Свака част на поедини членки што имаат нерви, време, прсти и струја да арчат да се објаснуваат со гревои по форумов..
Ова морам да признаам е ситуација која ретко се чита, гледа и доживува. Оти за МК работодавец покачување на плата значи макс 2000-3000ден шо се трошат со едно одење во маркет, а намирниците шо ќе ги купиш, ги трошиш за 4 дена.
Читам AI мојава професија тешко ќе ја замени во блиска иднина. И така некако се осетив дека сум малце побитна во светов од што мислев
Со оглед на овие покачувања на цени, 10 илјади денари не е баш многу искрено.. Едно одење во маркет е 100 евра со се производи за хигиена и тоа за 1 човек, ама не е ни лошо..
Искрено во IT секторот ова и не е баш големо покачување. Јас би бил револтиран волку да ми покачат. И да, на различни позиции сме и различно искуство имаме со Нина, но како мид ако добиеш годишно 10к покачување...малку е.
Sorry fish, вие во ИТ секторот, друга лига сте. Тешко на нас, останатите со овие плати и покачувања..
Сакам да кажам дека не знам што е форава со мона каишите. Изгледа од Марс сум падната. Не ми е јасно зошто секоја трета што ќе ја сретнам ги носи. Толку се квалитетни, или нешто друго е причината?
Тоа е само за тие што работат за странски компании кои отвориле овде римоут канцеларии. Нашите, македонски фирмичиња не се расфрлаат така лесно со плати. И пред да дојдат овие странски инвестиции и во ИТ беа платите мизерија. Е сега и знаењето треба да ти биде на повисоко ниво оти конкуренција ти е цел свет, и ако увиди клинетот дека во Индија за 500€ плата може да му ја завршат работата, таму ќе ја пресели компанијата. И кај вас во реномирани приватни болници платите не се споредуваат со мали амбулантички. Во Жан Митрев почнуваат со дупло повисока плата од државна болница. Но, да, треба да се зголемат на сите платите. Апелирам јас подолго време дека минимална мора да е 500/600 еур, а средна плата околу 1000. Оти под тоа не можеш да преживееш.
Тоа е точно во приватните болници, но за специјалисти со солидно и долгогодишно искуство. Во превод, јас солидна плата, хипотетички би земал над 50г. Дотогаш, средно жалосна. Таман пред пензија, со ишијас, шилци, артрит, вода во коленото и притисак ќе проживеам.
Не мора до 50... Имам другар специјалист во рани 30-ти и зема одлична плата во приватна болница кај нас. Сепак може, и треба да е подобро платено. Ама кога не е, треба да се мисли outside of the box. Имате знаење, експерти сте во својата област, имате бесплатен медиум денес, имате опрема, ви треба да ги усовршите дигиталните вештини и може да го споделите тоа знаење. По некое време ќе ви биде и профитабилно. Па како ќе се ширите, ќе се сетите на Били, па ќе побарате некое веб страниче, па мобилна апликација. Ќе ви дадам некоја сулуда цифра, па ќе најдете некое дете на Реклама5 што ќе ви ја направи за 300 еур, ќе видите дека не чини, па ќе се вратите кај мене. И така. Сакам да кажам, дека денес светот нуди секакви можности, и секој од нас може да ги зграбчи. И второто е, дека секој на старт е малку платен, и секој почнува од 0. И јас сум ги нудел моите вештини за малку пари, но со тек на време како сум стекнувал експертиза, знаење, сум учел софт скилс, сум развивал конекции и добриот збор за мене се ширел меѓу луѓето, денес можам моето знаење да си го наплатам повеќе, и да не се задоволувам со малку. Битно е да се почне. Потоа со тек на време ќе се дојде до усовршување, и еден ден истото ќе се наплати. Разочарувањето нека биде мотив плус да се успее, а не причина плус за да се откаже. Нема полошо од стагнација и прокрастринација.
Не знам што да правам утре за ручек. Ова ми е најтешката работа на цел свет. Не дека нема што да се купи во денешно време ама и тоа треба да се смисли...