Ама они добија награда најпосакуван работодавач пред некој ден баш Битола Последно што дознав дека во Прилеп беа да врбуваат луѓе..за греота се
Ако тие се најпосакуван работодавач ,можи да се затвориме. За таму е и искуството со брат ми. Дури и ако не ви се бендисува фрлете картичките, вика никој не мрда. Мене стварно не ми е јасно жена сум со дете да треба 12 ч да работам 3 дена ќе забегам. А не па цел месец...
Не сме до толку. Ваљда не сме. Многу е важно да стигне нарачката што побрзо. Секој што нарачал сака топло јадењето да го јаде, а не секогаш нарачката блиску се носи.
Абе секое село со своите обичаи. Башка свадба не секогаш е само на младите, некогаш стари се мешаат со свои убедувања, некогаш климаш со глава, некогаш ги тераш у Хондурас, и така. Се разбравме
Ти може си исклучок што го немам видено. Ама, кај и да одам гледам како прекршуваат правила. За нарачката реков дека ми е јасно, но не треба да се залетуваат оти може да станат виновни за нечија повреда или не дај Боже, смрт. Треба да мислат.
Не сум доставувач во Македонија, така да мали се шанси да си ме сретнала. Ама знам дека сме платени од нарачка и затоа се брза не е толку до нарачката да е навреме.
А, ок. Али, пак пази си. Секаде има такви кои не мислат на можните последици. Работа се наоѓа, но изгубен живот не се враќа.
Најтажно е што заради нивниот надмен однос им трпи приватниот живот ама тоа тешко ќе го сфатат ако на период не излезат од професијата. Некогаш посакувам да го имаат во себе осетот за границата меѓу надменото и приземјеното.
Како би реагирале во друштво или близок пријател ако ти зборува како ниски плати земате, а тој во секоја прилика се фали како земал голема плата, целел кон не знам какви амбиции, онака понекогаш со потсмев го кажува нештото? Мене ми алудира на човек со нижа вредност и нема друго што да понуди искрено.. Вака со години се дружиме и живејме ама во последно време толку ми е површен дури и одбивен... Некогаш си велам Старк батали го ама ко да почнува да ми смета. Бравос се радував за него кога успеа, ама некако ко да ме разочарува со однесувањево?
Голем дел од нив стварно така се занесуваат. Ми текнува, во населба снема струја. Една што е во таа сфера кога почна да се занесува. Што ви требаше толку да дојдете, мене ми зависи работата од интернетот? Седам и губам пари. И овој ѝ рече, госпоѓо од рано сабајле сум на терен и поправав на 5 локации. После ова можеби уште нешто ќе излезе. Работам дупло повеќе од тебе, а земам дупло помалку од тебе. Таа се затна. Оваков нема да биде пријател повеќе. Ок е да се пофали еднаш. Со повеќе пати е серко кој не ти треба. Откачи го.
Целиот муабет му се сведува него колку заработувал и на шо трошел. Денеска разговаравме му велам вака и вака работава за таму кај што планиравме за на одмор, не знам дали ќе имам толкав буџет затоа што летово треба да реновирам купатило, дома клима да земам, старосват ме праша дали сакам да бидам наш другар и ми требаат пари. Се дразна да ми вели ами работи и втора работа, сеа не заебавај договорено е. Второ што рече го видов ко демек криво да му е шо не му рекол него или откај знам вика "Ме чуди тебе шо ти рече или изгледа сите го одбиле".. Мислам wtf шо да му вратам на ова освен да се насмевнам и да му речам така е, а за другото со работата му велам да не ми соли многу памет оти тркалото се врти, да не плачиш ко пред да ја најдиш работата. Бев во негова куќа, инаку да бевме надвор негде ќе му кажев дека не е во ред да се однесува без почит вака и да се дразнува да ми соли памет, а да не сум го прашал. Не си го земам толку лично, колку што почнува да ми биди жал ама истовремено и ме разочарува како пријател.
Човек кој постојано те омаловажува не ти е пријател. Ако сакаш пробај да му кажеш како се осеќаш, но на вакви не вреди да се троши време.
Старк шо му се правдаш па ти, та купатило, та клима та овоа оноа.Не одам на одмор и готово,ако многу запрашува зашо овака онака, ае ае мрш оди по друг запрашувај,кажи му
Од тоа си патиме Старк, од годините што не можеме да ги прежалиме - најчесто е еднострано; а овој тип не е ни пријател туку слепиот кога ќе прогледа и му се може (на буквално еден момент). Инаку ваквите намерно бираат кога си им на гости да ти укажат, понижат и тн. Никогаш повторно не му кревај на телефон.
Јас не давам детали. Ако ме прашаат зошто не одам некаде, кажувам дека не сакам. Што има да им објаснувам