Се дур се вреѓаме чие е Скопје и дека дошљаците од провинција го расипале градот, нема да не биди. Точка.
Па така де Ако Скопје е само на скопјани, дај нас останатите нека не земе Грција или Бугарија па бар ќе си ги имаме Халкидики и Черно Море . Само нека не зборат после дека сме предавници и дека заради нас пропаднала државата .
Јас кога сум одел порано во Охрид, Струмица, па и Битола, понекогаш сум се почувствувал неудобно од страна на жителите, пред се поради што сум скопјанец и зборам на скопски, а и со го сакам градот. Не мора да значи дека само скопјани ,,мрчат", туку и на скопјани им ,,мрчат" кога одат во провинција. Во 2019 година сакав да отворам кафич во едно мало туристичко место, но не ми дозволија поради тоа што ,,не сум бил нивен" и таму смеело да отворат само тие што се од таму. Додека во Скопје нема вакви проблеми. Не сакам јас такви проблеми, а ниту па се замарам кој од каде е. Сите сме Македонци и треба да се подржуваме во се и да не не разделуваат вакви ситни глупости.
10 г се возам со автобус, за прв пат во 10г имав работи кои зафатија место плус, гледав тоа да не биде период кога луѓе се враќаат од работа, никогаш не сум сакала да зафаќам место, многу ми е непријатно и глупаво, ама овој пат морав, гледав тоа да биде некој период измеѓу, се ок, додека не се качија 3 жени, двете седнаа пред мене и едната и вика на таа што стои, седни позади и оваа вика не бе ќе се симнувам и се врти ме ѕвери и вика на таа, а девојчево некои кесишта ставила, пазете на изразов КЕСИШТА (не би сакала да кажам што носев, тешко ми е, долга приказна) и се извинив на жената на која и рече да седне и предложив ако сака да седне јас ќе станам само морам да ја држам кесата да не ми се скрши нешто, спомени ми се, женава ми вика не бе девојче ок е па не можеме секој пат да имаме прилика за кола, не викам дека сум во право да зафаќам место плус, ама ова беше еднаш во 10 години, такво невоспитание и некултура од жена која може мајка да ми биде ми стана одвратно, колку лоши луѓе постојат, уште продолжи да ми коментира, не знам од каде право да нарече кеса, кесишта. Следен пат, кога ќе излезете од дома, понесете си култура. Срам да Ви е, жени во години, невоспитаност. Убав ден!
Многу мразам кога ќе треба нешто да потпишам пред повеќе луѓе или во близина на некој и ќе се избацат со коментар ЛЕВАК СИ? Не, бе марсовец Исто како што си ти деснак, некој е и левак, чему чудење, не знам
Ејјј значи за мене не знам како би се опишал, ама само едно ќе кажам... Прекрасно ми е чувството кога ќе појдам да си испазарам на големо барем за 3 недели во маркет, колата ја наполнам целосно со гориво (ако е под половина ми паѓа карактерот хаха) и еве завршив со порачките на Temu. Значи гледам и сфатив дека и правам love bombing на колата, се за неа, а за мене ништо.
Love bombing баш. Уште се чудам што гаџети може на кола да и фалат од тему, ама ок, не морам се да знам.
И некои ќе речат шо па толку таа колата ти е интересна? Обична лимaрија, мртва природа, да ти служи од точка А до Б.. Е не ееее такааа, не не разбираат нас ентузијастите.. Во колата наоѓам мир, единство, нераскинлив спој меѓу човекот и машината, технологија со душа, да гледаш како едно, да дишиш како еднo, ти ја раздвижува душата.. колата има и карактер и душа а тоа почнува уште кога моделарите со глина им в дахнуваат дух и ги создаваат автомобилите и ги истражуваат нивните замисли преку глината служејќи се преку вештините и чувствата за да обликуваат и претворат модели со душа и облик кој растрперува и допира срце..
мп3 плеер звучници држач за телефон полнач за телефон греач за стакло камера за гледање назад паркинг сензори парфем за кола ретровизор со екранче лед сијалици за внатре лед сијалици за надвор компресорче за пумпање гуми раткапни крпи за бришење (микрофибер) средство за полирање фарови навлаки за седишта интересно капаче за рачката на мењачот кутија за алати соларен панел четка за перење кола батериска правосмукалка држач за наочари навлака за волан греач за кафе штосни налепници апаратче за тестирање на јачината на антифризот мерач за притисок во гумите дополнителни ретровизорчиња фолија за заштита од сонце украс за на ретровизор со ликот на Дончо Да пишувам уште?
Јас како човек што немав ич желба за коли и интерес, откако си ја купив првата кола таму ми е умот само и некој било што да ми дај за колата повеќе ќе се израдувам отколку за мене да ми дај да носам. Така да, ако немате идеа што да му купите, купете му нешто за колата, нема да згрешите на дечко или сопруг.
Девојките/жените или колата поише се сака? Тука спаѓа и фудбал, пиво и што ти знам таму, кој што си преферира.. Ама искрено
Сеа да не претеруваме ама искрено се си има граница. Треба баланс во живото. Жити мене немој да си од женине што го чекаат мажо да си дој од работа, претепан, а ти го прашуваш "Дали ќе ме сакаше ако бев црв" ?!
Ме потсети на еден момент. Јас на покрив качен, дали да се крепам со едната рака да не се лизнам на лимот, дали капата да ја држам да не ми ја летни, ми ѕвони телефоно и ми вели да не ми си скаран нешто отсабајле не ми рече добро утро. А моето добро утро беше негде 4 и пол сабајле.