Браво ! И јас оддамна само кирилица сегде терам имав сеа брзо момент кај шо нешто не ми функционираше а додека да средив морав да пратам во чат од работа порака и едвај се снајдов на латиница толку се имам навикнато. А исто еднаш на братучедка и пишав на инста на латиница еве ја на вибер вика абе на инста ти ми пишуваш ,дека на латиница мислев дека е некој друг ти го хакнале инстаграм
Дали сериозно забар и фризер станаа иста цена? Доктор кој учел тежок факултет цел живот и поправа заби се измери со фризер бе, поправка на заб 2 000, фризер 2 000...господе боже
Многу ми се интересни оние ликови кои во секоја манџа мора запршка да стават. Ќе напише некој нешто на фб и тие одма коментираат за граматиката. За да се направат паметни. Немаат друга работа. Па и се исмејуваат. Демек они се интелектуалци
Како можите бе, да го изгазите човек емотивно и да не ви е галје. Да сте толку себични и да размислувате еднострано? Да бегате од обврски, да бегате од вашите постапки? Браво, еве да ви се наполни егото. Браво баш сте итри и мудри луѓе.
На забар од денеа за утре закажуваш, на фризер се чека со денови. Затоа имаш нашминкани фуфици, исфенирани ама кога ќе отвори уста као петарда да и пукнала. Исто и за маживе. Типов среден коса, брада се под конец, ама отвори ли уста.. аууу хорор.
Ех според индексот на работа и рударите имаат претешка работа и пак е крајно неблагородно колку малку пари земаат. А од откопување на рудата имаме баш доста работи, меѓу кои и изработка на една пломба од тие откопани материјали во рударство..
Последниве неколку дена со џогер до кревет спијам, ќе прашате зашто, епа комшиката над нас ужива да урла по маж во 12 на полноќ и јас само ќе и тропнам на плафон со џогерот и она ќе престане од срам дека цела зграда ја слуша.. Сега за сега успешно е, па ќе видиме за понатака..
Ми се допаѓа патувањето на работа со автобус. Си седам, гледам луѓе, гледам околина на патот и малку чепкам на мобилен. Од поубавите делови на денот.
Ќе дојде време и нашиве нема да се враќаат за поправање заби овде. Воопшто и ќе нема разлика, како што е тргнато. Фризериве едно време никој не ги сметаше за нешто, дури шетаа по дома и стрижеа стари луѓе. Од нив живееја. Ама сега нешто препотентни.
Сега никој не може со фризерите, кукаа за време на короната кога затворија се', кога почнаа со работа дигнаа цени до плафон.
Тогаш по дома сите се средувавме, дури похрабрите експериментираа. Ако мислат да надокнадат за тој период, се лажат.
Има огромна разлика. Цените за стоматолошки услуги се смешни во споредба со надвор од МК. Баш за една интервенција прашував, 10 пати поскапо е. И да се покачат 50% пак ќе биде поефтино. Стоматологијата во МК е доста потценета гранка. Имаат пари за маникир, педикир, фризери ама се жалат за цените кај стоматологот. Прво за да станеш стоматолог, ти треба факултет. Како што сите сакаме да си го наплатиме знаењето од факултет, така и тие. За да правиш, нокти и фризури, кој факултет ти треба?! Второ, материјалите кои се користат во стоматологијата и материјалите во фризерница се неспоредливо различни во однос на цената. Мислам колку според вас треба да чини пломба?! Ставете си сами ако е толку лесно. А и не само пломба, разни ендодонтски третмани. Да се ишишаш може и ќе можеш, ама ај сам умртви си заб. Не можеш. А и уште нешто. Плаќаш неколку илјади за фризура и шминка што утредента ќе ја снема. Ама многу била пломбата што треба со години да ти трае Патем ти наплаќаат и за консултација тука. Добро утро ќе кажеш, пари ќе ти наплати. За консултација од 3 минути платив 25 евра. Колку пломби се тоа, плус совет да ти даде.
Ужас се цените за козметички услуги. Секој месец нови цени, минимално поскапени. Демек материјалите се поскапуваат блабла. Се е тоа океј ама може место 200% заработка, да ви остане 150%. Но, многу се алчни. Веќе планирам да правам нокти пример ептен кога морам за некоја пригода/ одмор.
Види, имаат сите ценовник и ретко кој се води по тоа. За обичниот човек треба да е достапно и можно да пломбира заб. Не велам дека не треба да се ценат, туку да не се преценуваат.