Ми се спие а неможам да спијам, дежурам децата да не качат пак температура. Отидов до кујната и работите излегоа малку од контрола, ги изедов сите чоколадни јајца шо ги купив за Велигден.
Со цела сила се држам да не отидам во кујна да ги изедам двете торти, руската салата, кифлите... Сега на темава и бурек прочитав, и бурек ми се јаде. Ќе се испратам...
fbaby па се сакате да изедете, стрпете се малку. Јас сум карактер, не пробувам чоколадо или благо по јадење дури после 4- 5минути може.
@Adidas888 e одговорна мајка. Се жртвувала и ги изела чоколадните јајца за да не случајно ги најдат и изедат децата па пак да качат температура
Пошто еве се стоплува времето, само да им порачам на овие вечно зимурливите што промаја им е најголем душман - од болка у врат од клима и промаја никој не завршува на ургентен, ама од топлотен удар, мозочен удар и сончаница многу. Така да, помалку да серете на јавни места.
Лелее колку сакам вака топло и убаво време, нема подобро, па тоа нормален народ излезен, позитивен и полн со енергија, испоседнати друштва низ кафичи, ресторани, излезени на прошетка низ парк, абе милина за душата.
Тоа што го предвидов пред некоа ден,во поход на два фронта истовремено,па после тоа ке тражеме правда за изгорените од Кочани,за Груби,за што беше друго.... ае не мора уствари....
Дрва расцутени, сонце, подолг ден, мирис на пролет... Нема подобро време во годината од ова, и допрва што ќе доаѓа, бидејќи мај е најубавиот месец. Се полнам со позитива, имам мотивација, желба за живот. Повеќе време поминување надвор со луѓе, природа, поудобни патувања, а кафе на сонце ја лечи душата. Не, никогаш нема да ги сфатам луѓето што преферираат ладно и црни темници пред ова.