Ме тераш сеа да филозофирам многу ама ајде. Балансот е дека и двете си имаат свое место во (мојот) живот. Сеа те молам по нојчиве немој уште појче оти 3-4 пива имам жегнато и скара доволно за холестеролов да клокоти.
Многу го сакам мажот ми, ништо од ова не му притребало Шо е тоа соларен панел за кола? Да го изненадам ако е корисно.Греач за кафе не треба, кој побогу пие кафе во кола, не сме американци
Буквално јас. 90% од работите нарачани од Тему ми се за колата, а таа уште не е купена. Ама па денеска видов многу кјут патосници со маче. Но најдов сила да се воздржам дур земам барем.
Баш.. Ама практичноста најбитна е. Нема да можам да функционирам со подолги, иако решив сега да ги растам и чувам уште месец два, па тоа ќе биде нетипично за мене. Мене и сеа според мене ми не ми се кратки, а според други прекратко е ова. Има напредок инаку Од некоја која воопшто лак нејќеше, за сеа да не можам без.. Па се надевам нема и подолги да ми се уарнат Ама природни долги зборам, само моите
Не знам на кој друг му треба да го чуе ова, ама за помалку од 2 месеци ќе почне да се стемнува после 19 часот.
Дончо не ме занима, кој и да е. Мислев соларниот панел нешто за самоодржливост е, да згрее вода за капење на пример, или да ти свети сијалица. Во случај да удри метеоридот/астероидот/ штоидае
Сакам да кажам (1) - кои луѓе и да се во маркетинг тимот на Дулинго се генијалци. Последните две години поќе ги пратам на Инстаграм и Х Дуолинго него шо прам лекции, додуша и неколку пати напрајле да сакам да се активирам пак само ради нивната присутност на социјални мрежи. Генијално. Па и сега од кога го убија Duo, the Owl. Г е н и ј а л н о. Па кога објавија сега видеото со кој го уби? Се пресмеав. Омилен инфлуенсер 10/10. Unhinged af. Сакам да кажам (2) Јас разбирам и знам дека сите врвиме низ срања во животот. И особено кога сме во деликатен период знајме да сме и избувливи, и да не мислиме шо збораме, и раздразливи. И океј е. Во моментот ретко кој можи да мисли трезвено. Ама си должиме себеси, а и на тие околу нас, после да работиме на себе. Зошто нашиот живот е пред се наша одговорност и резултатите од нашите одлуки се само наши. Не можи секогаш да се вадиме на то дека некогаш ни било вака или така. Мислам да, јас си испечатив "cancer card" ама буквално мајтап е. Не планирам да се вадам од ситуации години од сега на сметка на то дека 2024 и 2025 ми се десило тешко срање. Картичката е пресмешна, жими се. Ама дефинитивно си знам со која публика смеам да го терам овај мајтап, со која не. Сакам да кажам (3) најдов чудно хоби во готвење и броење калории и то споделвање наоколу. И најдов толку многу луѓе со кои одамна сум немала контакт ама сме добиле заедничка нова тема - здрава храна. И то ме прај многу среќна и искрено ме држи мотивирана. Се осеќам како конечно да најдов „the cheat code“ дур стигнам до некоја рутина.
Предложете некој добар држач за телефон тогаш за кола. 3-4 имам земено од кинеските, и со магнет, лепенка и од оние што се ставаат со штипка на отворите за воздух... Ништо до сега не ми е погодено. Ќе ги употребам неколку пати и фрлам оти се не практични.
ПРЕТОПЛО ми е. Значи не можам да заспијам и не можам. И по кратки ракави сум. Ма џабе. Да беше камен ладна собава, како ќе се покриев така ќе заспиев. Ама не. Кучево не ми се трга од нозе. К-а-п-а-к . Ми ги запали нозете бе.