдобро, и тука веќе гледаш дека се работи за аздисани луѓе.. Се зафркавам со дечко ми, викам да се јавам јас да ме снимаат, по можност некој куќа на Водно да ми донира, уште и базен ако има, идеално..
Да имаше обвинителство, досега таа Оливера ќе беше повикана таму, оти многу приказни испаднаа неточни. Друго, жената не е новинар, туку професорка по македонски јазик и арно ама само да прочитала Кодекс на новинари ќе знаеше дека од малолетни лица не се зема изјава, не се релевантен извор на информации, а плус и ги покажува со лице, што е забрането, барем на монтажа да ставеле замаглување, ама и тоа нема. Таму една чета неработници и измамници, само пари бараат, куќа, храна. Нив само треба да ги упатат во АВРМ, работници се бараат, нека се преквалификуваат. Тоа се измами со селска патетика на Оливера. Патем, чудна е? Правела пластична операција на носот? Нешто ги менувала забите? И овие емисии се доказ колку народот е страхота, значи мрза невидена, лажат, манипулираат, измислуваат. Страшно.
Ова Temu само што ќе отворам месечно минимум трошам по 3 до 5 илјади денари, многу интересни работи има и најчесто за колава земам (ах се запоставив себе си хаха).
И маж ми е ист. Облека не си купува, ама за колата мора да има нешто. Јас ако не му купам облека ќе нема што да носи