Ко те сакав и се борев за тебе ти не ме ценеше ама сеа од ко ме изгуби тогаш почна да мислиш на мене... Е,брат касно е ме ИЗГУБИ !!!
Сум Ви кажала милион пати дека многу поише сакам кога е облачно или кога врне (знам де знам, пеин ид ди ес сум), ама па само тогаш сум у фул енерџи муд. НО, денеска решив да неам ништо ни против сонцево А тој.. нему му фали сонце, му фали поголем ден...не сака што се затемнува од 3 а се разденува од 8, ама вели.. робот сум сум јас, одам, работам, си идам дома. Да можам би му пратила некој зрак, да му ја затопли душичката. Но тој е моето сонце таму, го знае тоа. Но не знае, кога ќе ми се насмее..какво топло чувство мене ми ја грее душава. Кога тоа навидум наивно фациче ќе се насмее, целиот свет запира...и се топам.. и не можам ништо против тоа..пресилно е.. премоќно е... ************* Недела никогаш не ми бил ден за одмор, напротив, се нешо се работи, се завршуваат незавршените ствари шо се натрупале и одложиле... и се организира неделата унапред. Без разлика на тоа, на недела никогаш не сум глеала као на лош ден, ок, напорен можеби.. ама лош никако. Понеделник исто.. Патем денеска евоцирам спомени, ми фалат деновите кога сум ги создавала тие спомени. И страшно ми фалат некои луѓе од тие спомени.. ал шта чеш.. Знам дека со родителите е многу тешко да се излезе на крај понекогаш, но, Вие што можете да си ги гушнете и двајцата кога и да посакате... не знаете кој лукзус е тоа...
Одлична вечер со другарките и другарите, мноооогу музика, преубава атмосфера во дикотеката, хитови од времето кога излегувавме во средно, евоцирање на спомени, весело друштво, насмевки и радости! Прекрасно си поминав, а не очекував. Ама кога човек најмалку се надева на нешто, тоа се случува Ете затоа ми недостасува многу дружбата со нив, и тоа е една од причините зошто си доаѓам секој викенд и се малтретирам по автобусите. Ама кога ќе помине викендот, сум најрасположена и исполнета, имам енергија за работната недела и насмеано лице Одам сега да се пакувам, се читкаме!
СДК дека се почесто сретнувам „мажи“ што се опседнати самите со себе. Опседнати со својот изглед, опседнати со тоа колку се популарни на социјалниве мрежи. Немаат за што муабет да направат освен каде и со кој излегле викендот.
Ех, типична есенска недела... Убав, сончев, топол ден. Прекрасен за седење надвор, за прошетки, а уште поубав е кога е исполнет со есенско сонце. Неделите, отсекогаш ми биле стишени, семејни денови. А оние, есенските недели, ме асоцираат на топли ќебенца и излежување до касно, топла супа и домашни. :geek: Чудно е колку е убава есента. Ми станува се’ помила и помила. Ги сакам дрвјата начичкани со безброј кафеави листови, штотуку непаднати. Го обожавам чувството кога суви жолти лисје крцкаат под нозете. А уште кога некој лист ќе ми падне во косата... Не ве потсетува ли тоа на нешто посебно, мистично, волшебно, обоено со илјадници нијанси, бои, еден нов свет? Во последно време многу ја засакав есента... Не знам дали е бидејќи сум родена во есен или поради нешто друго, но дефинитивно ова годишно време полека си најде место кај мене и сигурна сум дека засекогаш кога ќе спомнам есен, нешто внатре ќе ме заскокотка и ќе ми се појави насмевка на лицето.
Вчера си купив нешто за мене - 2-3 блуски и секогаш кога си купивам нешто, ама само да е ПРЕУБАВО како сега, едвај чекам да одам да се прошетам со нив .. така е и сега, за чудо сакам да одам со преубавата блуза на школото што и многу го мразам како и секое нормално дете ..
И тогаш, сфатив дека никогаш нема да ја разберам Физиката. Џабе е и цел ден блеење во книгата, кога мислите ми се на друго место...
СДК дека иако имам 29 години не ми се мисли на мажачка што знам не ми е спонтано звучи чудно ама па и кога ке се вратам наназад не сум имала кој знае колку сериозни врски а во Македонија-да одгледуваш дете таман си го родил, почнало да расте па семејните ти се мешаат(баба, дедо, золва,и тн) па не дај боже на крај наместо кам бек на работа може и отказ
Истото ми се дешава мене денеска,ама со биологијата.До душа,нема нешто комплицирано за сфаќање како физика(која патем ја обожавам),ама не можам да ги запамтам и не мо-жам! Мислите ми се летнати на сосема друга страна,не сум спиена цела вечер,гладна сум,фатен ми е гласот,кашлам ко луда,вечер имам договорена седенка со друштво..и ја биологија ќе учам,мммммда! Божем,толку многу ми потребала градбата на клетката,што утре кога ќе дојде време да се мажам,он ќе ми рече: Види вака,јас сакам ти да си ми жена,ама ме спречува тоа што не знаеш кој прв ја создал Клеточната теорија, и што се фосфолипиди.Ќе си ја пробаш ли среќата? А-и. Па он цел живот живеел у заблуда дека Роберт Хук ја создал,па еве сеа ја се најдов да му објаснам дека уствари Шлајден и Шван ја создале! :geek: А јадрото(кое патем го открил Браун) на целава приказна е дека се се случувало пред само 200 години.Да не биле они,ете ја немажена би останала. Не бе,не е битно шо не сум мажена,битно е што сум изградена од најмал жив биолошки систем,основна градбена и структурно-функционална единка на живите организми. Мммммрш бе,бактериофагу ниеден,неклеточно створење со влакна и опашка и базална плоча! Ќе си најдам некој што ќе се понаша со мене како водата во клетката,да придонесе за одржување на мојава топлинска рамнотежа,ама никако не смее да ми ја одредува физичката состојба! Да си одговараме како DNA и RNA а не вака.. Ај доста ми беше,нееее,денес мозоков у минус.Да идам да ручам додека ми е време и после да го пијам заслуженото кафе за денеска. П.С-Кафето нека биде со повеќе сахароза,ќе ве молам.
Веќе не ми е чудно што некои водечки компании почнаа да тонат кога гледам кој се стигна да биде менаџер. Никогаш ама никогаш немојте да ги мешате блиските во вашите бизниси и никогаш немојте да вработувате луѓе со врски. Подалеку од блиските во вакви случаеви ако несакате да трпи бизнисот. Подобро да вработеа луѓе без ниеден ден работно искуство.
Секоја есен ме фаќа некоја депресија,тага..абе глупо чувство.Често пати се прашував зошто ли е тоа така? Имам две дечиња,сопруг,работа,нели треба среќна да сум?Но јас и понатаму осекав дека нешто страшно ми фали.А тоа да ти било сонцето и топлината.Но не она летното сонце туку она што ги грее домот.Знаете кога седнувате заедно на маса да јадете,кога весело се смеете сите,гледате филм,кога осекјате такво спокојство во срцето и покрај сите проблеми.Во куќата кај што сега живеам владее сивило и еден куп намуртени лица.Има денови кога никој со никого не зборува. Се навракам во детството ..татко ми често пееше без причина весел човек.А мајками правепе во недела палачинки.Немавме нутела за да ги накитиме.Само шекер..но превкусни беа.Беа со љубов спремени. Сега кај што сум имаме и нутела и јаворов сируп ама џабе имаат горчлив вкус , како и се друго.Ако немаш во срцето дџабе ти се сите уметнички слики кои ти висат на ѕид.Но некој не го разбира тоа. Еден божик немавме пари.Но татко ми знаеше колку обожавам мандарини и печена кокошка.И ги донесе.. А мајка ми ги постави на маса.Бил да чисти снег од кука на кука и со парите што му ги дале ја купил кокошката и мандарините.Еднаш три дена дома имавме само кечап и буковец и леб.Апсолутно ништо друго.Но не бев ич разочарана.И покрај тоа дома сонцето грееше.Секогаш си бевме подршка еден на друг.За овие 8 год брак се обидив на разни начини да внесам топлина во домот на мм но за жал не успеав. Догодина треба да имаме свој дом мој негов и од нашите деца.Дај боже да можам да го направам она за моите деца што го направиа моите за мене и сестра ми.
Си се тешиш. Македонија била крива сега... како одгледале и одгледуваат сите, така и ти. Не си ништо попосебна од другите.
Другарки од корист. Оф мори мајко мила. Зошто мислите дека сеуште не сфатив, м? Денес повторно ме баравте, знам зошто и не ви одговорам. Секогаш е истата приказна, веќе неколку години. Ама, научив.
Колку само убави места има државичкава наша,што немаме појма дека постојат. Денеска бев сведок на една природна убавина која ме остави без здив,изгледаше толку светски. Добро е да се посетуваат и негуваат таквите места. Имаме и ние на што да се гордееме.Колку само значи малку тишина и мир,далеку од гужвата во градот. Почнувам да го сведувам животот на печали патувај,истражувај.
Животов може да биде страшно зезнат.Го влечеш на твоја страна,го туркаш,преколнуваш,му удираш клоци ама не таков е тој,те врзува со стеги кои се невидливи а силни.Како мрежата на Спајдермен.Колку повеќе се препелкаш толку повеќе те стиска и гуши.А за таквото негово однесување секогаш има оправдување мајчиниот.Наместо денес да се искористи денов во шеткање и дружење го поминав во перење,пеглање ,доручек ,ручек,слатко од дуњи,кратко кафе со комшивката,туширање,фенирање...за на крај да се плеснеш на двоседот како лесковачка плескавица,прашувајки се во што ти отиде денот.И така,чекајки да се исуши лакот на ноктите од тв ме заплискува новата реклама на нашата ценета Влада да се храниме здраво.Замерка имам само на учесниците,па можеле да најдат некои така кхм...кршни,високи,со убав говор.На страна тие, питата од сливи предизвика кај мене такви оргазмични воздишки и оближувања,што маж ми доби настрана идеја.Кога на крајот сиромашкиот сфати која е причината за мојата возбуденост,рече мора да се потрудел да направи нешто слично.Е драги мој, конечно сфати дека не е само скарата храна. И така ,постојат луѓе кои си ги носам во срцето и душата,а другите богами нека се носат.
Моментот кога ќе го најдеш совршениот парфем којшто цело време те тера во јавност дискретно да ја доближуваш раката до носот... Прајслес!