Па не е виното само Етанол. 11-12% алкохол имаш во него. И ако го пиеш во нормални количини кои се медицински препорачани, не ти штети, туку ти користи. Така ако делиш што е штетно, а што е добро во храната, ќе треба да исфрлиш пола од менито, оти скоро секоја храна во себе содржи нешто штетно, посебно преработена храна, која се конзумира секој ден. Сокот на пример што го пие членот е по штетен по него отколку 1 чаша вино. Поентата е да не се оди во екстреми, и дека секоја екстрема е штетна сама по себе. Треба да се цели кон умереност за да се постигне бенефитот од природата.
Ај пак. Ако нешто нема етанол, не е алкохол, сок е. Затоа е АЛКОХОЛ. У случајов алкохолен пијалак што се конзумира е пијалак што содржи етанол. Ако речеш дека алкохолот е корисен, значи етанолот е, не антиоксидансите, не витамините и квасците, зашто истиве ги внесуваме преку друга храна. И да, све е штетно ама доволно е никој да не ми продава небулози за нешто преоигледно. Оти тогаш бремени жени не смеат ни капка ако има витамини, антиоксиданси? Нели све тоа е корисно за плодот? Или етанолот расипува работа?
Ај пак. Чист етанол не се пие, ќе те убие. Под алкохол не се подразбира 100% етанолен раствор. Ама ако ти е полесно да си играш со зборови за да докажеш некоја поента, океј. На крај, повторно, медицински е докажано дека алкохолните пијалоци како вино, пиво, не само што не се штетни во нормална доза, туку се и здрави за организмот. И се препорачуваат да се конзумираат. Се останато е излишно.
Пак ќе прашам, што е виното покорисно од овошје и друга храна која ги има истите антиоксиданси и витамини? И оти ми се ебе џигерот од вино ама не и од грозје и сливи? Секој доктор што препорачува пиење алкохол за здравје, не го сакам во близина. Медицински докажано не треба никогаш да го сфаќаш буквално.
Јас сум си добар за мене таков каков што сум. Нити реков дека сум подобар нити полош од некој друг! Јас ке ги плукам слободно тие што ме зафркават затоа што не пијам повеке од едно пиво, тие сами со себе треба прво да расчистат некои работи, не се тинејџери па да им опростам на таа карта младост лудост ае да речеме пивнале повеке. А шо да пијам и да возам подобро е нели? Они не знаат дека можам на сред пат да ги оставам, па кажаа еднаш не мора сто пати тај муабет! И сеа ја морам да притрајам да се насмеам на моја сметка за мир у кука. Еее нема така повеќе, А они ако сакат у казани со вино и ракија нека спијат
Манчмало учела биохемија, Били Ајдол не учел и не знае да толкува истражувања. А се толкува со прашања, дополнителни извори, поврзување со факти и тако даље. Не читање две реченици од еден линк. Ко антиваксерине што прават. Ај убава вечер.
Што протолкува жити се. Каде ти се изворите што ги поврза што ја порекнуваат статијата од Mayo Clinic? И јас можам да тврдам овде нешто врз база на моето образование, а доказ да не ставам нигде. Тоа не ме прави релевантен, ниту пак над научници во мојата сфера. Не се глорифицирам на ниво да се споредувам и да побивам научни трудови. Првичната дебата беше: Дали е виното здраво во нормални количини? Имаш извор дека е.
Дебатата е исто така зошто етанолот го нема никаде како корисен кога тука се убедуваме дека е здраво да се пие алкохол. Зашто истиве работи ќе ги внесам без да го ебам џигерот. Како да кажеш здрав е воздухот надвор оти има кислород. Тоа што има и пм и триста отрови, мање битно. Кислород секако има. Или загадена вода е здрава зашто без вода не се живее. Може колера ќе фатиш ама битно вода пиеш. Пијте алкохол за срце, боже сачувај да потрчате, бицепсот и газот ќе ви го снема.
Дали ќе го ебеш џигерот од таа количина на етанол? Затоа, повторно, клучниот збор е во "нормална количина" имаш бенифити од алкохолните пијалоци. Така е со се што конзумираме, па и со воздухот. Тоа што надвор има пм честички, не значи дека не треба да дишеш. Еве, повторно ќе те повикам, најди извор релевантен кој ја побива Mayo Clinic. Немаш? Секако дека не. Тука и ќе ја завршиме дебатата. На здравје.
Јас ќе го ебам да. Сум го ебала до сега. Мајо клиник вика дека антиоксидансите во виното се здрави. Она што ти не го сфаќаш е дека тоа не го прави АЛКОХОЛОТ корисен. Антиоксиданси има во овошјето како состојка на виното, не во алкохолот. А за пиење алкохол прајме муабет, не јадење круши.
Жал ми е човек. Како био-хемичар требало на време да се придржуваш до здрави навики и нормална конзумација.
Така и продолжи. Нема полошо од маж пијаничиште. Нека си летат нека се прст паметни нека локат, ке видиме кај ке завршат.
Тотално погрешно инфо , има најнови истражувања дека алхохолот е докажан канцероген па дури и во мали количини. Постојано го следам тоа а тоа пиење алхохол малку дека е здраво тоа е дефинитивно мит и апсолутно не е точно.
За умереното конзумирање на алкохол и придонесот кон здравјето,с е сеќавам дека спорев со еден колега... И потоа ја следев „дебатата“ од 2016. За жал не оди тоа баш така. Новите, од пред неколку години препораки. одат во насока дека НИЕДНО КОЛИЧЕСТВО НА АЛКОХОЛ не оди во прилог на здравјето. НЕ, НИТУ ЕДНА ЧАША ВИНО. И јас сакам вино, инаку, пијам една до две чаши. Среќа не пијам често, и секако немам другари што не можам да ги одбијам Што излезе со тие студии... Студиите каде се препорачува извесно умерено конзумирање на алкохол се финансирани од фирми блиски од инструстријата за алкохол.Слично, како што порано индустријата за тутун ги финансирала/ше истражувањето за влијанието на пушењето. Потоа, студиите главно се правени на здрави индивидуи со поголеми приходи, па нема кумулативен ефект за штетното влијание на алкохолот. Во нашата земја, каде луѓето имаат нездрави навики генерално (многу пушачи, малку физичка активност, вишок килограми, лоша исхрана, загаден воздух) може да замислите каков ефект има дури и една чаша вино, а кој останува на една? https://www.theguardian.com/comment...vidence has,blood pressure and heart problems. https://www.pbs.org/newshour/show/n...-small-amounts-can-still-be-harmful-to-health https://newsroom.uw.edu/news-releases/no-safe-level-alcohol-scientific-study-concludes https://www.thelancet.com/journals/lanpub/article/PIIS2468-2667(22)00317-6/fulltext Еве ја и тековната препорака од Светска здравствена организација. https://www.who.int/europe/news-roo...of-alcohol-consumption-is-safe-for-our-health
Драг @Dominodancing ... Секогаш кога има група од истомисленици ќе го „исмеваат“ тој/таа што не е дел од групата и не ги споделува нивните мислења и навики, какви и да се тие, колку и да се негативни за другите и за нив. Не ги сфаќај толку сериозно, или ако толку ти пречи, најди други другари. Се надевам имаш избор. Инаку, не, не ги оправдувам.
Проблемот со ваквите истражувања знаете што е? Не е што се погрешни туку што се, тоа што реков толкуваат погрешно. Или во превод ако има антиоксиданси во овошјето, а тие се здрави, ако истите ги има во виното значи и тоа е здраво, по логика. Ама не е. Исто како антиваксерите - првите симптоми на аутизам се појавуваат на иста возраст кога се прима некоја вакцина, therefore, таа вакцина предизвикува аутизам. Затоа реков, кога читаш истражување поврзуваш, прашуваш, бараш друг извор. Оти correlation does not mean causation. Иначе овошје богато со антиоксиданси ви е калинката, ем нема џигер да сјебете.
Точно е дека ниедна количина алкохол не е здрава. Баш во последните години е побиен митот дека чаша вино, пиво и слично има некои бенефити. Впрочем во изминатите декади постојано се намалува таа ,,безбедна" количина алкохол што ја наведуваат студиите, за на крај да дојдат до тоа дека нема безбедна количина. За жал не многу луѓе знаат за ова бидејќи е релативно ново па можеби и добро е што се отвори темава.
Извини, а каков е тој 100% етанолен раствор, во што е растворен и како може да биде раствор ако е 100%?