Игнор ти е најдобра опција. Што и да ти кажува/пишува, не му враќај. Ако и покрај тоа продолжи да ти досаѓа, кажи му дека ќе го кажеш на сите и дека ќе го пријавиш за вознемирување.
Епа... Кажи и и на сестра ти да го игнорира или ако не бива, бар да му каже да не ја замара со тебе и завршен проблем.
И сестра ти нека го тргне од себе. Буквално тргнете го сите од ваша околина да нема како да допре до тебе.
Луѓе помагајте! Значи пресреќен сум, солзи ми капа сами по образи, ама не се разбирам во ова. Старосват сака да бидам другар ми на неговата свадба. Ве молам кажете ми како оди сето тоа, и имам време да се спремам цели 5 месеци.
Ако и тој не се разбира, да си праша дома дали може. Имаше некој обичај дека старосват треба роднина да биде. Ако не држат до обичајот, што знам- почни да штедиш. Појма немам што функција има старосват.
Епа едниот братучед го одбил односно заминувал странатво тој период, другиот не живеат, и после демек зетот го бира старосватот и еве мене како поблизок другар..
Не мора роднина да биде старосват (ама може), за кум знам дека не треба роднина да е. Сега по ново ставаат старосватица другарка на невестата. @Stark секаде е различно, ќе си прашаш во црква, старосватовите кај нас носеа две свеќи украсени за во црква, платија во црква, поклон во плик ни дадоа, а материјал не носеа, само кумот, знам дека и старосватот носи материјал за во црква, ама нас попот ни кажа само кумот, затоа прашај си.