Тој бивши сопруг и бил. Така кажаа на вести. Имале брачни проблеми, при што го затвориле во лудница на 1 година.
Грешно кажале на вестите. Ова е социјален работник што е повредената и го водела случајот на дотичниов и неговата сопруга, проблемот е нешто во врска со децата. Типот иначе во живо е високо ризична и напната особа.
Ajde eve ubavi vesti imame denes..Eden od pacientite sto ni se po stranstvo se vrati doma.. Jovan deteto sto vleguvase 20 pati i spasi 20 zivoti isto e pusten doma.Mislam ova se ubavi vesti koi mi dojdoa kako nesto ubavo
Ќе работиш цел живот на црно, ќе зимаш пари на рака, ќе пееш по дупки и ќумези и ќе палиш противзаконски пиротехника у нив за бољи доживљај, ќе рискираш животи и ќе се загубат 60 животи, меѓу кои и твојот ради курназ, и некој ќе ти организира GoFundMe за ќерка ти да се обезбедело нејзиното образование... Социјален случај, туга што да ти кажуем... Затоа ли жена му лажеше дека не биле нивни огнометите, иако увек на истата песна у ист момент ги палеа? Па уште и донации по 3000,по 1500 долари од поединци, додека на оние кои цел град и цела младост им ја сотреа, се молиме тука по форумов оти грев и срамота е 0 денари дека пишува донирано. Али ок, тоа е Македонскиот ,, менталитет,,, животот ти вреди само ако си некој, и тогаш се ти е простено. Обичните смртници и нивните деца, кои плаќаат данок иначе, кој ги врти, луѓе сме сите ќе умреме, али овие возвишениве кои воделе ШЌЉ класа емисија каде им се усерувале у животот на рандом особи, подведувале пријателки и млади особи, се дружеле со криминалци и живееле на висока нога, или па испеале 5 песни, ќе ги жалиме повеќе од родена мајка, ќе се акаме по земја и форуми, али ок лапајте си лајкчиња. Затоа и живееме како што живееме, у мизерија. Среќа што не ви искачаат странски објави од пожарот, па да прочитате што всушност пишуваат луѓето одоздола, од тоа кој будала пали пиротехника у затворен простор, до како е отворен таков локал уопште, до тоа како смее 14 годишно дете ака само у 3 саат сабајле со рандом издрогирани и пијани возрасни татковци и мајки шо можат да им бидат. Или па да не ги прочитате коментарите за таткото што стоел и гледал од балкон како жена му отишла детето да им го собере од запалената шупа слеш дискотека. Па гревовие антички шо пишуеле протестна нота до РТЛ оти не условиле со Северна Македонија, додека на Пасошите гордо им свети Северномакедонскиот грб. Кај бевте да пишуете протестна нота до вашата Држава името коа го сменија, ви ибам тоа патриотите гревовски. Па оти Германија не донирала... Па ете Европска Унија пак ни го спаси гзот, шо сакате? Шо да ни донира, ете Јапонците донирале, кај е опремата? Ете луѓето ги земаа, да немаше кој и они ќе земеа. Среќа, имаше. Малце Германија има помогнато не има прибрано тука и леб ни има дадено, наши лекари и медицински лица место гзот да си го даваат ко лешинариве партиски да работат на договор на дело у Државна, тука на Клиники работат, па се враќаат у Македонија и парите таму ги оставаат, додека се плукани по форуми, по слави и родендени ничим изазвани... Се расфрлаат со Ајфони, Дајсони, Хилфигери, бесни коли, кафани, фрлаат мито кај ќе стигнат, купуваат дипломи и позиции, зимаат милион евра патни трошкови и јадат манга и кавијар за 30 денари, и место да се покријат со ушите, бараат донации у облик игла, конец и тоалетна хартија... Не сакаат да излезат на протест оти го организирала некоја партија, Сорос или Илуминатите... А сте се запрашале оти вас никад не ви текнало да учествувате у - или да организирате нешо, освен криминал? Продавате тука муда за бубрези као еден шо му сметало оти имало малолетници у 3 саат сабајле надвор, додека истиот тој им зима пари за коцка на малоленици у кладилница. Или па кажуете причи као и вас ви сметало неправда, бла бла бла, додека ги шиканирате и општесвено изолирате поединци кои кажуваат нешто, само да не ви се шири негативната енергија. Затоа многу ја напуштија вукојебинава, ради вас. Или па да не праиме муабет колку од вас се испотресовте ради трагедијава и колку лајкови од тажачки собравте, додека истовремено у 40ка ги шиканиравте одредени членки кои ќе пишеа нешто што и налик допира со политика, а уствари е секојдневен живот, а што ја нарушува вашата позитивна и зен енергија у облик шо денес за запршка, колку машини имате испрано и која глупа слика од кафе ќе ја стаите денес. Ако ни е, и малце ни е. Ајт.
Тоа е точно.Ова е се само не држава ама ај ..реков некоја убава вест да пишам..бидејќи се е поврзано со сообраќајки,убиства,пожари...
Значи многу сме заостанати како општество, го слушам преѓе коментаторот вели "нема да ја коментираме серијата на Димитривски да не подречеме"
Ако барем и малку пратиш фудбал треба да знаеш за "commentator's curse" и зошто на преносот го рекоа тоа што го рекоа. https://en.wiktionary.org/wiki/commentator's_curse
Коа ќе ми текне порано со какви глупости се занимавав, и на што све трошев време и енергија, ми иде да се утепам Дали е можно чоек до толку да се има сменето, да не се препознае себеси? Детски будалаштини, ама сепак ми е просто неверојатно како сум се занимавала со тоа.
Ми фалат времињата кога надвор на улица игравме фудбал, искачавме навечер на сони и билјард, игравме на улица џамлии, ѕвоневме на домафон од зграда и бегавме, му светевме навечер на комшијата со светилка, игравме шуто-дупе во школо и на улица, се гаѓавме на часови во школо со стуткани хартивчиња и креди, купувавме тазе леб од продавница и го јадевме на улица, игравме ,,жив", ги закачавме женските помеѓу часови во школо, ги браневме женските на улица од машките од друго маало, кога бегавме од часови во школо...и многу други работи. Денешниве деца немаат ни помирисано од овие работи. Еве нека знаат како било. Јас помеѓу последните го фатив ова убаво време, по што дојде технологијата и Зомби генерацијата.