Најверојатно треба да имаш издржана причина. Тагни повеќе модератори во соодветна тема и би требало некоја од нив да ти одговори.
Не е здраво да се носат пантолони и да ви се гледаат глуждовите, ќе настините. Ах бе за таа пуста мода.
Каква издржана причина? Ја сакав мојот да го тргнат објаснив ситуацијата не ми ни врати долг период. После се обидов да видам нов профил дали може и постои опција ама ме мрзи да си мењам ник. Тука ме знаат со овој активна сум во некои теми. А од друга страна ако сакаш скроз да немаш профил мислам дека не постои таква опција. Мислам дека за ова некои ми имаше кажано. Само треба да не коментираш повеќе да ти застари и после веројатно не можеш да се најавиш.
Имаат бришено профили на членки претходно. ,,БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛ Можеш да побараш бришење на твојот профил, при што: Сите твои податоци ќе бидат трајно избришани од твојот профил и од нашите сервери (име, пол, датум на раѓање, локација, професија). Профилот нема да постои повеќе, односно нема да може да биде разгледуван од останатите корисници. Профилот нема да може да се врати назад. Содржините јавно објавени преку профилот ќе бидат означени со псевдоним од типот „Избришан корисник 123456“. Доколку се одлучиш на таков чекор, контактирај со модераторскиот тим или испрати ни барање на privacy@emedia.mk." Ова е објавено во делот правила и услови за користење.
https://sitel.com.mk/ushte-eden-slu...vozach-vrzal-machka-na-svojot-avtomobil-video Дали се луѓево нормални? Едно е да не сакаш животни, ама да ги малтретираш?
У пресрет на празников, никогаш не сфатив и нема да сфатам како жени се мажат и имаат деца со мажи на кои да цитирам "немаат доверба да му го остават детето на чување". Оти не знаел да го облече, не знаел да го нарани, да му зготви и ред други работи. Ако треба при жив татко, детето да ми биде сирак ако нешто ми се случи мене, ќе земам со донор дете само за мене ќе направам. Уште на дЕвОјЧињА ќе им зборат "ќути ма ти, омажи се па ќе видиш". Златна ич не се мажам со ваков неспособен. Сама ќе чувам 10 мачки, барем попаметни се они, подобро се грижат за свои мачиња него возрасни мужи за свои деца.
За ова треба дебели казни, за утре да не се појавуваат нови вакви пореметени луѓе. За тој со верверичката во Скопје не знам дали имаше некаква казна (освен парична). Црврната верверичка кај нас мислам дека е заштитена како дивеч и не смее да се убива.
Било кое животно е грев да се убие. Па и свињата што ја јадеме. Затоа ја сакам да бидам вегетаријанец. Уште коа ќе видам некој земал дома петел го чувал па го заклале и изеле за ручек ја се згрозив. Како можат не знам.
Глупите се плашат од паметните. Мислат дека се некаква опасност. Паметните пак сироти се обидуваат да им помогнат. Или други како што велат: Паметните ќутат да не ги навредат глупите.
А зашто постојат тогаш вегетаријанци? Тие се луди? Ќе рече ова фемина дека не е чет темава ако сакаш пиши ми лп да се дообјасниме.
Многу јако ова кога саканата личност спие до тебе. Гушнати. Заспива пред тебе. Тебе уште не ти се спие. Ќе гледаш нешто на телефон. Полека се потргнуваш... И оп - те враќа назад. И уште толку те бутка накај него. Не ми се мрдаше. Спојлер срцето полно