Поголема глупост од OneID апликацијата е одлуката на КБанка да ја користи услугата на истата. Конфузно, комплицирано, нејасно, бавно... да не зборам за оние кои воопшто немаат или не можат да имаат стјупидфон.
Моментално ја инсталирав за првпат, читав многу проблеми имале луѓето. Буквално за 5-6 минути беше завршен целиот процес - регистрација, потврда на идентитет, додавање лична карта, добивање дигитален сертификат... Не знам зошто толку негативни искуства?
Не знам луѓево... И се јавувам на една другарка, да ја слушнам како е, ми кажа нешто не била ко што треба. И знаете што ми рече? Да ти кажам, многу си здебелена. А знае, каква работа имав, со што се занимавав и дека ноќната работа, ако не внимаваш на исхрана - дебелее. Пошто одреден период не внимавав, стварно. Ми вели, ти си ми другарка, морам да ти кажам дебела си. И сеа си велам, како не му текнува на луѓево, пример дека примам терапија што здебелува? Мож имам проблем што се средува со апчиња кои здебелуваат, па се трудам колку можам да внимавам. Плус и на крај, совети ми дава како да сум се хранела. И реков, фала ти, знам и сама дека имам накачено на килажа и ае средувам. Јас, секогаш гледам, бирам зборови и излгеда сум глупа што внимавам некој да не повредам и да му речам : Дебела си, слаба си. Што ти стана? Али сепак, ние сме ние. Тоа е македонштија.
Нема да претерам ако пишам дека 10 пати потврдував идентитет, сликав л.к. по 20 пати за да веќе 8 часа чекам за дополнителна проверка. Банките можеле ова да го остават само за деловни/правни лица и корисници а обичните смртници да си останат на стариот систем. И повторно, што со оние кои немаат смартфони? Против ова треба помасовно да се побунат клиентите-граѓаните, како тоа банката да ги условува и да им ги кине нервите на клиентите со вакви глупости? Нели се наградени како банка на годините? Тешко им беше да постават видео со јасни инструкции а јутјуб. Тој што ја правел апликацијата изгледа сам за себе ја правел па сметале дека нема што да објаснуваат. Зошто мобилниот да ни чита отпечаток на прст, да ни снима лице? Можеби мојот мобилен не сакам така да го отклучувам. Останува шалтер, но таму на секое одење те прашуваат што не си ставите интернет банка? Не се свесни дека тоа негативно ќе им се одрази на потребата од нивното сопствено работно место. Moже линк? Фала.
Као демек ти немаш огледало дома па незнаеш, можеби имаш проблеми со организмот, ејјј види си се здебелил, ејј си ослабел да не си нешто болен, едно време бев качил некое кило повеќе и тоа повеќе и решив да ослабам се вратив некако во нормала, со вежбање и режим на исхрана, неколку души еј види колку си ослабел да не си болен?
Не знам зошто... Кај мене од прва се потврди и лице и сликите од лична карта. Можеби ако си сликала во лоша светлина или ако не се чита доволно текстот на сликата, бидејќи сепак автоматски процес е тоа. Инаку, reviews на апликацијата читав на play store..
брееј со кого се дружите што есап ви прават. Јас знам плата на брат ми, другарки, они мојата. Чисто си дискутираш да побараш повеќе те бодрат, да смениш работа или општо да си кажеш ако си задоволен.
Ееее за таков муабет е друго, отворена сум и за плата и за услови Ама ти кажувам дека 90% од случаевите ми водат математика. Моментално кујна праиме дома, знаеш шо беа коментарите "Еее па на таа плата јас палата ќе изградам хе хе" "Аздисувате, морало се Х бренд да ви биде, АМА НА ТАА ПАРАААА" , и бла бла бла. Ретки се случаевите кај шо рекоа "Леле шо убаво, со среќа, браво" Одбивам на глупост, не знаат да се израдуваат на туѓа среќа тоа е
Јас и маж ми прекинавме контакт со еден пар пријатели затоа што господата почнаа да покажуваат љубомора кога маж ми им кажа колкава плата зема. По некое време доби покачување. Кога им го кажа тоа, изразот на лицето им беше Оттогаш ги снема. Ако сретнам еден од нив двајца ќе им кажам дека маж ми пак доби покачување на платата. Нека пукнат од мака.
Од тие причини ни мајка ми не знае колку плата имам. Одма ќе ми израчунаше, за толку пари, толку време, златна кокошка ќе си купиш, златни јајца ќе ти носи
Не знам каде треба да го пишам ова но.. ептен сум благодарна што го имам маж ми не знам што ќе правев без тој човек! Огромна поддршка ми е.
Искрена ќе бидам, ама имам малце ниско мислење за луѓе што работат по казина и обложувалници. Једино да е студент што привремено му требаат пари, ќе разберам. Возрасни магариња да се фаќаат за сламки што се деструктивни за општеството нема да разберам. И јеа, знаеме дека никој никого не тера да се коцка. Ама само зашто е легално, не значи дека е и морално. Дај ете имате бизниси и за дилање дрога, оружје, а машала и добри пари се зимаат. Или тогаш и вашиот гз ќе настрада? Мислам прегрда слика е кога ќе видам нац'цкани казина во мало место, а ти ко будака аптека или нотар бараш.
@Munchmallow20 некои немаат избор, а не дека сакаат. Истите и те како прават напори да сменат професија, иако на прва не изгледа така. И животот не е некоја права линија, што им се дало - тоа го тераат (ако немаат избор). Кога се има избор е најлесно, тогаш и тој преку патот знае што да избере за нив. Те читам, па не знам зошто стално ти сметаат луѓе кои не се од твој калибар. Да, може да ти пречи нешто кај нив, но не може стално сешто да ти е на мета (кај одреден вид луѓе). (Не)поврзано СДК, ова твое мислење ме потсети на фризер кој секогаш имаше различна цена и третман за различни професии на клиентите. Во смисла, овие од подолните нема да ги стокми како што треба и ќе наплати повеќе (ама поштено ќе си платат), а овие од повисоките им се обраќа во суперлативи и често имаат некои попусти. Да не е ветар и магла, експериментирав еден период (оти од набљудување ништо не бидува) и истото ми се потврди. Разочарувачки ми беше колку се оди во крајности и колку истиот не може ни да те познае дека си истата личност (од што навикнал да меле испробани реченици, а соговорникот го гледа само како сенка). Професијата не е репер за тоа каков е некој човек, ама за нејзе се лиже газ - демек повисоката позиција, носи повеќе почит. СДК2..нешто околу деструктивноста на општеството. Сите сме на некаков начин деструктивни. Тоа е во природата на човекот, да биде таков. Не можеш ти да ги гледаш нив како закана за општеството. И ти може да си деструктивна, на свој начин (а да не е професија).
Не знам кои се тие од мој калибар. И ајде да речеме некои немале избор. (Тешко тоа ама ае) Ама што е со јавни особи кои рекламираат казина и филијали за брзи кредити? Кирил Лазаров ли немал избор во животот па рекламираше таква филијала? Едноставно и никој никого да не тера, во твоја моќ е барем да не поддржуваш такви бизниси. Јас јадам трици за луѓе што возат брзо, што фрлаат ѓубре, што се понашаат ко да се сами на светот. Ако тоа е за тебе беспотребно зборење, оти само така ми сметале, океј.
@Munchmallow20 не е муабетот за познатите што поддржуваат вакви бизниси (свесна личност не ги оправдува во ниеден случај), туку за потсмевот на тие луѓе кои работат во казина. Не одговара, па сврти (ја). Во СДК2 ти го упростив сето. Другото е на тебе. Огорченоста т.е јадењето трици како што ти го нарекуваш, често нема врска со другите луѓе.
Премногу фрустрација, осуди и огорченост имаш во себе без потреба. Не си ни прва ни последна шо би пробала да го поправа светот. И колку за инфо и таму често работат под константни закани и навреди од муштерии.
Без некоја посебна причина ама сонце, ми смета многу, чувствителна кожа, плус во очи ми оди не можам да гледам, проб со лицето ми прави и ред други работи, дождот ми е убав, треба да се селам во Лондон хаха