Измеша поими, а не верувам дека секој така е добар како шо мислиш ти. И јас така мислев, повеќето ги сметав за другари/пријатели ама не секој арно ти мисли. Инаку вистинските пријатели да му се јавиш во 3 сабајле да дојди да ти помогни, да те ислуша, па и искритикува некогаш ретки се. А такви ги имам тројца моментално, порано многу повеќе беа, ама со тек на време ги осознаваш какви се. Иначе по природа сум комуникативен човек, имам доста познаници, живеам длабоко во срцето на градот, работата ми е таква каде што треба да комуницирам со луѓе така да...
Не бев активен на форумот неколку дена поради лични причини и ме интересира дали оваа тема овде се обработи,и дали знае исходот некој кој е?https://www.facebook.com/share/v/15Jzu6Lg8q/
Се повеќе и повеќе го разбирам и се чуствувам како него.. Изгледа не бил негативен лик само ја одликува реалноста на еден човек кога и последното весело делче во него ќе умре..
Чекавме со комшиката на дечко ми од спрат лифт, и ми вика тој стан вашиот е поголем, нашиот помал е, ние прво тој го гледавме, и јас бев као океј, вика ама стари сме ние, а и кој ќе чисти два тоалети цело време. И ми вика овој што го земавме нашиот стан, излеа на овие до нас спалната им е до нашата дневна и се слуша навечер, нема добра изолација.. Мене ми падна смешно, ама се воздржав, викам да да, лоша е изолацијата се слуша се.. Не кажа буквално дека се слуша кога имаат секс комшиите, ама ваљда се подразбираше кога рече нивната спална е до нашата дневна и се слуша..
СДК дека има причина зошто контактот со некои луѓе е прекинат и ставен на дистанца и тоа треба така да се остави и да не се гиба ништо во то да се поправи. Вчера дадов шанса после многу години и стапив во контакт со една особа со која години бев на дистанца со причина и се покајав. Ништо не се сменило… Два реда муабет и се повлеков..
Исто и кај мене. Си викам ај да видам шо праат, а они опет по старо. И ми текнува зошто сите ми се на блок.
Ако некој, некогаш знае, дпзнае, разбере лек за people pleaser, аман кажете го. Ова веќе е болест. Топла вода измислувам да им угодам на луѓево околу мене, и пак се разочарувам секојпат одново. Се граничам со лудило.
Штотуку изгледав видео од американец кој рента кола на Малта, и снимил цело видео како тоа таму се вози на лева страна и воланот во колата е на десна страна. Значи се снима од паркингот, па како влага у колата, па како тоа е изненаден, и све тоа убаво монтирано и со subtitles. Потрошил време човекот да се сними како е изненаден. Некад се прашувам, дали американците се стварно глупи или се праат дека се глупи заради лајкови? Во ера на експанзија на Интернет, стварно нема смисла да одиш некаде а претходно да не се информираш кај одиш и што све таму те чека, поготово ако си млад човек (ајде постари и некако оправдано). Па и да не сум излегол никад од државава преку интернет ќе знам дека има разлики од држава до држава.
Ако немаш, најди си партнер. Жими све. Може звучи смешно ама ќе ти стане приоритет и сите други ќе паднат во втор план. Ќе немаш ни време ни сили да угодиш на сите
@FreeToGo избриши го линкот. @RainBow а да стои некаков натпис пред да се испрати порака, зашто не секој знае дека не треба да постира линкови од инстаграм и фејсбук?
Открива идентитет ако споделиш линк, а е една од најчитаните и може нема да може модератор веднаш да изреагира.
Еден многу голем flex во животот ми е што многу повеќе имам направено добрини од некои од чистите души кои постат.
Легнав на мала попладневна дремка, и еве се будам после 4 децении, дехидрирана, не знам кај се наоѓам, ниту како се викам. Совет, не станувајте рано (како некои на пример, мене), за да не мора да се осеќате ко сахарска фока после попладневна дремка.
Најбедна работа во свет ти е македонски газда,заглавен во кредити,лаже,дужи секаде и плака на фактура.Барам покачување од 1000 денари за да бидам малку над минималец,ми вика НЕМА ПАРИ,од септември можеби,па ја тебе ќе те чекам .Јас го вадам прометот, не разбира дека за бедна илјадарка може цел бизнис во вода да оди,и тоа зашто се фаќаат на ситни пари.Ќе се нафати некој и за таа плата ,ама ете му текнало да краде,забушава и чека да помине ден,им вика инспекција.Е ова да го разберат ќе знааат бизнис да тераат.Ама ете главно било да те кажат ГАЗДА СИ БИЛ.