Им викаш не ти се јаде, они стопати јади па јади, аман на сила ништо не се прави. И каков е овој пмс со нула апетит не ми е јасно. Си викам поарно да не се јаде, и онака смачено ми е , може и поарно.
Супа најобична Не е до јадењето, и најубавото да беше, коа немаш апетит немаш. Уште ли ќе се расте? Може, не викам не.
Сакам да ви кажам нешто. Еден љубовен проблем. Знаете дека сите девојки кога беа мали и млади го чекаа принцот на белиот коњ. Епа јас го чекав господарот на темнината . А он е ништо друго, освен Вампир . Кога излегував навечер по темниците, мечтаев да дојде од никаде некое чудовиште да ме трчка, а јас да бегам, да бегам, да бегам и да се сопнам онака филмски и да завршам на земја . И во тој момент да дојде вампирот да ме спаси, да се заљубиме и вечно да тљееме во темницата, да се бркаме по ридовите, шумите и планините. Ќе ви признаам, повеќе сакам да шетам по бутици, кафичи и ресторани ама за него, i would make an exception . Ќе ме носеше и на вампирски бал, па и ќе ми купеше некој многу јак балски фустан ( нормално оти он ќе го купи, па сигурно вампир стар неколку стотици години нема да е сиромашен и да ми мрмка за еден фустан), за да бидам најубава на балот. И така, си мечтаев јас, скитав секоја вечер по темниците чекајќи вампир, ама наместо него, се некои пијаници ми излегуваа на пат. Пс до вампирот, друже ајде више доаѓај, уште ли да те чекам?
Абе убаво е ова google pay, и се тоа, ама кога ќе ми рече дајте го телефонот, затоа што треба таму позади шанк да искуца бидејќи не им е апаратот на пулт.. И сега јас треба да му го дадам мојот телефон отклучен за он да искуца, и некако ми е ем шуга да ми го фаќаат други луѓе телефонот, ем отклучен, и почнав пак картичка да си носам..
Светов отиде векови напред, ама уште не можеш да најдеш саглам апликација за слушање песни што не замара со реклами, што можеш да си пребаруваш песни и да ги додаваш во плејлиста и да слушаш со заклучен екран. Ако знаете таква предложете оти Спотифај ми беше супер и преку ноќ ми се искурнази и наеднаш ми бара апдејти што ми дава па ерор кога ги инсталирам.
Вечерва ќе бидам излезен и нема да можам да го испочитувам времето/саатот. Среќен 8-ми Март да ви е на сите жени, да бидете исполнети, среќни и со насмевкаа. Форумов на некој начин ми е како едно катче за да си споделам работи, напишам, прочитам од другите членови, да се скараме, размениме мислење, да научиме нешто.. така да ми е како еден вид дом. Поздрав!
https://www.spotifyinfo.app/ Премиум верзија на Спотифај бесплатно. Само деинсталирај ја таа од Плејстор пред да го спуштиш овој апк. Со години го користам овој метод никогаш сум немала проблем. Инаку сдк: Мерак ми е дека сѐ повеќе се уходувам во возење сама и ми ја снемува анксиозноста. Славам кога ќе извозам од дома до работа и обратно без никакви "инциденти" (некој да ми свирни на пример, или нервозно да ме претица ). Денеска беше таков ден и се радувам што се опуштам повеќе. Навечер ми е "борба" за паркинг пред зграда, бидејќи обично сите се дома, но досега секогаш кога успешно паркирам им праќам слики на друштвото да им се пофалам или да ги прашам за мислење како сум се паркирала. Следен предизвик ми е возење во центарот на градот (градот кај што сум сега и кај што земав часови и полагав се различни, така да во овој не се осудувам сама да се пикнам в гужви), но тука ќе имам мала помош од луѓе што знаат, бидејќи ми треба само да седи некој до мене. После тоа следен предизвик: Возење (до) Скопје.