Јас па имам пријатели муслимани кои и постираа за трагедијата, и бевме на собириве, а пријатели Македонци кои додека луѓето уште си ги бараа избезумено децата они испонасмеани селфиња си ставаа...така да, има многу луѓе за бришење, не е само едната страна.
И јас сакам да се правам широкоградна, но вистината друго говори. Прочитав гадни коментари од нивна страна, а уште повеќе се тие што не гугнаа и ништо не објавија за трагедијата. Кај мене вкупно еден видов што објави нешто. А сега читам си прават прослави со огномети во денови на жалост. Лично имам пишувано во темата за Газа и истиот став го држам, бидејќи жртви се жртви без разлика на националност и религија. Но очигледно не секој гледа така, чест на исклучоци. Секоја чест и на сите држави што помагаат во овие тешки моменти, дури се изненадив од некои. Би додала уште нешто, но навистина не сакам да се расправам на ваква тешка тема, малку осет треба.
Утре треба сегде пред работа да дадеме молк од една минута за сите. Јас не знам колку несовесни компании постојат, со огромни профити кои не се занишаа за донации. Секој од фрима може да даде барем по 100ка.
Газдата на Еквилибриум ресторан (поправете ме ако грешам) ми делува на алчно чоече. На стори ми бодеше очи нонстоп споделува де журки де грчки вечери де промоции на храна. И на крај као 25% од прометот ќе донирал…. И да е така зошто има потреба да рекламира на секое не разбирам ама искрено ОДВРАТНО е во вакви денови
Епа знаеш како е , малку деца силовање и мачење, малце очи копање да си ја задржат најголемата банка на очи на светот , малце перење мозоци и така... Мора да има баланс у Универзумов...
Ова тепаниве жени само требало да го оправат системот место да ги убиваат мажите за да се спасат. Заеби што нив системот ги изневерил 10 пати. Барем чесно нека умрат, не таму запнале да се спасуваат.
За каков начин збориш? За комбинацијата незнам, немам пробано, али прв пат кога се напив хелекс од 0,5мг се осеќав издрогирана, односно ептен ме опушти, се кезев 2 саати
Мене не ми значи тоа дали другите верски заедници споделуваат или не споделуваат за трагични настани. Ми значи тоа дали имаат душа и срце да кажат лично и да понудат помош на оние на кои им треба. Ми текнува дека секогаш кога на мене и на мои блиски ни требаше помош за нешто, дел од роднините ги немаше никаде. А, другите веднаш се заредија со понуди за разна помош. Делата се побитни.
Јас да ви кажам кај мене од пријателите што ги имам по социјални мрежи што се муслимани ставија за трагедијава . Сепак поголем акцент беше даден на Газа секако. Утре тежок ден. Кога ќе дојдете на работа испочитувајте ги овие млади кои прерано ги загубија своите животи со 1 минута молк. Не поминува ни болка ни тага за ова што се случи. 2025 црна ќе бидеш засекогаш.