Добро утро. Утре е денот кога после толку време, после скоро месец ке го видам моето либе. Пресреќна сум. Денов нека ви биде исполнет со среќа и радост. Имајте убав виќенд.
Денес да можев и душата би ја дала само да не го гледав таков брат ми, посакав јас да сум на негово место, јас да ја преживувам болката на место тој.. За жал не го можев тоа, нај малку што можев е да бидам постојано до него, и бев. Го држев цвртсо за рака, му ја бришев потта од челото и ниту за миг не го пуштив се додека докторот не ја заврши операцијата. За среќа не беше ништо страшно, за некој ден ќе биде се како порано. Го сакам, тој е мојата душа, спремна сум за него и живот да дадам ако треба.. Еден брат имам, морам да го чувам.
Денес професорката ни даде неколку теми за писмената работа која ќе ја имаме наредната недела. Едната навистина ме замисли, и додека размислував за неа одлетав на некој друг свет, иако самата тема е за реалноста. Сите го гледаме светот различно. Некои можат да си ја дозволат секоја луксузност, па околу нив цвета пола од пари и радости. Други постојано се жалат колку финансиите им се слаби, кажуваат дека немаат доверба во никому. Трети пречесто сонуваат за тоа каков би бил светот околу нив доколку некои нешта се поразлични, па не се толку често во реалноста. Зошто го правиме светот во една боја? Зошто постојано розево или црно? Нема ли други бои? Ги има, па дури и премногу. Животот е виножито. Секој час е обоен во различна боја, па дури и нијанса. Некогаш сме среќни, заљубени, светот ни изгледа розев, преубав. Некогаш пак, се чувствуваме осамено, исцрпено, исплашено. Не можеме да ја одржуваме среќата во животот. Таа доаѓа, а по некое време си оди. Секако, доколку ние дозволиме да замине. Па, која е мојата реалност тогаш? Дали мојот живот го гледам како ливада со цвеќиња, или како темна соба која што ми ја испразнува душата? Ниту едно. Среќна сум што ги имам другарките кои ги имам. Среќна сум што сум успеала да преживеам низ сешто. Среќна сум затоа што можам да слушам музика. Среќна сум затоа што можам да ги видам убавините во овој свет. Од друга страна, ме депресира злобата и љубомората на луѓето. Но, тоа одсекогаш постои. И ќе постои засекогаш. Не може еден човек да го смени целиот свет, зар не? Особено не едно девојче. Тоа е реалноста. Тоа е светот. Борба за успешен живот. Борба за љубов. Сите поминуваме низ истото. Некој пати повеќе, некој помалку. Некој ужива повеќе, некој помалку. Но, се` е до тоа како гледаме на работите. Ако се трудиме да ја видиме позитивноста, ќе успееме. Ако не, цел живот ќе живееме во темнина.
По синоќешните глупости, ме фати главата и не можев да заспијам. Но по утринското будење со сонце и магла, сфатив дека не е вредно да се нервираш за глупости. Има и полоши работи од патетика и од психолшки комплекси. Што и да е, ќе помине битно ме огреа сонце.
Отсекогаш ми било мило кога некој ќе успее во нешто. Секогаш сум се радувала на туѓата среќа и сум била горда на другите што успеале. Но само кога заслужиле. Пример денес, на тестот физика. Ни беше прв тест во годината со нов наставник. Тој не е строг воопшто, одеше од ученик на ученик и по нешто им кажуваше. Им прегледуваше, и ако не им е точно, им го поправаше. И овие видоа не видоа, испрепишаа од секаде, зборуваа на цел глас, а тој ништо. И над мене дојде, ама за разлика од другите, не ми кажа ништо бидејќи немаше ни потреба. И на крај што? Сите ќе имаат петки. Да, и јас ќе имам петка. Петка е петка, зар не? А сепак тие не знаеја ни половина од тоа што јас го знаев. Ама ако, оценката е само број. Најважно е тоа што ќе го научиш. Бидејќи ќе ти набутаат оценки, ќе ти фрлат диплома в раце и сега барај работа. Еден ден сите ќе ја сфатат поедната, но за жал предоцна. А, јас немам за што да се грижам дали некој заслужил оценка или не. На крај, што е мое ќе си дојде. И нивното ќе си дојде. Па тогаш нека дојде да ти помогне наставникот што ти ги кажал прашањата. Ќе добијат петка, а ништо не знаат. И што сега? Ќе им ја пишат во свидетелство. Ќе отидат на факултет и ќе дипломираат со врски. На крај, ни свидетелство, ни петките во него, ни диплома не значат ништо, туку само она што го имаат во главата, а тоа веројатно го немаат.
^ :up: Вакви ситуации уште во основно имаше, и тоа премногу, а како што гледам и сега продолжуваат. Незаслужени петки се редат. Со кажувања, препишувања, уште што не. Ама потоа, кога ќе зборуваш со некого, нема да види што оценки си имал, туку тоа што го знаеш.
И така... денес за овој 29ти роденден, го добив најубавиот подарок. Изминатата година Бог ми го даде него, моето мало парче душа, најголемиот подарок. А тие, мојата голема и мојата малечка половина љубов, денес со песна за среќен роденден на мама и го обоија овој темен и тмурен ден во најубав, најтопол, најсветол... Што друго човек може да посака, освен љубов. Ништо друго не исполнува како таа, особено кога е дадена од сесрце . Спојлер Па како што е ред, мало честење. Мрсната тортичка е во подготовка, ама затоа има и посничка. Повелете ...
Кога пред 3 недели дојде дечко ми (читај вереникот) да ја гледа кучичката ми кажа: ми се допаѓа има тоа што сакаме и бараме но има една маана,постара е но зачувана,мебелот внатре е постар но е во состоја да се користи,подот е со стар патос а врз него има послано теписон. Јас затоа што верувам во него кажав дека оставам тој да одлучи дали дали ќе ја изнајми или не. Одлучи да ја земе и покрај тоа што имаше многу за работа во неа.Варосување,фрлање ѓубриња од неа,чистење...За крај и генералка пред влесувањето До пред 2 дена незнаев како изгледа и каде се наоѓа а сега веќе сум во неа Вчера со љубави мој не застанавме повеќе од 8часа.Средување,бришење,чистење на секое ќошенце и секое делче.Знам да бидам нервозна во такви ситуации каде што работа има еден куп а некој да не ја разбира сериозно таквата работа.Кога се работи се работи тоа е закон кај мене А тој само за да не ме изнервира цело време вели:остави љубов јас ќе го кренам тоа,чекај маче јас ќе го наместам онаа,добро е оваа вака,што друго треба да пребришам абе срцка не дека е мој ама за се го бива бе . И да ви кажам не ни забележувам дека мебелот е постар или што има на подот вистина секој сака луксуз и да ужива на убаво но јас сум презадоволна. Мама вели:ако е старо да е чисто е поважно и во право е Уште од врата мириса на чисто на убаво,иако надвор е есен мене внатре ми е пролет мирисот на чисто прави да се осеќам среќна и исполнета. Средивме онака како што ние сакаме во секое делче додадовме по некој детал кој што прави да изгледа преубаво.(сеа уште да се одлучам кога ќе се селам и се ќе биде како што треба ) А тоа што имаме и мало дворче уште толку ме радува,полн е со есенски цвеќиња И сакав да ви кажам дека не е важно каде сте туку важно е со кого сте
Америка Америка, земја велика. Дојде време да ја види и Озбилнава Држава, град, острово, „Велика јабука“ земја чуда и помало луда. Граду кој не спиеш чекај ме :geek: Порано или покасно овој мојов вели сега било пишано Боље икад него никад. Води ме што пре, јер ја не знам да кажем не Да не беа родниниве патот не ме водеше, но некој се сетил и на мене. Одлуката дефинитивно донесена, Озбилна за некој ден оди за Америка. Ве сите активни членови на форумов. Останете така паметни, мили и фини Спојлер
Ова ми беше еден ужасен ден И така си збирав тежина цел ден, и сега еве ми тежи и не можам да спијам Си се чудам понекогаш колку мали работи можат да ме турнат во некоја бездна и едвај излегувам после. Не го сакам овој период, секогаш ме фаќаат депресии
Го сакам звукот на шуштењето на дрвјата. Го сакам сонцето кое почнува да штипи. Го сакам мирисот кој го носи есента колку и да почнува да студи. Ги сакам моментите кога се полека се прибира за зима,а на пролет се буди. Нивната живост. Ги сакам моментите кога ги изненадувам луѓето кои ми се блиски. Се што барам е само душевен мир.
Точно 26 години поминале од тогаш. 26 години од кога тато и чиче останале без татко, баба без сопруг. Ја знам таа приказна на памет, ја имам слушнато околу 100 пати и уште толку да ми ја раскаже баба ми, пак нема да ми биде досадно. Со задоволство слушам кога таа ми раскажува колку добар човек бил дедо ми, колку бил чесен, добар и колку бил ценет од сите, како неговото име е ценето и како многу се грижел за баба и не дозволувал да се заморува со ништо и никогаш не испушта да ми каже дека таков човек еднаш се раѓа. Ми раскажа дека многу ги сакал тато и чиче, ама и многу сакал да има девојчиња. Потоа многу млад се разболел и починал. Баба останала вдовица, а тато и чиче на 14 и 15 години останале без татко. Го знам и делот дека потоа следеле тешки денови, да не кажам, следел пекол. Денес бевме на гробишта. Дедо ми никогаш го немам запознаено, неговиот лик го знам од фотографии, а сепак чувствувам како да го знам... * Точно 42 години поминале откако се родила најголемата легенда. Тој ми помогна да го најдам својот правец во музиката. Да не е тој хип-хоп културата најверојатно би пропаднала. Кога се околу мене е срање, само неговата музика ме расположува. Таков текст умее да напише само тој, таков ритам умее да создаде само тој, Еминем, Маршал или Слим, наречете го како сакате. Посакувам неговото име и неговиот глас никогаш да не згаснат. Еднаш се раѓа таков човек. * Денес денот ми помина баш нервозно. Кога беше крај на Септември, случајно дознав за еден конкурс, за необјавени романи и решив оваа шанса да не ја испуштам. Не спиев како што треба многу ноќи, ама успеав ја напишав и ја усовршив мојата книга. Многу успешна жена, поет, автор и моја поранешна наставничка кога ја прочита книгата ми подаде рака и ми честита, а професорката ми изнакажа многу пофални зборови. Денес, ги ставив мојот роман и мојата биографија во едно големо плико и ги пратив на конкурсот. Наградените книги се издаваат. Сега ми останува само да се молам и да чекам резултати до крајот на оваа година.
Добровече! Луѓето не секогаш зјапаат во вас пошто сте им убави. Некогаш зјапаат и зашто можеби кошулата ви се истуткала под џемпер и шетате со трета цицка. Додуша, некогаш се и само прости, ама не овојпат. Нешто што ме вади од такт, е кога ќе прочитам како некому му пишале СР или HBD. Мислим, не сте требале толку да се трошите на зборови, стварно. Ако сте се наканиле да честитате, честитајте бре ко што треба, не ко некој со нож под грло да ве натерал ради реда. Трето: Име Презиме Photography низ пола слика, не ве прави професионален фотограф, аман.
Ако се водам според мислата домот не е место, домот е чуство, тогаш јас никаде не припаѓам. Три години сум оставена скоро сама на себе. Сама плачам пред факултет, во соба, пред министерство. Сама се борам за себе, сама барам начини и сама се трудам да си ги решам тешкотиите. Верувајте не е воопшто лесно. Нема на кого да ја кажеш болката па ја собираш во себе, кнедла потешка од грутка голташ и велиш ајде само ти биди среќен, јас сум силна ќе изржам. А не сум. Немам сила да го преболам ова, немам сила да живеам низ овој пекол. Милион прашања низ глава ми се вртат, како ќе кажам дома, како ќе им кажам на останатите, како ќе објаснам наоколу што се случило. Толку сум преокупирана со тоа, што другарка ме потсети и ми рече: а како ќе го поминеш сето тоа, како сама на себе ќе си објасниш што се случува?! Јас одамна си имам објаснето и се имам помирено со тоа. Знаев дека ќе дојде до ова, ама не знаев кога. Не не сум не потготвена, не сум слаба, стојам силно на нозе. Нормално со помош на психолог и со помош на еден куп апчиња. И да, ако не се прашував како ќе им биде на другите и ако имав барем уште малку сила во мене уште одамна ќе имав ставено крај на патетиката моја. Има една убава зграда тука и висока е... Таман Ама кукавица сум... Ех само да можев, колку ќе беше поубаво.
На човек само кажи му една убава вест што ти се случила и ќе го снема од твојот живот на подолго време, можеби и засекогаш. Изгледа сум срекничка со ваквите "мои пријатели" . Барем ми се отворат очите на време, подобро некогаш отколку никогаш .
Не знам како се чувствувам. Тажна или среќна. Смирена или нервозна. Што да правам? Време за одмор имам само петок навечер, а ми е потребно многу повеќе од ова. Ех, да можев да го запрам времето.
Направив голема промена кај себе. Ми требаше некоја промена. Конечно за првпат ја офарбав косата. За се има првпат. И фарбата ми се погоди. Пресреќна сум.