Не е срамно да не пиеш, срамно е да се скратиш некогаш од мерак. Едно пиво или вино после напорен ден не штети. Некогаш е и потребно. Значи тоа да не е секојдневно конзумирање, него онака мерачки во тишина. Здраво е за анксиозноста. Ако гледате во детали, сè е штетно. Па и ,,здравата" храна не е толку здрава. Јаболко еве, не е исто од продавница кога ќе се купи и директно да се скине од дрво. Некогаш многу се надмудрувате, а не сте секогаш во право. Ни едните, ни другите.
Неверојатно е колку луѓе се тригернаа на темава. Од една страна мислам дека не е толку длабоко, ама од друга...може е. Да почнеме со ред. Факт 1: Дефинитивно постојат многу луѓе кои ќе притискаат други да пијат алкохол, зошто "така е редот", "треба да наздравиме", "шо друго се прави у кафана", "додај по желба". Факт 2: Јас сум една од тие луѓе. Иако не до тој степен, ама факт е дека знам да кажам ајде да се напиеме нешто. Факт 3: Можам пак да видам и да признаам дека јас не сум во право. Објективно е погрешно да притискаш некој да прави нешто што не сака. Реално, знаејќи го ова, многу поголем убиец на расположение е овој факт, отколку некој ако не сака да се напие да наздравиме. Се уште преферирам некој да пие со мене, пошто сум социјален пијач, ама сфаќам дека е мој проблем тоа. Факт 4: Алкохолот и кафето никако не се добри по здравјето. Може во мали количини да не се многу штетни...всушност после книгата за спиење што ја читавме во Non-Fiction book club-от на форумов (shout-out ) дури и во мала количина кафето е штетно. Тоа за физичко здравје. Можеби има место за дебата колку се добри за моето ментално здравје. Факт 5: Алкохолизам на страна, никој не е морално супериорен или инфериорен ако пие или не пие. Не го менува моралниот компас на личноста, се додека не премине во осудување или вршење притисок од било која страна. Ама пак, тоа е проблем со карактерот на личноста, не во пиењето или непиењето само по себе. Факт 6: Уморна сум и гладна и искрено заборавив што сакав да докажам, ама мислам имаше уште нешто.
Мене еден ме убедуваше дека алкохол е здраво јер имал ензими за да ни се вари храната. Мање битно што батево не знаеше што се ензими, нешто чул ама не дочул. И тука не продолжив да се убедувам.
Се смеам цело сабајле, сонував класичен мама ајм ин лав уит а криминал сон. Во моја одбрана криминалецот беше млад Бред Пит
Една тема е дали не е здрав алкохолот што треба да е факт и веќе докажано а друго дали сакаш да се опуштиш и да дозволиш нездрав стил на живот. И не само што не е здрав туку премногу потценето е колку не е здрав, али ваљда пошо легален е владее мислење дека не е толку штетен. И за марихуана корисниците мислат дека не е штетна а невролози тврдат дека е, ајде ако не да не им расипуваме атмосфера на комзументиве да лажеме дека е здраво.
Дали една јавна инстутуција ќе има доблест да признае и да се извини за некаква грешка? По многубројни поплаки од студенти дека е укинат попустот од 50% за студенти, кој патем е уреден со меморандум за соработка, НОБ “остро ги демантира” таквите гласини и тврди дека попустот никогаш не се укинал! Срам да им е шо пробуваат да се збогатат на грб на студентите, наместо да се стимулира посета на културно-уметнички настани од ваков тип. Треба и нив еден бојкот да им се лупни, за да се сетат колку е часот.
Не се објаснувај ајде, нема потреба. Гледаш колку се анти алкохолот, џабе ќе пишиш факти. Остави не нас грешниците да си бидиме пијаници комотно, секако од нешто мора да се умри. Живело бело винце, џин тоник и точена бирка.
Многу се нервирам кога треба да излегувам за на доктор каде што анамнезата се зима без потреба од физички преглед! Па гужви, па термини, па у пм. Зошто ваквите барем не се на зум??? Или требало крвна слика? Одма да дава упат да се направи крвна слика со упатот и на прегледот све на едно да завршиш. А не, терминот ти е у 11, ама доцна е сеа за крвна слика, напрај, па дојди пак. Марш у пм. Истото важи и за приватните. Се јавувам да закажам тоа и тоа, ок, алгоритмот вика ви треба кс за ова и ова. Молим лепо се организирам сабајлето пред тоа ја правам, пладнето си одам на преглед. Од модернизирање на се, најскап ресурс ни е времето, не смислија тоа како да го организираат. Се глеа дека се имам изнервирано. Ама толку е просто, најпросто у свет!
Денеска бев до Битола ме врати во стари спомени колку ми е посебен, елегантен и топол градот ( таква енергија ми има, иначе ладно беше сабајле ). Луѓето онака позитивни насмеани, абе милина. Се беше убо се додека навигацијава ме насочи да одам право по конзулат на БГ нагоре и десно, ми се чини ѓупско маало е тоа? Па онде тесни уличките со точак да возиш че запниш.
Денес со колега на работа зборевме дека ќерка му фатила вошки во градинка.. Сега на Инстаграм и на Фејзбук секаде видеа за вошки чистење ми искачаат, а не сум пребарувала, ништо, само на работа спомнавме..
Ај тоа на глас коа зборам за нешто па ми искача реклама али коа ќе помислам на нешто па ми искача е тоа ме плаши howww?!
Пошто секогаш се потпирам на навигација, демек најкратката рута ми ја нуди за возење и ме однесе во калдрма чошиња, угорници.
Не можела повеќе да те заебе навигацијата со полоша рута Па тоа ќошој од куќите не се гледа дали иди возило од спротива...
Баш истово мајка ми скоро го кажа.. и тоа вика све на работа ѝ се дешавало ова, ќе спомнат, и баш вака се појавувало ко што викаш Не ми беше верно, ама може има нешто. Ајде случајно да било, ама не, вика доста пати.
И мене често ми се случува тоа, и се чудам како е можно Ама тие работи и предходно излегувале, само што не сме им придавале никакво значење. Кога сме ги спомнале, или помислиме на нешто, во потсвеста ни е, и го приметуваме. Бар јас такво објаснување имам
Да не шпионираат телефониве? Се зезам, ама чоек на се ќе помисли. Јако било тоа што, баш вака ко Нина кажа, зборат за конкретното, ако им веруваме наводно не гуглале и пребарувале ништо поврзано со тоа, и сепак искача баш тоа..