Исто жими све. Јас бев на работа и телефон не чепнав 3-4часа, не ни беше со мене. Имавме клиенти од Шпанија и ја си мислам у мене, на никој не спомнав дека сакам да учам шпански. Вечерта дома, отворам тик ток и првото видео беше “learn spanish”. Се зачудив, а само помислив значи не ни зборував ахахах
И мене ми е чудно искрено, некогаш дури и mood каков ми е во текот на денот и ми излегуваат такви reels, некогаш ноќите се ептен долги и тажни.
и тоа, а посебно кога ме фаќа носталгија за дома, само ми излегуваат такви видеа и уште толку си плачам
Тука пишувам бидејќи сте поактивни на оваа тема, девојки во недоумица сум, најдов нова работа сега незнам дали прво да тражам уговор или да дадам отказ од старата работа?
Просечен македонец со ограничен понизен ум: - Пишува македонец дека ќе стори добро дело и дека ќе врати дома еден бездомен дедо - на тоа игнор или држење лекции - Го пишува тоа албанец и имаш благослови до 7мо колено Омг...
Колеги што давале отказ ми кажувале дека прво се осигурале дека ќе ги примат на новото работно место, па давале отказ, па додека траел отказниот период, потпишувале договор со новата фирма..
Така ти е најбезбедно, прво да потпишеш договор со новата фирма и да го знаеш датумот кога би почнала на работа таму, ама претходно да знаеш кога би го напуштила старото работно место, колкав отказен рок имаш и кога би те одјавиле тие, за новите да можат да те пријават без прекин.
Ми се восхитувам на врски што траат 20 + години. Имам познаничка, од 18 години е заедно со истиот и имаат две дечиња.. А па, од др страна, нели е монотоно бе да бидеш со еден од 18 години? Не реков секоја година, нов да има...
Не е монотоно. А стравот од врзување е поголем проблем, од монотонијата. Има проблем пред се од остварување на емоционална интимност, на страна физичката интимност. Извини на директноста, ама патологија е на која треба да се работи.
Не можи да е монотоно ако правите цело време работи што ви будат убави чувства. Ако си личност што на некој начин не си вљубена во него туку само симпатии или било што и ти здосадуваат луѓето, терај ама до кога не знам оти еден ден ќе ти залепи во фаца некој дека можеби му смета ако имаш голем број на партнери.
Никогаш нема да сфатам како луѓе што со години биле во врска од кога ќе се венчаат се разведуваат за помалку од година дена.. Што правевте во врска, еднаш во два месеци се гледавте, не знаеш каков карактер има, не ги знаеш неговите, стварно не можам да сфатам како за толку години врска не успевате да сфатите дека некој не е за вас..
И те како можно е, и не за чудење. Веројатно лицето си го покажуваат, веројатно сфаќаш оти заедно не можеш да функционираш и совршено да се разбираш. Сепак постојано заедно си со личноста. Па чим нешто не бива, крајот неизбежен е. Кај може врска и брак исто да е? Во врска можеби можеш да се воздржиш за некои работи, а во брак вајда се опушташ, ептен навлагаш во комфорт зоната, па се на виделина испливува, меѓу другото и лошите особини. А и луѓето сепак знаат да глумат, но некој ден маските ќе паднат.