Не знам за вас али јас ако мавнам вино чаша-две пред сексуален однос, каде каде подобар ми е. Бел бумбар за луѓето што си пијаат по чашка две вино пиво.
Имам другарка што еднаш ме убедуваше дека 3 чаши вино на ден се добри за здравјето, и јас одлучив тој совет да го послушам, па не ми е гајле што сте испишале друго Помина денов и ме прегази. Сега ми фали кафе ама е 9 вечер и за првпат во живот побарав безкофеинско кафе. Нормално немаше. Не почнувајте тема дали кафе е добро за здравје, ќе се расплачам.
Очигледно не сте ја пробале диетата на Миа со 400мл вино/ден. Ем пијан, ем здрав - полн со антиоксиданси, ем шланг…
Јас сум свесна дека алкохол е штетен и нема некои особени придобивки. Еве и пола година сум sober. Ама сакам бе ко шо си праевме еднаш месечно со другарките спа ден со чашка- две вино и мешани сирења и маски за лице. Ми недостига. Кромид похован без кригла пиво? Г р е в. И да безалкохолен коктел пиев и е доста вкусен сок, ама радо еден алкохолен ќе испијам. I'm just a girl. Поточно I'm just a боем, или кој е новиот модерен збор за пијаница. Ама, многу е клучно да нема притисок за пиење. Во друштво имаме луѓе шо никогаш не пиеле или откажале и то ни е нормално и е прифатено и зато има уба атмосфера и идат и луѓе шо не пијат дури и на вечер чија цел била пиење. Дефинитивно интересна тема зошто кој пие обично смета дека е здраво во мали количини. Сум пиела и секогаш сум била свесна дека не е здраво. Да, ако ми е досадно би се лајнарела и го имам то праено. Ама не го прај то вистина. It's a delusion.
Нема ништо корисно во „rat soup“ што може да те пржи внатрешно ако претеруваш. А и што ќе ти го виното кога придобивките од овошјето можеш да ги добиеш без мешање со алкохол... @Dominodancing Залепи им дека не сакаш да бидеш следниот Васил или Јордан. Па и смени ги тие со подобри пријатели.
Не знам колку ти се блиски луѓево и до каде отишле зафрканвциите ама јас искрено од ова не гледам причина за толку многу револт за толку навреди, плукање и спомнување дури и на физичка пресметка "да земам да ве затепам сите по ред" . Во секое друштво има зафрканции и се додека не надминуваат некои граници е ок, ако ти се другари можеш да ја прифатиш шалата и да возвратиш на некој сличен начин. Ама штом волку те изреволтирале очигледно не ти одговараат како друштво така да може не треба да се дружиш со овие луѓе. Секако си во години кога си донекаде изграден како личност, немаш 15-16г да те испровоцираат вакви закачки па да почнеш да пиеш за да се "докажуваш" во друштво. Настрана муабетот дали и колку е штетен алкохолот.
Абе што разбират тие за Васил или некој таков не ги занима нив тоа, ама друг пат не возам јас ниту се возам со такви алкоси, нека се тресат они дали ке ги сопираат некаде и да ги казнуваат. На мене ми е добро и сам,ехее летно време колку пати во пабот ако немам со кој на шанкот си седнам сам и си пијам сок и налита некој секогаш за лабав муабет таа вечер,али некогаш мора да се вмеша со народ човек. Во кафеана а завршам со вечерата ја сум спремен за кренување, шо ке седам ја таму 100 години ке чекам келнерот да ме пади да рече затвараме, нема потреба.
Oh darlings никој на светов нема да ме убеди дека пиење чаша кафе секој ден е штетно, исто така и за чаша вино. Кафе пијам секој ден, алкохол не. Многу ретко пијам сама, бидејќи поубаво ми е во друштво, но тоа не се случува секој викенд. Така што, можам дури да речам и дека ретко пијам алкохол, во специјални прилики, немам таква навика во обичното секојдневие. А би пиела една чаша црвено вино денот. Е сега, воопшто не е ок да инсистираш некој да пие ако не пие или конкретно тогаш не му се пие и да го исмеваш. Бидејќи ако се напие ради атер ќе е "е шо само една чаша кај било кај не било". И често ваквите луѓе се оние кои се налеваат со алкохол без исаф. Сум била во вакви ситуации порано. Пролетва иди свадба на бести од детство, и сигурно нема да мислам колку е штетен алкохолот. Нема секако да пијам дури не знам кај сум и да повраќам после, ама малку ќе си се опуштам, бидејќи некогаш едноставно си среќен и мерак ти е, сакаш да си рилекс и да уживаш во моментот (не дека без алкохол не се ужива де, туку некои одбираат така да уживаат). Баланс.
Јас не држам лутина ради духовно здравје, али така е, тоа јас го сваќам како да е некој мој недостаток што не пијам по нивните заебанции, уствари што не се опивам, јас не им реков на нив дека ке ги тепам туку така си мислев во себе, или сега јас како по да речеме силен физички од нив да земам секогаш да се понашам силеџиски или секогаш јас да сум во право и да мораат да се сложуват со мене,дури и да не мислат така како јас. Не. Ако можам да ги подучам или заштитам некако, нормално дека ќе се вклучам без размисливање.Работата е едноставна :Ти пиј што сакаш колку сакаш јас ке пијам колку сакам што сакам и толку. А јас да почнам да пијам поради такви што коментираат или треба да полудеам или куќата да се обрне наопаку.П.С тоа го пишав кога ме држеше лутината сеа ми помина хаха
Мислам дека не се зборува доволно за глобалниот феномен кај што луѓе се снимаат во многу интимни моменти со цел да ги постираат видеата заедно со трендинг песни и да добијат прегледи. Многу е морбидно кога ќе сфатиш дека на некој му бил дијагностициран рак или му било кажано дека му починало дете и рекол а стоп, дај прво да извадам телефонов да се снимам како плачам. Дури не мора ни да се лоши работи, истото го мислам и за видеа кај што луѓето само лежат, се гушкаат и се бакнуваат и тоа изгледa преслатко, сѐ додека не сфатиш дека некој наместил соба, наместил телефон од совршен агол, изглумил поза за пред камера и после 10 секунди отишол да го земе телефонот и продолжил со едитирање на видеото. Апсолутно сум за да се покажуваат спонтани и реални моменти без цензура, ама веќе не се ни работи за тоа, туку тикток и рилс до некаде го уништија нормалото чувствување на чувствата и развија една потреба да правиме перформанс од нашите животи каде што некој постојано нѐ перцепира.
Никогаш нема да ми биде јасно зошто непушење и непиење се смета за некој висок човечки квалитет. Океј, убаво е тоа за тебе лично, ама it’s not that deep. Можеш и капка алкохол да не ставиш во уста а да си најголем гад на пример. Не се алкохолот и цигарата мерило за добар и сталожен карактер.
Да си бидиме искрени лоши и луксузни пороци се. Не за џабе рекле од коцкар, дрогираш, пијандура и курвар бегааај.
Јас не зборам за некој што страда од пороци, тоа е екстремизам веќе. И јас сум непушач, ама не се сметам за супер човече само затоа не ставам цигара во уста. Тоа е збир од повеќе работи.
Браво Енџи за ова Едно од најдобрите твои мислења до сега, сериозно. Јас ова воопшто не можам ни да го укапирам, ни сфатам, како вака, и во што се претворија луѓето..
Ѓорѓи Колозов у приказната викаше штом Гоце се е ватил пријател со чашката(алкохолот) не бива од него човек веќе (сложувам се инаку со се што си напишал)
Леле, ко рече ова одма ми текна на една мајка влогер шо снимаше детето како плачи кога им умре кучето. Ама заборај да ги едитира инстукциите за шо треба да речи. Мислам "" дека има инструкции под број 1) и под број 2) строго сум против семејни влог канали и снимање деца.