Јаки се вака коа ќе се избацат со нешто слично - ај бе искочи ај, раздвижи се, сѐ ќе исчезне магично, и ќе се орасположиш одма, абе ко нов одма ќе си. Ама знаеш дека коа не се соочува некој со нешто ко ти, ти сакаш до утре раскажувај, не те разбира. Коа би доживеалe ќе дискутираме тек тогаш, вака нема поента. Иначе и да плaчеш цел ден исто ти се фаќа.. Така да се средуваа проблеми арно ќе беше.. А и не вреди солзи да се ронат за никого и ништо. Искрено, ти олеснува вака коа се истураш, или уште полошо е?
Не мора да ме послушаш, ама ако излезиш и ја потрошиш негативната енергија полесно ќе ти биди и утре со мирна глава ќе го решиш проблемо полесно.. ал добро ти си знаеш..
"Правилото" е дека треба да се забулат кога ќе влезат во пубертет. Али морбидно е кога ќе помислиш зошто се забулуваат. Зашто нели, да не ја видат мажи што не ѝ се фамилија, и такви што може да се оженат со неа. Или у превод, девојче во пубертет веќе е спремно за мажење.
Ги забулуваат да не се возбудуваат сексуално животињите што не можат нагоните да си ги контролираат оти нема кој да ги отепа, и да не ги силоваат, па да го обрукаат целото семејство, па да треба мајка и и татко и да ја убијат да ја одбранат честа на фамилијата. Нема везе ни мажење, ни бутур. За тоа им ги сечат клиторисите иначе...
Две недели подоцна, ништо не се сменило, а оние што требаше да сменат, отидоа на одмор... Нема да се засркнете од бифтеците и јастозите што ги лапате на државна сметка, може и ќе ја избегнете земната казна, ама од мајчината клетва и Божјата казна никој не избегал. Сетете се на ова кога мирно спиете во ноќите додека цела една генерација лежи под земја благодарение на вашата алчност. Ќе си го добиете, верувајте. И ќе плачете. Посилно од сите оние чиј плач денес не го слушате...
Денес случајно видов интервју со Христијан Стојанов, едно од децата кое спасувало повредени во пожарот во Кочани.... Иако има само 18 г. и тој како Јован не размислувал на ништо друго, освен на тоа повеќе лица да изнесе од дискотеката.. Тој, а и сите други како него ми даваат надеж за човештвото, дека хуманоста, емпатијата, добрината како најблагородни особини сеуште се присутни меѓу нас Нека бидат од Бога благословени со здравје, среќа и долг живот....
Како поминува времето и толку и трпението ми е,лаги,дволичност на сите страни посебно од вас ... Да требеше да направите тоа што го кажувате до сега направено ќе беше ама ајде ќе се лажеме ...
..постови со ,,денес полнам х години. Сам/а сум и немам.." и креирани слики од вештачкава пропратени со куп ,,душо, среќен да ти е/ти е гајле, јас сум со тебе, сирото јагне" итн.итн. сфаќам дека овој народ уште повеќе удолу ќе нè влече неголи угоре. Тешко нам, тешко нам. Ваквите да читаа годишно по пет книги, досега не само што ќе бевме подобри, ами и помалку манипулирани како народ. Мала помош: ќе укапираа ваљда дека не е сè до кабелот (за било што, примеров со кабелот е само ненамерна случајност).
Молчи Гош, среќа немам пријатели во коментарите. Оти веќе и тоа ми влезе во селекција, најдам ли одма оди на блок.
Не знам, ми излегуваат од страни кои не ги следам. Многу луѓе се фатени на емоции. Фала богу, не се од мојот круг.
А постови со "бараме жени за работа од дома", се знае дека се од Лимес и следуваат коментари "инфо, инфо...", не знам како не разбраа дека се работи за Лимес.
Истите тие, парите што цел живот што р'мбале и ги штеделе, му ги даваат на непознато лице што им се јавило да ги лаже дека ќерка им направила сообраќајка, а не пак слика да разликуваат дали е реална или АИ.
Овие се тие истите што велат дајте да го ресетираме системот, ама нивните да не лежат. Непреземање одговорност и ваквиот доста свесен потег значи дека не се ништо поарни од тие што се вртат на фотелјите. Комодитетот прво они им го пружат.