Хахахахахахаха fun fact од Битола сум. И Прилеп и Битола ми се најубави градови во Македонија се согласувам со @Stark . Ама станува монотонично, незабавно, се е исто па исто. Мислам дека за помлади најдобар за живот е Скопје.
За млади кои не виделе ништо и нај далеку можат во Скопје.. Скопје е Барселона споредено со животот пред коперациите
Претходната година Битола беше на пикот на активности од забавен и од културен аспект после години. Јас гравитирам кон Скопје ради луѓето, ама лудост е да се кажи дека е досадно вон Скопје или да не се почитува то шо беше лани Битола, it's just y'all. Ако и годинава е ко лани - we're back to previous glory.
За монотоно е дискутабилно. За депресивно, и во Скопје така. Немој да очекуваш дека главрн и голем град, тука којзнае што е. И кај нас се истите места, нема некоја новост. Е сега за монотоно...може да ти биде и во Скопје. Ако релацијата ти е школо/работа - Сити Мол/Ист Гејт - -Градски парк/центар, да, монотоно е истите места во круг. Но ако имаш сопстврно возило, тогаш ни во Битола и Прилеп нема да ти биде монотоно. Ако знаеш како да си го испланираш времето и посетите, ќе ти биде интересно. Минусот кај малите градови е што нема толку занимации како во Скопје, но имате сигурно театар и кино. Има и таму што да се прави.
Епа извини, ама до тебе е. Не е до градот или населеното место. И во Париз да отидеш ќе ти биде монотоно.
Напиши 5 работи што се подобри за квалитетен живот, за разлика од твојот град во кој што живееш. Ете се спомнува Битола, па направи компарација со тој град.
Па не сфаќаат луѓево. Мисли ако дојде во Скопје ќе и биде како во Париз да дошла, а Скопје е истото ,,ѓубре" од град што било и пред 10 години. Јас сум скопјанец и одговорно го тврдам ова, дека не е нешто многу поразлично од Битола. И во Галичник да отидам, кое е ,,село без кучиња", можам да си направам да ми биде убаво. И после монотоно им било. Па сами си ја креирате таа монотонија, а не градот.
Пример мене Битола од никогаш не ми била интересна, нафурани фаци, портарсски муабети, и ако не си дотеран, ништо..... Ако не седнеш на широк сокак на кафе, ништо. Скопје ми е полабаво, кој каде сака оди што сака праи и не го интересира зошто Трајанка е обучена во тренерки и шета низ маало.
Е тука си огромна грешка. Во Скопје има понафурани фаци. Можеби не си го приметила тоа, бидејќи не си од овде. Зошто не би ти била Битола интересна? Битола е голем град. Има безброј музеи, има кино, има театар, има каде да се прошеташ низ градот, па ако сум со автомобил има милион места во близина. Па блиску е и Мариово. Сигурно има билјард, куглање, ресторани со добра храна и тн. Па зимско време ќе одам на скијање. Летно време ќе одам на плажа во Капејнци или на водопадот Бела вода да уживам во звуците на природата. Ќе пешачам некаде низ градот полрај Драгор. Ќе седнам со пријатели во Јагода на сладолед, ќе одам на концерт или жива свирка во некој кафич. Па петок и сабота во Голд Фелиција. И гледај колку работи ти набројав, а ти викаш монотоно е.
И јас сум од Скопје, па повеќе сакам да живеам во помал град. И во Скопје здравството ни е никакво, ама па во помал град бетер е, нема ништо и сите ги препраќаат во Скопје, поради таа причина повеќе би живеела во Скопје да не мора да патувам. Инаку најдобро на планина во мир и чист воздух.
Јас цел живот го поминав Прилеп-Битола. Кога ни беше досадно или смачено, идевме Кавадарци, Неготино. Никогаш не ми било досадно. Има толку многу работи да правиш и толку природа за разлика од Скопје тоа страшно нешто. Родена сум у Скопје али живеев баш долг период во Прилеп и сеуште одам у Прилеп неколку пати месечно имам фамилија. Ги обожавам и бт и пп.
Јас да би работел од дома на лаптоп, Скопје би бил последниот град во кој би живеел. Мирот, спокојот и тишината во помалите градови и села се бесплатни, ама кој ги видел... Се набутале сите во Скопје, ко Скопје да е метропола (а не е) и којзнае што, а скоро се од тоа што го има во Скопје, го имаат и во помалите градови. Единствено е што нрмаат толку многу молови. Се бутаат во Скопје бидејќи се е овде. Болниците се овде, институциите, се е овде во Скопје набутано. Сакам да кажам...имате скоро се што ви треба и во малите градови, освен за недај боже (болница) и некоја институција, а таму може некогаш да се заврши и онлајн.