Се пријавувам кај мајките со нечистите домови . Чистам едната страна од вратата на балконот а децата ја валкаат другата страна. Земам да ја чистам другата страна а децата ја валкаат чистата страна. Колку и да вртам, пак нечисто е. Нека е. Другата врата ич нема ни да пробам да ја чистам, нека си стои со прсти целата измачкана. Ќе се облечам и ќе излезам. Пс. И телефонот успеале во меѓувреме да ми го извалкаат. Ставивме нов теписон на балконот, одма ронки на него. Махери се бе.
Ми пишува некој тип, и јас му враќам, и се ок стандард муабет ме прашува како си, што правиш? И после го прашав која е целта на тоа што ми пишал, затоа што ако мисли за дејтање и слично имам дечко, и типот од нигде никаде ми враќа добро, не ми смета што имаш дечко, а и секако мене ми е поголем.. Јас во шок
Кажи му дека без доказ не веруваш и кога ќе ти прати слика, објави го насекаде. И пиши "да се чувате од овој со малиов".
Исто е мислам кај сите хахахх. Средувам едно,обавезно растураат друго. Кога го чистам подот со џогер децата трчаат се лизгаат и викаат јеееееее лизгањееее кога пуштам правосмукалка дали дека галама ги активира некако одма почнуваат да трчаат од еден на друг крај
Има многу логично објаснување зошто Турција третира добро мачки, а жени не. Верувам дека ако прашаш просечен човек таму (и просечна света книга) секој треба да се однесува добро и милостиво кон послаби (читај инфериорни), а тука спаѓаат и животни и жени. Само што за жените има исклучок кога ќе направат нешто погрешно, што и да е тоа, и тука веќе настапуваат насилствата и воспитувањата и казните и сè тоа. Мачките ретко имаат прилика да грешат на начини на кои жените ,,грешат". А инаку никогаш муабетот не бил дека ако некој сака животни автоматски е добар човек. Туку дека ако мрази животни, најчесто има нешто морално пореметено. Сакање животни е bare minimum за нормален човек.
На кој јазик зборите со бугарите? на работа во последно време со нив имаме работа и искрено смеа ме фаќа да зборам на англиски ама па не ги разбирам кога ќе почнат да зборат, а ни они мене изгледа
Глумите лудило со ова неразбирањево та и тие, та ти. Јас потполно ги разбирам срби, хрвати, босанци, бугари... а претпоставувам и тие мене.
Ова шоу треба да иде негде во книгите по Психологија, како пример како да не си го сје*еш животот и психата, до толку за да дојдеш до ова дереџе...
Јас зборувам македонски. Имам колешка од Бугарија и таа си зборува на бугарски. Само кога ќе почне брзо да зборува и кажувам да успори хахахах ама како и да е се разбираме нема потреба од англиски.
Ако се од Ќустендил и Благоевград полесно се разбираат, ама тие од Софија па натаму се потешки. Јас како и да е на англиски си зборам кога одам во Бугарија или комуницирам со бугари. По правило бугарскиот јазик е дијалект на македонскиот, ама ете, пак не се разбираме.