Свашта хаха па ќе стават нешто друго на куклата, не ми се верува значи... Мене за онлине ми рекоа нема шанси да се повлече производот, сакав да прашам на марс да не им е, може оттаму ги праќаат, а што е најтргичното од нас зимаат пари, немам коментар
Не можам да ги разберам тие што по секоја цена мораат да бидат плави , ако ти е изгорена косата како метла испокината ама битно плавуша , прелошо изгледа.
Манекенка си, еее кој не те знаеее и не те видел Се надевам не ти напраив проблем сеа вака И како сте сеа, ти и малата, поарни? *** Сдк, нетрпеливоста ќе ме умре Ау вака колку ли е тешко во исчекување да си.. Само се да е во ред
Јас имам нешто за да се искажам. Седевме во една кафеана машки женски и случајно нешто паднавме на муабет за пиење. Јас ретко пијам алкохол само во специјални прилики, исто не пушам ниту цигари,ниту имам пробано во животот. Секогаш кога идеме во кафеана ајде да не двојам од друѓите знам да испијам едно пиво, и тоа ретко го испијам целото, секогаш речиси ми останува. Едноставно сок ми е поубаво. Порано спортував идев на борење, теретана и не сум никогаш бил по алкохолот! И сега почнаа да ме зезаат:"Ехее каков маж си ти да не пиеш на овоа време хаха хах". И слично.Што значи тоа бре копуци?! Шо разбирате вие ви е неписмените. Да земам да ве затепам сите по ред па јас да се смеам па тогаш да видеме дали ќе ви е смешно. Што знаете вие, појма немате, наместо да речат дечкото е за медаља, не пие не пуше каде таков ке најдеме. Плус јас ги возам! Шо треба да се опијам и после да газам луѓе, деца, старци, да ме стопират и да ме казнуват? Затоа ли? Или што сте вие поарни од мене вие? Смрдете на алкохол, отровете се не знаете шо зборете, одете после повраќате и пиете апчиња утрото главата ве болела.Вие мислете многу сте паметни, гледајте колку се срозани моралните вредности, тоа што е било за пофалба сега му доага како да е за срамота по нивната логика. Идиоти, ништо вие не разбирате, ако ми треба алкохол за да се опуштам или убаво да си поминам тогај ја ке се убијам да сум на ваше место. Не знаете два реда муабет да направете, ситни души, јаки на уста само, вие ќе кажете на некој нешто одете таму скријте се у шпајзо.. шалабајзери
Најтешко нешто од контролирање состојба на дигестивен систем е убедување со тетки зашто неќеш да јадеш манџи, чорби, варени зелки и грав. Дека не си спешал сноуфлејк само неќеш да поминеш пола ден на шоља. Мислам све друго ќе истрпам, ова не.
Друже, на страна твојата посветеност, ама немој да мислиш дека си морално супериорен ако не пиеш. Секако дека е лошо да се одереш од алкохол и да не знаеш кај си секој викенд, ама од друга страна па и ич да не пиеш не чини кога се знае дека алкохолот конзумиран во нормални количини е лек, и има многу бенефити за организмот. Ако не ти годи и нејќеш, не мора да пиеш. Ама вака со плукањево не си поразличен од тие што те силеле да пиеш.
Па чашата спаѓа во тоа "нормални количини". Виното на пример во такви нормални количини е еликсир за здравјето. Намалува срцеви заболувања, мозочни удари, појава на дијабетес...
Повели за црвеното вино од официјален медицински извор дека е здраво, па дури и препорачливо до 1 чаша дневно за жени и 2 чаши за мажи да се пие. https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/heart-disease/in-depth/red-wine/art-20048281#text=Red wine, in limited amounts,attacks aren't well understood. Повели и за бенефитите од пиење пиво во ограничена количина. https://www.medicalnewstoday.com/ar...tain health,usually malted barley, with yeast.
А зошто да не чини да не пиеш? Неам против да се пие умерено, али да немаат против и кон вакви ко нас кои не пиеме.
Тука читам за антиоксиданси. Антиоксиданси внесуваш без алкохол. Никаде не видов како ЕТАНОЛОТ влијае позитивно. Значи штетното во алкохолот не е грозјето и сливата. Етанолот е. Иначе работата ми е истражувачка и среќа на еден извор не се потпирам никогаш.