Се прашувам толку ли остарев што ми е преку глава од се кафе,пица и вино со другарки онака без врска,на концерт пак со другарки и таму без врска не дека не беше добро ама мене некако досадно ми е се што ли ми се случува...не ми се излегува веќе ко да имам 70 години и се да ми е видено и поминато..... Се пронајдов во текстов Спојлер душа ми је празна ко да умире http://www.youtube.com/watch?v=TIsudeE5f7c
Тука некои работи ми се чинат премногу добри за да бидат вистинити,луѓе и много арно не е на арно,така да,да не се залажуваме едни со други.
Не ми е јасно како во овие 6 месеци што сум Скопје не успеав да најдам барем една дугарка со која би можела да излезам на кафе, да си поразговарам, сум запознала повеке луге тука ама не сум се зближила до тој степен и се сега зависам само од цимерката и само со неа сум Можеби ако одев на факултет ќе се зближев со некој, ама пак ми се појавува тој проблем како сама да одам на факс Ужасно ми фалат моите другарки и дружењата со нив :'(
Денеска станав порано, многу порано од вообичаеното. Ама сакав да го искористам сонцево максимално. Бев трчав, се вратив се истуширав и зедов да си ја потсредам собава. Многу ги сакам книгите. Многу. Средувајќи ја собата дојдов до мојата мала и скромна библиотека која е составена од едно така поголемо шифуњерче и две висечки полици. Зедов да ги пребришувам една по една. Внимателно. Повеќето од нив се стари книги, со повез кој асоцира на тоа. Тоа претежно се руски класици, дела од македонски писатели, но и од странски од кои повеќето ми се од Агата Кристи. Сите книги кои се наоѓаат во т.н. "стар"оддел кој што зафаќа цели две полици се претежно од мајка ми и од татко ми, а има и некои кои сум си ги купила. Најважно сите се зачувани. Јас ги гледам како богатство кое мајка ми и татко ми го чуваат од кога биле млади. Гледам и јас да ги сочувам. Од нив онака нај драги ми се трите книги "Ана Каренина" од Л:Н:Толстој. Најстари се, можеби за тоа, а можеби и поради тоа што се со црвена корица со златни букви и поради мирисот на книга, кој го обожавам. Се подновив со три нови книги од кои едната е на англиски. Со душа чекав да си ги ставам на полиците, со што ја исполнив и последната полица на која имаше место. Сега сум за нова Поздрав до вас девојки и имајте убав ден Недела, искористете го и вие максимално денов, а посебно сонцето
СДК нешто што слушнав и многу ме повреди тоа , тоа што поминав низ толку нервози и непреспијани ноќи и тоа што многу се плашев да не е вистина НЕ Е! Имав надеж, но со тек на време сите почнаа да кажуват дека не вреди. Се откажав, длабоко бев сигурна веќе. И сега слушнав нешто што ме врати во живите. Се чека уште една добра вест сега. Ќе видеме што ќе биде. Мислам позитивно.
Го обожавам фраеров, сум била на неколку негови концерти, и со нетрпение го очекувам и овој... http://tocka.com.mk/4/118841/cola-povtorno-vo-skopje-koncert-na-legendata-na-31-maj http://www.youtube.com/watch?v=L9dDvadU5FQ
Не можам да поднесам Недела. Колку и да е убав денов едноставно принудена сум да го слушам иритирачкиот звук на правосмукалката...
Прекрасен ден, најпрекрасен. Сонцево колку убаво грее, абе милина. Еве ме, си седам, си јадам макаронки, си гледам олимпијада, малце да се рашенам. Читам една книга од Ниче Димовски, „Вистина за вечноста“, денес ми е ден за среќа. Овој период треба да се посветам да се преокупирам со позитивни мисли. Ќе се потрудам и добро ми иде Бај д веј си имам нова симпатија. Веќе не се замарам со сељаци. Па кај ли ми бил паметот, дечково слуша Тропико бенд, омилена песна му е некоја од Саша Матич, нову љубав, некоја. А овој новиот, абе ќебапченнце најмило. Онака буценце мало по мој вкус. Па какви запчња има, абе милина И ептен сум си хепи. Абе секоја вечер кога ќе си го видам уште поубава ми станува. А пак кога негде по ходници или пред врата или на улица ќе се сретнеме... Ехехееее, во облаци сум. Преубав ден. Сонцево... Ќе отидам после да го видам детко, и кученцево. Абе убавини на сите страни.
Моментално читам едно дело ,,Пиреј“ од Петре М Андреевски поточно делото веќе го прочитав го читам поговорот и вели Па зарем македонец е оној кој си ја тепа и измачува жена си,си го малтретира другарот а воедно и цело село и семејство?! Зарем дело со таков лик од толку македонски дела најдовте да му дадете епитет симбол на македонштината И во објаснување зшто така дејствувал ликот: бил потресен од војната,од животот... па зарем „Судбината на човекот“ од Шолохов немаше лик со иста судбина кој нормално наместо да го убие и она што му останало од семејство собра сила да подигне ново семејство- го нарековте издржливоста на рускиот народ Значи претставникот на рускиот народ е човек кој и покрај останувањето буквално сам на свет може повторно да се соземе и продолжи со животот, а нашиот македонец го убива и она малку што останало... Епа неможе така бе критичари неможе, како што русите и сите останати можете да го величете по критикеве најдете некој соодветен лик кој ке го понесе епитетот македонец а не баш овој максимумнегативен лик такозвани Јон
^ Симболиката на Пирејот е македонскиот народ. Пиреј е трева во вистинска смисла на зборот што колку сакаш куби ја и уништувај ја пак ќе изникне. Епитетот Пиреј на крај го добива последното дете на Велика,Роден, затоа што тој за мајката е поттик да живее понатаму,тој е нејзин пиреј,а со тоа и пиреј на мајката Македонија. На кратко сака да каже дека македонскиот народ опстојувал и ќе опстојува,независно од Јон и неговата нечовечност,независно од Велика и нејзината пожртвуваност, независно од сите неправдини што му се случиле на народот.
Преубаво утро,ми се јави другарка ми и ми се извини,затоа што деновиве ме навредила,иако јас ништо не и спомнав,знаела дека несвесно ме повредила и навредила,добро 7 години дружење,не се прекинува поради една мала расправија. Се договоривме да излеземе со велосипеди и да возиме,она ја предложи идеата,во секој случај одлична идеа. Земавме велосипедите и како будали низ населба 2 часа возевме,сега сите можни мускули на телово ме болат,небитно,сепак преубав ден поминат,со супер личност,смеење,зборување. Ја обожавам недела,надвор може да се каже дека улиците се празни,мирно е,се слуша од понекаде некоја правосмукалка или течење на вода,нели струјата е ефтина па користи дур можеш,од некаде доаѓа пријатен или непријатен мирис на некој ручек. Ајде на кратко,супер ден,се расположив максимално,ајде идам да фрлам еден туш,се препотив возејќи,сепак вредеше.
Мојата правосмукалка толку многу `брчи`, што додека мајка ми чисти се осеќам како да сум во борбен авион
Јас сум можеби најголемата сонувалка на фемина и подалеку.Имам бујна фантазија за иднината.И секогаш си велам дека тоа и нема да биде само детска фантазија туку тоа навистина ке биде мојата иднина.Сите ми велат „Нема да можеш“,„Невозможно е“,„Нема да успееш“,но не,јас сум решена дека ке успеам.Велат „само глувиот може да успее во нешто“,ама јас со добар слсух ке си успеам.И покрај тоа што се многу планови,многу цели јас знам дека ке успеам.Колку и да не зависи се од мене,ке се трудам,ке одам со полна пареа само за да си ги извршам целите и да си го добијам она за што цел живот ке се трудам.И на крај,пред смртта да ме земе,ке можам да кажам „Ништо не беше за џабе“. Moodecisively
Јас разбирам,во врска веќе неколку години,очекуваат заедничка иднина,работат ,очекуваат понуда за брак од дечкото и т.н. се јас тоа разбирам ама да го НАПНЕТЕ дечкото на фејсбук аман заман побарај ме епа не разбирам.Многу безвезе и очајно изгледа сето тоа подбуцнување со коментари и слики секојдневно,па и да сака човекот ќе му се одмили. Како не разберете дека има некои работи кои се приватни не е се за на фејсбук бре луѓе,како матична книга го користите бог да чува,еден поглед на тајмлајн и цел живот ви го знаат и кој треба и кој не треба. Друга работа ај што ми беше одвратно сликање на деца не постари од една годинка со цигара и флаша пиво,мажиште на тато,ама она шлапањето во уста со децата и поставување на интернет ми е толку одбивно,што немам зборови да ви опишам Не изгледа убаво ама ич,напротив изгледа забегано на некој чуден начин.И последно,абе како им се ставаат слики од голи деца,кога педофилијата е на толку високо ниво што треба коса да ти се крене,ама не private е албумот заборавив.
Доста ве замарав со моите песимистички мислења овде, време е да станат малце повесели ( до времево ќе да е) Чудна работа јас да станам рано во недела ама ете и тоа се случи и така си се фативме за работа со мајка ми и убав ручек направивме Сега да немав за учење ќе земев кафе и некоја добра книга и право во двор, уживање малце на топлово време... ама ај ќе го оставам тоа уживање за други денови, а сега за сега ќе се замарам со досадниве и големи скрипти Како и секогаш, во текот на денот мора нешто (поточно некој) да ми го наруши доброто расположение, ама секој ден се повеќе се обидувам да не им придавам голема важност на работите кои ме нервираат, туку да се посветам на оние кои ме прават среќна. Имајте убав ден, не се замарајте за личности кои не се замараат за вас и не дозволувајте тие истите да ви го расипат доброто расположение
Убав ден + насмевки + прегратки + среќни лица + сонце + јадење подготвено од мамичка + пораки од љубениот + прошетка + позитивни мисли = НЕДЕЛА ...по убаво здравје