Денеска ме искараа дома многу оти ко ќе одам да пазарам не гледам цена и земам многу скапо. Ми рекоа ако се ожениш на жена ти парите да и даваш таа да пазари или со надзор.
Не си само ти, скоро сите мажи сте такви И мојот е таков, влегува и купува тоа шо ќе го фати прво, да го прашаш за цена незнае.
Вака кога ве читам јас машка жена сум Кај нас јас така не гледам на цени,маж ми ги знае сите цени по маркетите
Најмалку 100 семејства не дочекале ни крај на школската година за да се иселат. Толку им се брзало да ја напуштат оваа "убавина".
Имаш апсолутно право да кажеш некому дека просто размислува. Без грижа на совест. Без кусур. Примера ради: Ама детето ко ќе порасне, ќе јаде чоколадо, 9 месеци има веќе, дај му. Ама зошто царски, нели знаеш дека тоа е операција, сечење, ќе не можеш да се грижиш за бебето? Ама стај му лимон во водата, му треба вит. Ц. Две недели има бебето? Дај му компот од праски, водата со 8 лажици шеќер е многу здрава. Ама како така 9 месеци бебе, не ја носи играчката ко ќе му речеш дај ми го слонот? Може зошто уште не знае ни слонот дека е слон, пример. Немој случајно да си разбудила бебе, нека спие 3 саати дневна дремка. Цело јајце тутни му, ќе воведуваш жолчка по месец дена. Ја цело му дадов, и белка и жолчка одеднаш, нишо не му е. Ти медицина учеше? Ако шо, ја неам школо ама пак подобро можам да се грижам за децата, ти шо дека школо си учела. И лупа ама таа вакцина шестовалентна е, 6 пати треба да ја прима. До бескрај можам вака. За жал. И сосем легитимен одговор е прост си. Без лутиш. Без шеќер. Остро. Пошто поинаку не учите да не се мешате у штипки.
Не знам дали имаш приметено дека скоро секоја втора купена блуза мириса ужасно ако ептен малку се испотиш. Дефинитивно не е ист квалитетот на блуза купена од пред години и сега.
Не сум многу активна на форумов со пишување, повеќе само пасивно следам и читам ама не ми е јасна потребата на машките членови што дремат овде и оставаш мислење, ете ги во порака, со која цел? Три пораки од едно најобично мислење, да не може на мира да се пуштиш на женски форум
Никој не станал богат работејќи од 9-5.. Океј, можеби само еден во држава, тој што ја ограби НЛБ и не кажа каде се парите, ама тоа е друг случај.. Мислам дека треба оваа година и од затвор да искочи.. ЕДИТ: Сега видов, двајца веќе ги имаат одлежано казните, уште на едниот му останува една година..
Која логика е во продавница за облека да ми кажат производот го имаме само онлине достапно... Добро, реков може ли некако да се повлече за да го пробам? Ми рекоа, не, доколку сакате порачајте го, па после вратете го, свашта значи, треба да платиш производ и карго, па ако не ти одговара пак да плаќаш карго и да го враќаш, а што е најтргичното секој ден поминувам низ ист гејт, која логика е ова?
Затоа се проверуваат материјалите. Јас не купувам ако пишува полиестер. Ако е мал процентот може и ќе се прелажам ама голем никако.