Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Кај мене на маало има една бабетина, што ако го споредиме ова нашево по дома со неа, нашево ќе испадне кротко маче кое преде додека зборува, мислам запознаени сте дека не е. :D Бај д уеј, конечно собата ми е на 10 метра од местото на разговор со комшијата (комуникацијата и по 10 години е уште на ниво ЦВЕТОООООООООО (пример име) со КАЖИИИИИИИИИИИИИИИИ преку 2 врати), и мајка ми конечно укапира од што се жалев со години. :D КАКО И ДА Е! :!:

    Ама оваа, значи, брат, пеер, човек, не знам како да се искажам, уште не знам што е, само ја слушам, ја немам видено. Од џунглата да ја симнеа, еве те, по толку години во град ќе помисли човек дека веќе дошла до некое ниво на цивилизација. Мислам, ама мислам дека се дере по две внучиња, можда и по едно ама вредно, едното е Драгана ако не се лажам, или Драгица, или не знам, можда се губи имево во крикот лавовски, па не можам да одвојам, и на моменти ми звучи како тој луди тренер. :|

    Кој не го гледал - опис молим лепо https://www.youtube.com/watch?v=smMExj_opBc

    Си седиш мирољубиво, си шмркаш нескафе, или си уживаш во паразитирање и мир и тишина, и наеднаш почиња да се тресе ѕидот од улицата - едното внуче трча како бесна глиста, како коњ на трки, како оди мава по сите порти, коли, се дере, ау уау, подивува. Се прашувам зошто, и мене да ме чува некоја таква ќе трчам како рокета. И по 20 секунди се слуша ЕЛАААААААААААААААААААААА БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, НЕ ТРЧАЈЈЈЈЈЈЈЈЈ; НЕ Т Р Ч АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААЈ, па се зарипнува, се искашлува како да прележала три свински грипа и пак СТОЈ КОГА ТИ ВИКАММММММММММММММММММ, ЛЕЛЕ ТАТКО ТИ ЌЕ ТЕ ОТЕПА, ЌЕ ТЕ О Т Е П А!!!!!!!!!!

    А детево, децава, за жал ги немам во живо запознаено, преносот на настанот преку ѕид и три врати го слушам, ама како што гледам, ни страв ни па абер за страв има, ни од неа, ни од таткото, и трча уште толку. Па ај ќе види не бива, па почиња со сите мачки и кучки во маалово да го лаже, де ова куче ќе те апне, де таа мачка, па полиции ќе дошле, аха, ене ја тетката докторка иде со инјекција, лелеле и учителката на дада ти, ЕНЕ ЈАААААААААААААА, иде! Еднаш и со нашето куче му се закани, сирото, од него дури и ја не се плашам. :(

    Муабетов ми е, како бе тоа дете да е смирено и да те слуша, о маалска Офелијо наша, кога во тебе има толку хистерија, што мислам бега за да најде триминутен духовен мир. Па фани облечи го, прошетај го, нека истрча по парк, нека се намири, дете е, не може, не може едноставно да седи дома и да гледа турски серии со тебе цел ден. Воспитање на ниво, бре бре.

    Ако нешто научив со текот на годините е дека единственото место кај што треба да се дереш е кога ќе си платиш приватна сесија на психијатар, охоо, дери се до утре сабајле, гајле ти е, платено си е, нека те слуша. :D Едино во некоја шума, планина, пишти вришти дери се, ич нека не ти чуе. Ама сред град, меѓу луѓе, пред луѓе, па посебно кога треба да покажеш авторитет, колку си постабилен и воздржан, толку повеќе се плашат од тебе. А дека внучињата, дечињата, комшичињата и останатите ЊАТА, ќе ги научиш на нешто и ќе ги доведеш во ред со крокодилски крици, мало морген.

    Се кладам ако им испаднам ,,нерасположенка,, (како што милува да каже мајка ми :D ) на џам, и само да ги погледнам, ќе фанат штрафта.

    И ќе почнат од другата страна да и бегаат на бабава.
    :rofl:
     
    На bittersweet, Lella, Dvolicen и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Не сум толку по чистењето (за срамота) ама кога ја гледам мајка ми болна срце ми се кине. Овие денови јас ке ја заменам иако таа не ме замоли, сепак не можам тоа да го дозволам. Со задоволство ги измив садовите и ги испеглав алиштата и испазарив се за дома. Бидејки колку толку сум и од помош, таа од 3 кила месо ме израснала и јас да не и помогнев не ќе можев во очи да ја погледнам иако тоа што го направив е малку. Мајка ми ми е се во животот. Таа ме носела 9 месеци под срцето, таа ме израснала и секогаш била покрај мене што и да сум лошо направила. Никогаш што и да направам не е доволно во споредба со тоа што таа го направила за мене. Сакам секогаш да е здрава, среќна и насмеана а јас секогаш ке бидам покрај неа. Мајка ми за мене е најпрекрасната жена, сопруга, мајка. Среќна сум што ја имам. И горда сум на неа.

    Инаку денес си поминав преубав ден со него. Многу сме среќни заедно. Се надевам ова ќе потрае. Тој ме сака.Тој ме прави среќна. Тој ме разбира. Тој ми верува. Тоа ми е доволно.
    Многу тешко ги поднесувам разделбите со него. Еден месец се немавме видено. Секоја раздела е се потешка и со солзи иако ке се видиме пак сепак тешко е. Следната наша средба е за 4 дена и тоа 3 дена ке бидеме заедно.
    Што друго можам да посакам?
    Имам здравје, најдобрите родители, едно мало немирно братче, дечко кој ме прави најсреќна и кров над глава. Тоа ми е повеќе од доволно.
     
    На Lella, eliesaab, butterfly4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    17.223
    Пол:
    Женски
    Mногу ти е убава косата – ми кажа еднаш!
    А другиот ден – ја истрижав!
    Зошто? За инает!
    За чиј инает и денес не знам?
    Косата денес мене ми е порасната и ми се опорави…
    Но ти? Успеа ли да го направиш тоа? :?:

    [​IMG]
     
    На kala21, mal.ecka и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    6.752
    На настинкава моја и треба едно чајче со мноогу мед, придружен со многу џез и чил музика воопшто.
    Gramatik, Lana Del Rey and Damien Rice will do. :) Го оставам хип-хопот за некој друг ден.
    И малку (многу) љубов, некој да ме гушка и галка по косата додека јас му предам и му се свивам во скут, дур во позадина оди Везилка од Фолтин. Јас сум едно мало маче.. на моменти.
    Секогаш кога сум болна, ме пукаат носталгии од сите страни, се откривам себе си во овие моменти, од што немам што да правам изгледа. :D

    Туку, јас за нешто друго дојдов да кажам.. Во последно време (и тоа долго време) чувствувам дека сум го изгубила мојот сенс за комуникација, смисла за хумор, повеќе не ми се случуваат интересни дешавки вредни за (пре)раскажување. Можеби и премногу размислувам, па грешам, не знам. Ама ко да не можам да направам нормален муабет со другарка, другар, симпатија, со семејството.. Не знам што да кажам. Ако тој другиот не каже нешто, не отвори некоја тема за муабет па јас да дополнувам и да се развие конверзација, јас самата не знам да кажам нешто ново. :| Но, штом се фатам за една тема, ете, продолжувам додека не ја исцрпам и пак не снема нешто за муабет, и се така во круг. Сум станала ли досадна (и самата на себе понекогаш)?

    Останете ми живи, здрави и среќни.. Ве гушкам. :hug:
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.238
    Пол:
    Женски
    Кога и да поминам во Кавадарци уживам во излозите на продавниците за гардероба. Им завидувам понекогаш каков избор имаат во одредени продавници и обавезно влегувам барем за цена да си прашам.
    Поскапи се од Скопјево ама јас тука сеуште не можам да најдам барем една продавница која би имала гардероба по мој вкус.
    И така денес, влегуваме во Кавадарци и оп едно здолниште по кое скршив врат :lol: Ги распрашав моиве до колку работат продавниците, зошто нели сабота, а и таму имаат прилично чудни работни времиња :lol: Мислев дека ќе биде затворено, а и малку се бунеа останатите за тоа да се подзастане за да го видам јас здолништето ама братучед ми секогаш ама баш секогаш гледа да им угоди на луѓето и да ги направи задоволни, а особено па кога се работи за мене без никаков мубает ми угодува.
    Застана и покрај негодувањето на другите и со огромен мерак непробана ја купив.
    Доаѓам дома, пресреќна, ја пробувам, ај малце голема во струкче, ништо страшно ластик ќе си ставам и излегувам да им ја покажам на моиве.
    Како влегувам во соба они почнуваат да се валкаат по земја од смеење. Кога се подсоземаа малку ме прашаа дали сум тргнала во градинка. Градинка бе????? Сериозно?
    И ми скршија филм, а си бев така среќна.
     
    На bittersweet, kala21, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.258
    Порано, секогаш кога ќе погледнев накај небото, имав желба да заминам некаде.
    Сега кога и да погледнам накај тоа исто небо, ме обзема чувство на спокој. Го најдов местото или поточно го најдов него, а со него и дел од самата себе... втора половина, тоа ќе да е.
     
    На bittersweet, kala21, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Не знам дали има нешто поиритантно на светов од подводливи луѓе. Од такт ме вадат луѓе што се претопуваат во масата, што се без ум и срам и страв им е да бидат поинакви во случај да бидат одбиени од околината.
    Втора категорија луѓе на кои би им мавнала бокс е тие што се влечат на факултет,а се премногу `кул`за да учат,да си ги завршат обврските и се тупи и прости врскаџии па згора на се им се смеат на тие што учат и пробуваат да направат нешто од себе.

    Саде волови во државава.Од сега кога ќе видам некој со иста професија како таа на родителот,превентивно и признавам со многу предрасуди,ама одма му пишувам икс над главата и ми е во кош на лица што не знаат што со себе и решиле да одат по изгазен пат.

    :swear: :swear: :swear:
     
    На bittersweet, Lella и sia.bella им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Ме гледаш. Плачам. Се гушам.
    Ги гледаш нив. Среќни се.
    Одиш кај нив, мене ме оставаш сама. Исто како и секогаш.
    Но, денес ми требаш најмногу. Ти сепак не си овде до мене. А јас секогаш ќе бидам овде за тебе, па дури и да сум пред смрт. Така е одсекогаш. И засекогаш.
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто поубаво од ден кога изненадно ќе ги видиш низ клучалката лицата на некои драги роднини кои живеат во друг град? ^_^
    Цело семејство собрано на маса, муабет при кој не ти се верува колку часа поминале кога случајно ќе погледнеш на саат, и ѕвонлив звук на насмевки околу тебе = дефиниција за совршен ден! :f:

    На прашањето дали си богат, вистинскиот одговор не го барај со проценување материјални средства, туку едноставно отвори семеен албум и сети се на сите семејни собири на кои низ цел муабет насмевката не ти се симнала од лицето. :sun:
    Добра ви ноќ! :hug:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hipica, ana-girl и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Dreams.678

    Dreams.678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    60
    Епа мили мој, најискрено ви се извинувам затоа што последнава недела не ве посетувам, ама имам многу за учење.. А и патем..зафатена сум со книгата. Еве, официјално да ви најавам дека започнав да пишувам книга. :angel: :) Уште нема да ви го кажам насловот, затоа штО сеуште се двоумам околу него. |(
    - Извинувањето ви го должам затоа што сум почнала книгава да ја пишувам од 07.09, а уште не сум ви кажала брее цц..Еве на поминување сум и немам многу време, па само да ве поздравам и секако да ве почастам ! :inlove:

    Лекаа ноќ :* |-)
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      11,4 KB
      Прегледи:
      259
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Есен.
    Сета нејзина раскош на асфалтот,и тешко се диши во Скопје,јадам есенски јаболка а ветрот и сонцето ми го милуваат лицето.Заборавам да си понесам чадор а на излозите веќе гледам капчиња во црвена боја.Дрвјата тивко се оделуваат од лисјата,огнено портокалови,жолти,кафени,несебично на природата и даруваат безброј бои.Создаваат мозаик.

    Домашните миленичиња се дел од семејството,наутро ги галиш и гледаш како лакомо трчкаат кога им носиш храна,и ненаситно јадат,им зборуваш,те чувствуваат,им дауваш љубов и нежност,дом и топлина.Тие се чувари,ти спијат покрај срцето.

    Маглата го голта градот,вечна битка со мракот во нашиот град.

    Понекогаш,кога ќе видам старица или старец на некоја дрвена клупа во паркот,ја вртам главата и гледам се додека не ми се изгуби од видикот,понекогаш рацете и стојат потпрени на дрвениот стап,понекогаш е загледан во далечините,и тогаш се прашувам дали местото покрај неа сега празно,некогаш го исполнувал нејзиниот љубен кој имал седа коса и панталони кои му одговараат со чевлите,дали и ја галел косата и долго зборувале во ваквите сончеви денови,дали ја покривал во зимите студени и долги?Дали барем понекогаш и купувал цвеќе?Дали му правела кафе наутро и ручек по желба,дали го потсетувала дека е време за лекови и цврсто го држела рацете кога неговите веќе се треселе?Дали се сеќаваат на нивната приказна?

    Ах граду мој,толку умееш немо да ми раскажуваш.
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, ana-girl и 21 други им се допаѓа ова.
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Ме обзема носталгија за времето поминато кое беше многу поразлично .Ја отварам застарената кутија во која секој предмет има своја приказна која само јас ја знам ,иако за другите изгледаат само непотребни работи.Собраните маркици ,споменари кои сум ги пишела со моите "чудотворни"стихови :D ,ја рагледувам децката пошта од пред 20 години за чудо и мирисот сеуште се чуствува мирисот на детството .
    Среќна сум што бев дете во тоа време ,затоа што знаевме што е вистинска игра.Имам уште една кутија полна со спомени во неа спомените никогаш нема да избледат ,таа кутија ја чувам во душата.
     

    Прикачени фајлови:

    На Ivy89, Viktorijaaa5, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.258
    Кога станува збор за некоjа воjна, трагедиjа во која многу невини животи завршуваат, тогаш секако дека ми е жал и се нервирам кога гледам дека постојат начини како би се одбегнала таа несреќа. Но кога гледам филм коj jа опишува несреќата на едно конкретно семејство, тогаш реалноста за загубата на тие животи е многу поголема и боли повеќе.

    Се прашувам до кога профитот ќе се цени повеќе од животите на сите суштества на планетава. Дури и да живеат вечно, па ќе можат да ги прошетаат сите плажи на светот по 10 пати, коjа би била смислата кога нема да ги има ни тие плажи поради многу причини поврзани со загадувањето како резултат на трката по повеќе пари, а ни луѓе пред кого да се пофалат со "успехот"...

    Поентата ми беше, на тоj свет сите одиме како сме дошле тука, па зошто толку потресување околу милионски сметки во банка? Зошто ради тоj профит треба цела планета да се угроби?
    Луѓето, т.е. ние, сме програмирани на себе уништување, тоа дефинитивно.
     
    На Captain-Omni, julie77, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    СДК дека на форумов има типови кои што изигруваат паметњаковичи, а уствари не сваќаат колку глупаво делуваат со прашањата и одговорите. Извинете ако повредив некого, ама за тој што се однесува ова ќе разбере кога ќе го прочита.
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Животот е љубов...
    Кога тој се буди пред тебе и ти спрема доручек.
    Кога собирам пари за да ја платам сметката за струја за да и помогнам на мајка ми.
    Кога другарка ми без причина ми се јавува за да ме праша како сум,иако претходно веќе сме се виделе.
    Кога секој ден се повеќе и повеќе се радувам на стомакот на снаа ми кој расте.
    Кога додека го пишувам ова се чувствувам исполнето.

    Љубов е!
     
    На bittersweet, Buttterfly, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Понекогаш им се лутам на моите родители што од мене направиле воспитана, културна и толерантна жена! Жена која не смее да изусти еден лош збор, која не смее да им противречи на постарите, жена која треба да знае кога да премолчи, па макар била и во право!

    Поради тоа на душата имам тежок товар! Товар од болни чувства, товар од тешки зборови кои ги чувам на врвот од јазикот а не успевам да ги изустам само заради тоа што моите така ме воспитале!

    Викам во себе, а посакувам цел свет да ме слушне!
    Посакувам да им кажам се што од срце ми доаѓа да им го кажам... ама не можам.. не можам зошто МОИТЕ ТАКА МЕ ВОСПИТАЛЕ!

    Собирам во себе и тонам!

    Но ако потонам, ќе ги повлечам со себе, бидејќи и моето трпение има граници!
     
    На Umbrella22, cresa-jagoda, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  17. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    263
    Денес ќерка ми за прв пат ме рече MAMA :inlove:
     
    На Buttterfly, cresa-jagoda, vinozito1 и 30 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Порано многу ја мразев недела. Сега не, дали тоа дека после 3 години се чувствувам сакано и вљубено?
     
  19. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Незадоволството расте во мене како квасец, ми фали старата јас.
     
  20. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Здраво! :)
    После долго време се вратив. Па СКД нешто во врска со “Самун ем Татлија“ и за неетничкото однесување на граѓаните на градот Радовиш.
    Тие шо биле, виделе и многу луѓе ми имат коментирано баш за оваа тема.
    Еве веќе трет ден од самунијадата и сите три дена сум присуствувала. Имаше концерти, музика, прилично добри самуни и премногу луѓе со неразвиена култура.
    Првата вечер беше Елена Ристевска и едно големо БРАВО за жената шо знае како да направе добра атмосвера, прекрасна музика, све нај нај беше, само шо Радовишани не знаеја како да ја наградат за да го засака уште толку тој град, таа манифестација. За добар настап не требат пари, не треба ништо, само треба грмогласен алпауз! Јас веќе 5 години сум на сцена, и мојто срце не го исполнува ништо одколку еден грмогласен аплауз шо може и очите да ми ги насолзе!
    Само првите 2-3 реда се живи, а другите како и да не се таму, како статуетки стојат и сматрат шо се дешава одоколу. СРАМОТА! Ова е еден голем минус за Радовишани! Истото се случуваше и за Хари Мата Хари! Човекот од шо скоро никој не му ракоплескаше, почна сам да си вика браво и да си ракоплеска! И не само за ова, туку и кога и` да играме во Радовиш, никогаш немам слушнано грмогласен аплауз! На пример во Струмица, таму еднаш дури се расплакав. Колку само ја почитуват уметноста, културни луѓе. А Радовишани се премногу различни и не е убаво така! Со иста кореографија, можам во Струмица да плакам, а во Радовиш да се доведам до милион прашања од типот “Да не сум згрешила некаде?“, “Зашо точку чудно ме гледаа?“, “Може не им се допаднала облеката? Шо е проблемот?“,...
    И еднаш напишав дека на Исток луѓето се понашаат заостанато, да мислев на Радовиш! И таму малце лошо се изразив, и ми се “пуштија“ 2-3 феминки и дојде до расправија. Е за оваа “заостанување“ ви зборев! За таа непочит, и немање грам култура ви зборев!

    Инаку вчера ми беше роденден! 16 години! :) Се како шо растам, се повеќе и повеќе гледам да си го зачувам детето во мене, не сакам предвреме да пораснам! :) Инку дојдете ми на торта и сокче! За сите ќе има! :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • download (1).jpg
      download (1).jpg
      Големина на фајлот:
      9,5 KB
      Прегледи:
      423
    На Ivy89, Mahidevranfan, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.