Абе ај.. Никој вајда не е до толку будала да го мрази времево како моментално што е сеа. Ама дај споредба ова време пријатно и времето у јули, исто е? Што е до мене, само вака да можеше да се задржи, ни помалку ни поише
Колку е одвратно времево, фујчина. Се надевам ќе врне до септември. Освен тие недела-две у лето кога ќе бидам на море, нека биде топло тогаш. Ролетните ми се спуштени до 8-9 вечер, секоја чест на Антон Гриесер што ги измислил.
Според мене ни тогаш. Одвратно скроз, пекол бе пекол После 30 степени веќе е стварно одвратно во секој поглед.
Блазеси ти. Ние другиве буквално цркаваме на такво време, жими се, не претерувам. Само сакам под клима да сум, по можност мраз ладна да е просторијата Ама многу мрчат луѓето ко шо рече Манчи, ќе смрзнеле. Ја мислам ние шо мразиме жешко, ко повеќе да можеме да се прилагодиме на такво време, него ли другите контраши. Еве не сме се стопиле уште, вајда нема.
За тебе веќе знаеме. Топло време значи поголеми шанси за Сакам вакво време. Не сакам ладно, ветер, снег, дожд
Жешко ми смета здраствено. Сегашното време е идеално, и ради то шо примам специфична терапија која нахнадно ми прај жештини веќе почнува да ми е захтевно. Ментално се спремам за како ќе го преживеам ова лето. Да се наоблечам ко ќе ми студи можам. Кожата да си ја одерам ко ќе не можам воздух да земам од шо е жешко и се препотвам и дехидрирам - не можам. И зато и се согласвам со она погоре. Од клима (не на преладно, као која е поентата шок на организам да се прај при излез надвор) ништо страшно не е. Ама од претерано жешко (а, секое лето е се пожешко!) има сериозни последици. Камо да можеше времето вакво да остани и сите да сме среќни, ама ете. Не можело.
Има разлика од 20-25 степени ко денес до 35-40 у лето. Ова е ок. Оноа у јули не е. Не поднесувам лето оти низок притисок и спиење по цел ден enters the chat. Не знам дали постои летна депресија (ко што има зимска) ама дефинитивно е полошо чувство да не можеш нигде да излезеш цело лето од 10 до 5 без да се издинсташ убаво на 40 степени. Сум била многу пати со сончаница, двапати близу до топлотен удар и мислев толку е од мене. Не гледав ништо пред себе, за момент не знаев каде сум, пиење вода не помагаше, осеќам ко да више не можам да се потам. Ме седнуваат луѓе на сенка, ме ладат со вода, јас ни името не знам да си го кажам, викам тука ќе испуштам душа. Така да со извињење ама јебало ве лето.
Има. Некои се осеќат шит есен до пролет, други од пролет до есен. Јас лично, на зима ментално сум лом, на лето физички. I can't win.
У лето сум both лом Јееедино нешто што ми се свиѓа во лето е поголема раздвиженост на луѓе навечер па кога трчам по кеј или патекава кај мене, немам толку страв Едит Еј барем конечно најдов спреј за сончање за фаца со кој не се осеќам ко некој да ми свршил на фаца кога идам да трчам денски.
И така си мине времето, кој на вечера кој фатил негде настрана, секој си празнува на свој начин, јас седам сама и блеам во една точка ко пациент некој и чекам да дојде некое подобро време... Не немам сила да го направам, ќе си дојде самото, ваљда... Среќни Велигденски празници драги луѓе, бидете благословени