Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    16.772
    Не знам на овој народ како еднаш не му дојде памет.

    Ги гласавте и едните и другите, за да ве напикаат на "работни" места, да си седите со скрстени раце и да земате плата.

    Со тие ваши партиски книшки и митото што им го давате.

    Извините, ама сте индиректни соучесници.

    Одете гласајте ги пак, ајде одете.

    Амеби едни!
     
    На sleepingbeauty, Herrera и Buttermilk им се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    7.714
    Пол:
    Женски
    Што комбинација ти е ова? :^)
    За болки земи Раптен, за неиздржливи болки Диазепам. Хелекс не ;)
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hera L

    Hera L Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Може и хелекс, во иста фармаколошка група се со диазепам. Смирува мускулни болки и спазми. :)
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    2.594
    Пол:
    Женски
    И тоа со муслиманите го приметив ама повеќе ме болеа лажниве сметки за донации...
    Јас сум рекла и 100 пати ќе речам ние сме само за оној од северна Кореја.
    Нема кај нас ред и поредок без диктатор.
    Ама вистински диктатор не оние шо така ги нарекуваа :!:
    Тешко ми е да отворам фб ,инста ,тука.
    Сегде за тоа се зборува (нормално) ама бремена со стресови приватни пред 2 месеци и сеа и ова ,премногу е ;(;(
     
    На Lisandra, Miss666 и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    16.772
    Плачам, нема шо да кажам.... Не можам вестиве да ги гледам.

    Ах бе сонциња наши...

    Каде и на погреб бев вчера.... Најблизок уште ова.....
     
    На Herrera, Buttermilk и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.525
    Пол:
    Женски
    Дел од себе би дала за да и ја намалам болката, ама не можам и се чуствувам бескорисно. Мојата најблиска, најсакана другарка, најприсутна во мојот живот со години наназад, скршена.

    Имам луѓе во животот што не знам со што сум ги заслужила. Моето најголемо богатство.
     
    На ForeverYoung, Cosmic Girl, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Buttermilk

    Buttermilk Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не знам како ќе се опоравиме од ова луѓе. Шок, неверување, неприфаќање, непребол.... Првиот ден кога слушнав, не знам ни самата да опишам како се чувствував. Мислев лага е, грешка е, но не е ми тоа, ни тоа. Последици ќе има трајни и тешки. Никогаш нема да се опоравиме и да заборавиме.. Тешко на сите ужалени семејства, Бог да им дари сила и трпение.. Прв пролетен ден, ама темен и црн за цела Македонија..Па и оние кои коментираат се и сешто за настраданите, како можат, какооо? Кај ќе им оди душата не знам.. Дното го допревме одамна..
     
    На Miss666 и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.415
    Допаѓања:
    27.496
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да се искажам пошто премногу ми е тешко....
    Оваа година ми почна со трагедии и не престанува....
    Неможам да ги преболам децата и луѓето шо загинаа во пожарот, иако ниеден не познавам.... неможам..... плачам..... плачам цел ден.....
    Таман ми помина депресијата и анксиозноста, се случи ова..... сега пак ме мава.... и тоа на најјако.....
    Неможам више..... ;(;(;(

    Иако знам само неколку песни од ДНК, сега ми излезе оваа, прв пат ја слушам, се расплакав...... ;(;(
    Не ми е добро ич.... незнам како ќе се оправам....
    Се извинувам ако направив печатни грешки ама се напијав од мака.... неам апови да се смирам....
     
    На LiquidLuna, Cosmic Girl, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    16.772
    Се прашувам што ќе беше ако изгореше фабрика со 1000 вработени и дали исто ќе апсеа вака и ќе видеа дека 99 % од фабриките и фирмите немаат услови за нормална работна атмосфера и колку работникот е на дно со своите права.
     
    На eliesaab, Amoricka и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    16.294
    Се' уште не сме свесни за опсегот на штетата што ја доживеавме како држава. Многу повеќе од 59 изгубени животи е штетата... уште 100 и кусур деца со последици кои цел живот ќе ги влечат по себе... Се на се', засекогаш променет живот на 200 и кусур фамилии, живот кој тешко дека некогаш ќе се врати во нормала.. тажна моја Источна Македонија, како да не ти беше доволно мизерија ;(
     
    На SummerGirl, Cosmic Girl, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kati428

    Kati428 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Денес требаше сите да бидеме среќни..да пееме..да се смееме..да ни биде топло на душата..кога се расцутува..
    Кога бевте сите живи,здрави и сите бевме заедно ни беше најубаво на цел свет..но еве нечија алчност..нечија бесчуствиетелност,неспособност,мито и корупција,ни зема уште 60 млади животи..и во срцата ни се всели најладната сибирска зима..
    Андреј ја пееше ако утре ме нема-и утрото не го ни дочека како и останатите 59.Скоро сите членови ги изгубија своите животи.Панчо е во животна опасност,Ана-другата девојка која беше пратечки вокал е добра и уште еден член исто е добро.Сакајќи да спасат уште некој млад живот си ги ризикуваа животите.Панчо и Андреј одсекогаш биле хумани луѓе.Колку хуманитарни концерти одржаа со цел да помогнат на некого.И затоа и скоро да немаше некој што не ги сакаше.
    Еднаш бев во едно кафуле кај што имаа свирка.Го запознав Андреј лично и тоа беше како да сум го освоила светот.Како само се смееше..викаше дека животот е краток.Човеку прерано замина од овој свет..НЕ ТРЕБАШЕ..Заминавте на подобро место.Каде што нема мито корупција .Па да му се сневиди..малку ли ви беше модуларната болница,малку ли ви беше короната каде ппвеќето починаа од незнаењето и негрижата од нашите "фалсификат доктори",несреќата кај Ласкарци,автобусот во Бугарија,секојдневните сообраќајни несреќи????Сакате ли да не снема?Колку родители ги оставивте без нивните деца?Колку бебиња и родилки починаа изминатиот период?Затоа што тие не ви почастиле 1000-1500 евра и не треба да се замарате па ако преживее преживее ако не никому ништо?Малку си пари се наполнивте?Имате по 10 стана вили јахти земјишта по Дубаи,Малта,Америка,Грција најјаките коли и најнови телефони????Висите по кафани и правите плафонски сметки???2000-300ѓ евра плата и плус од тендери малку ли е бе???Се ви е малку..На колку луѓе им треба лекување во странство????И бараат донаации од нас хуманите?Бидејќи вие стоки безчувствителни немате слух и не ве интересира???
    Ова со апсењава ќе трае неколку дена да се покажат еве работиме нешто..кој од кој поголем апаш..
    Ја завивте Македонија во црно..и се непто мислам ова со пожарот е подметнато..Значи луѓе целиот таван е од истиот лесно запалив материјал..а прскалки имаше 4 мислам.Е како бе така одеднаш само една го предизвикува пожарот?Кога господинот сопственик у сред тој хаос влегува си ги зима парите и ги остави децата наместо да помогне??Ова беше сведоштво на преживеани.Па мамето твое ако е точно ова.Ако си имал друг план невли можеше да почекаш да ја допеат последната песна..да се иапразни местото и да правиш што ќе правиш??Ретардиран народ бе.А ни основни услови немала таа штала..Ама тоа е имам врски во ОЈО,МВР,Финансиска полиција,од градоначалникот амин бидејќи е негој сој..Апелација,Врховен .и никој не ми може ништо. Е ОД ОВИЕ НЕМА ДА НЕ БИДЕ Ме боли како да изгубив свои луѓе.И ќе боли уште долго.Нека почиваат во мир,а тие што преживеаа да се вратат живи и здрави.
     
    Последна измена: 21 март 2025
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    7 пати ми sвонеше телефонот денеска, со понуда за брз кредит...
     
  13. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    СДК, образованието е многу битно, ми се чини во наше далечно време имавме ние предмет одбрана и заштита во школо.

    Последниве 2 дена на фејсбук се споделува следново :

    Во нормални, уредени и организирани држави децата се учат како да реагираат во кризни ситуации, во случај на пожар, земјотрес, како да се однесуваат на улица, како да почитуваат постари лица, како да се однесуваат во превозно средство...Ама тоа е во нормални, уредени и организирани држави. Ние многу одамна не сме ништо од тоа...

    Еве линк од видеото :clap:

    https://fb.watch/ytbaMo-7t0/


    [​IMG]


    [​IMG]
     
    На eliesaab, GirlLove и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Од денови на жалост имаш човек у сред Веро што на глас мораше да се изјасни: “Аман од музикава више нека ја изгасат.”
    Ко на сите останати по мерак да ни е ова што се дешава.
     
    На MeowMeow и black20 им се допаѓа ова.
  15. Apash

    Apash Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Машки
    Кај нас изостанува контролата, дискотека, фабрика, библиотека, болница, зграда.. сите јавни објекти се градат со тендери ама тие се НАМЕСТЕНИ ТЕНДЕРИ се бира изведувач и надзор по критериум на МИНИМАЛНА ЦЕНА а не според квалитет.. Секојдневно се кради на арматура, се става неквалитетен бетон. 80% од јавните објекти не ги исполнуваат стандардите за пожарна заштита.. а според стандардот потребно е материјалот да издржи минимум 30 минути дејство на оган и да не се прошири. и ете го резултатот, видовте сите
     
    На Biljarkata, eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.
  16. *Schmetterling*

    *Schmetterling* Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Гнила пролет

    Пролетта пристигна со својот сјај,
    ја покри земјата со цветен рај.
    Но, во нашата земја темнина се јави,
    црнило и пекол во душа ни стави.

    Колку немилосрдно што и покрај сѐ,
    наоколу сѐ цвета.
    Додека ние сме овде, без надеж заглавени
    во оваа пролет клета.

    Одиме по улиците каде некогаш
    имаше песни, танц и смеа.
    Сеќавајќи се на една дата која
    градот во крв го облеа.

    Животот на ова парче земја
    повеќе ист да биде нема.
    Цела светлина, љубов и среќа
    оваа пролет ни ја зема.

    Болката на секоја мајка
    во сечие срце се свила.
    Нѐ покоси и разруши
    Оваа пролет гнила.

    Автор: јас.
     
    На Cosmic Girl, Alek90, Milaaaaaaaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ЕмилијаEma

    ЕмилијаEma Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    После трагедијава во Кочани првите неколку дена се потресов но не плачев.Но од вчера пред погребите и денес се изнаплакав поштено.Дали првите дена бев во шок или омбрамбен механизам нз?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Машки
    Па мнозинството не сочувствуваат со нас, но има и многу изузетци.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.395
    Пол:
    Машки
    Јави им се и отерај ги у пм. И мене ми ѕвонеа.
     
    На SummerGirl и Au revoir им се допаѓа ова.
  20. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Ахахахаха... Не ми е згодно бидејќи таа збори понежно од порно се загушува во обид да го омекне гласот до максимум
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.