Како бе по ново? На мајка ми старосватица и' е другарка и', барем сите нивни пријатели меѓу себе си се бирале за кумови/старосвати. Јас прв пат слушам за ова дека треба да е роднина старосватот, а кумот да не е, пошто и на фамилија наша сме кумови.
Истово го мислев ама ти што убаво знаеш да го срочиш . Скроз на место во однос на горниот муабет. Бидејќи професии кај што уствари одлучуваш за судбината на други луѓе не се доволно напорни и стресни, па треба и од дома да си го жртвуваш остатокот од времето за да преживееш.
Па јас не пишав дека мора да е роднина старосватот (ама може), друга членка пиша дека старосватот треба роднина да е. На крај краева секој крај и секоја црква си има свои обичаи, кој како сака си прави. Еве нас попот ни кажа само кумот материјал, а секаде кај што сум одела по свадби и староватовите носеле, баш и мене старосватицата ме прашуваше каков материјал да ми купи, кога и' кажав дека не треба се зачуди. Нас старосват ни беше братучед на мм (не дека мора роднина да е, така испадна), а кумот синот на кумовите што го крстиле мм. Во некои краеви старосватот е вујкото. Па сега на мајка ти ако и' била другарка старосватица во тоа време, не значи дека сите така правеле, на сите свадби јас кај што сум била и кумовите и старосватовите биле од машка страна, потоа почнаа другарка или братучетка на невестата, секој си пишува од свое или искуство на блиски.
Не се карајте прашавме, можи. Сепак ви благодарам на сите за информациите, пошто за мене ова е нешто ново и непознато, плус многу емотивно го процесира, нормално позитивно и сум среќен многу.
Јасно, само мене ова ми беше чудно дека рече "ново", а прв пат слушам, цел живот знам дека пријатели блиски се бираат за кум(а)/старосват(ица). Исто и релативно скоро разбрав за "старо кумство", не познавам никого ни стар ни млад така, затоа ми падна чудно.
Робовите никогаш не ги плаќаат доволно за да можат да станат пристојни луѓе , ги плаќаат толку колку да можат да преживеат и да се вратат на работа. - Буковски Честит ден на трудот.
Јас кај што бев старосватица, за матичарот само лична карта, за во црква они си купија што сакаа (материјал, свеќи) - им дадов пари (исто и кумот, така се договоривме), и во црква платив 1500 денари. Плус кога завршува венчавката попот рече да ја даруваме иконата, и таму по 500-1000 сите оставивме. Инаку во црква си има поп и помошници, тие ти кажуваат што да правиш цело време, мене паника ме изеде Јас и на штикли ниска, а младиве двајцата високи, па потклекнаа да можам круни да им менувам. Убаво беше, едвај се воздржавме да не се смееме оти никој од нас немаше поима што треба да прави, реално После сите интервјуа, наоѓање на чесна фирма (допрва ќе видиме) беше мисија, да не зборувам за понудиве за кои не знам како не им беше срам да ги нудат. Ни дете од средно излезено не смеат така да третираат! Ама скарата не смее да страда, никако Денес требаше да сме надвор, на улица, за минимална плата што е 24500, за неплаќање на ноќна работа, за плаќање на рака, за работење гратис саботи, за недавање или барање назад на К15, за мобинг, за сексуално вознемирување... Оти па не може, а и не треба, сите онлајн да работиме, општеството не функционира само онлајн (и за да има некој пристап до интернет, некој треба мрежа да поврзе, одржува... итн). Ама, нас 60 луѓе, деца ни изгинаа, чмаеме, што се па работнички права...
Па добро, "поново е", инаку сега и кумови и старосватови сега одбираат другари, ретко старо кумство. И порано старосватови и кумови им биле другари, ама од машка страна, потоа почнаа и од женска (ова од мои блиски), што не значи дека тоа е правилно. Па старо кумство уште од родителите, и потоа децата на кумовите продолжуваат доколку сакаат, ако не сакаат се бара нов кум, ама благослов секако треба од старо кумство (така барем имам слушнато), колку е точно не знам. Нас синот на кумовите прифати да ни биде кум и подобро да не бараме нов. @Stark не се караме, си пишуваме од наше искуство и од на блиски, секој крај си има свои обичаи.
Или тоа или "абе што се жалиш, ене во Кромберг и Шуберт бараат работник за четириесе иљади" Важи бе златен, кога ќе ти треба лекар, лабораторија иди у Кромберг, слободно. Или пожар да те снајде, исто у Кромберг јави им се да те спасат. Или пандемија утре пак да фати некоја, исто Кромберг нека ве тестираат и лечат.
Дали на Волт им е критериум доставувачите да им се неарни во паметот? Ни еден доставувач не вози нормално на скопските улици. Сите се залетуваат како да мора да попречат поминување на пешак или некој во друго возило. Разбирам дека е битна доставата на време, ама не по цена на нечиј живот.