Али овие шо продаваат станови во Скопје за 2500евра квадрат, а станот е едвај 40 квадрата, се најзабегани . Полека полека, албанците и турците ќе не купат со се гаќи.
Како не ја срам да се претставува како наставник на инстаграм па дека имала и фирма- во воздух, кога во суштина не поседува ниту најосновни квалификации за тоа? Ако немаш стварно знаење и искуство, нема да те направат сјајните објави наставник – вистинскиот професионализам не се мери во лајкови, туку во реалниот труд. Модата на предавање онлајн не треба да биде покривање за аматеризам и манипулација. Не е секој што блеска на Instagram вистински наставник или експерт.Нејзе ѝ ТЕКНАЛО ДА БИДЕ НАСТАВНИК, како што би ѝ текнало да биде нешто друго во моментот кога ќе биде слободна. Па уште и нуди, за секој препорачан ученик заработка од 20 евра... немам коментар --> ,, Помогни да се едуцираат уште повеќе луѓе и заработи до 1000€ и уживај малку повеќе во твојата финансиска слобода од вообичаено." Резил...... Лесно е да се создаде впечаток со постојани објави и фалби, но вистинскиот професионализам не се гради со фасади, туку со реални способности и образование. Јас сум професор по германски и сум предавала часови, најчесто во разни приватни и државни училишта, но не чувствувам потреба да се фалам и да се вртам околу празна самопромоција. Вистинскиот наставник не се гради со објави и претставување, туку со посветеност и резултати и се разбира ДИПЛОМА. Луѓето кои се потпираат на измами и се обидуваат да ја продаваат својата нестручност, не само што ги обесхрабруваат оние кои навистина се вложуваат години во своето знаење, туку и ја уништуваат довербата во целата професија. Луѓето лесно се доведуваат во заблуда од визуелниот впечаток, но вистинската вредност се мери не со бројот на следбеници или сториња, туку со реалните квалификации и посветеност. Запомнете, вистинскиот професионализам се докажува со дела, искуство, квалификација, а не со илузија.
Аххх, мажињава по интернетов шо на секоја објава за Валентајн, коментираат како тоа не е наш празник, како тоа е ѓаволски, педерски и незнам уште каков празник. Само и само да не купат по една ружа на нивните жени, оти ќе осиромашеат за 150 денара, ама цела дневница без проблем ќе остават во кладилница.
Ние да ти кажам никад не сме си купиле ништо за Валентајн, што знам не ми значи. Ама да смешно е за 150 денари што пагански им е празников.
Нема врска тоа наш ваш, денот е за вљубените и се слави интернационално. Али нашиве мора да најдат маана за да не купат поклон. Ама шо се чудам јас, они не сакаат ни кафе од 50 денара да платат
Сенс за романтика во минус. Се тегнеле дали е празник или, дали да купеле или не поклон. Да се плукнам една ружа или поклон ако и купиш еднаш месечно че се осиромашиш? Или се чека "валиден" празник па да и купиш нешто?
Секој ден треба да ни е ден на вљубените, не само денес. Секој ден нека ми купува, денес не мора. Јас си го славам нашиот, Св. Трифун, штета што не можам црвено винце да се напијам, а обожавам.
Таа неписмена раја што коментира дека е ѓаволски, глуп празник, само покажуваат дека се ограничени како француски балкон во мозокот. Празникот е католички, се слави светецот Валентин, башка се слави љубов, нешто убаво и природно, не разбирам зошто толкава неукост и негатива спрема празник што никој не ги тера да го слават.
Како бе не сакаш цвеќиња? Јас обожавам каква орхидеја си имам на прозор, ми пушти цветчиња пред брзо, секој ден си ја гледам и и се радувам јас си чувам дома цвеќиња, ептен ги сакам.
Ќе стрела од секаде. @Cherry blossom89 и јас не обожавам многу цвеќиња, бараат внимание, сите што ги имам во саксии и во двор насадени се од мм и мајка ми и тие ги одгледуваат (не знам колку цвеќиња има во саксии). Орхидеи имав неколку во разни бои и ми се исушија. Убави се додека имаат цвет, потоа само стап.
Ќе купам од поскапите ружи каде не треба многу внимание и нега и долготрајни се, само не се вечни и нема да пишам срце парателна песна во смисла љубовта да ми трае колку ружава.
И друга работа, вреѓање и омаловажување туѓи празници и светци, не ве прави поголеми верници во вашата религија.