ние лани не бевме на одмор за да можеме на еден ваков да појдеме. Таму трошоците не се големи, како во мкд се цени на храна, пијалоци, ресторани и маркети. Поскапи се турите екскурзиите но и на тие не мораш да одиш на сите има најразличен избор.
Џабе си постираш слики од тоа колку ти убав животот, колку шеташ низ Европа, коа душата ти е себична и подла. Човек со човек бидува. Баш ми е мило што Господ не оддалечи како другарки. Заборави дека спиеше и јадеше кај мене, ама Тој не заборава. Кога те побарав за една услуга, само ме стаи на seen. Пази се, животот е круг. Имај си ја најубавата среќа, девојче. На 35 сеуште не научи да цениш луѓе.
Ова не е хејтање. Ова се реални луѓе, што постојат на планетава. И ми се деси таква случка еве и кажав шо иам да си кажам. Хејтање е да колнам и да и посакувам да и се деси нешто. Не дај Боже. Секој нека си го протолкува постот како што си сака.
Па, продолжи си со животот. Многу внимание покажуваш на се околу тебе место на самата себе си. Изгледаш со коментарите како да ти пуцаат комплекси.
Исто ти посакувам и тебе, да си продолжиш со животот. И ти излгедаш исто, како да ти пуцаат комплекси.
Може и така . Ќе фрлиме документите тамо, нема да можат да не депортираат. Каде ќе не депортираат кога не знаат кои сме и од кај сме
Сдк, можеби е и unpopular opinion ама Македонија со исклучок на Скопје е многу монотона и неинтересна
Не се согласувам, Скопје ми е загаден брз и опасен животот и воедно многу скап. Ако не работиш две работи за смртник ќе немаш ништо настрана пари, така да немаш време за друго нешто. Помалите градови како Прилеп и Битола ми се убави, а исто таак би го издвоил и Охрид, секоја чест на исклучоци на луѓе али менталитетот таму ми е многу лош, ама како град ми е интересен и убав.
А во другите градови демек поефтино е по маркетите? И во кафани може беше поефтини порано, сега и во помалите градови исто е. Што е толку скапо во Скопје? Во секој град има поефтини и поскапи кафани.
Доколку ми се даде шанса каде да живеам, би сакал во поздрава средина и посигурна од аспект на безбедност, и би сакал само малку повеќе опции за работа во помалите градови. Во Скопје имам живеено и тоа во убава населба Карпош 1, ама не ме привлече, не е тој живот за мене. Сакам повеќе природа, мир, почист воздух итн.
Тоа да, дека е загадено Скопје е, ама па и другите градови се загадени, само за Скопје кажуваат. И јас повеќе би сакала на планина и чист воздух, мразам гужви. @Adidas888 тоа беше порано кај што кафето беше поефтино во помалите градови, сега исто е. Сега и во Скопје да отидеш на Матка или на Козјак во Аурора кафето е поскапо од Центар. Сега и во маалските кафичи кафето е скоро колку на кеј. А шмизлите секаде ги има, и во помалите градови. Или на оние шмизли мислиш на плоштад? Знаеш дека нив одамна не сум ги приметила, да не ги извадиле? Нон стоп поминувам од таму, не сум ги приметила.