Затоа што укинувањето на кешот е тесно поврзано со укинувањето на личната слобода и целосна контрола на системот врз граѓаните. Ама тоа е многу подлабока тема од твоите лични, површни аргументи. И јас плаќам со картичка но сметам дека слободата на избор не треба да се укине. Кога некој ме уценува и ми наметнува нешто тогаш тоа ми е red flag. Си слушнала за social credit system во Кина? Ако не си, нема поента да дискутираме.
Подалеку од таквите.Мене таквите ме иритираат и комуникација сведувам на минимум.На никого ќе му љубоморам ама не Па кога ќе се дигнат малку повисоко мислат којзнае што се.Затоа од вакви бегам.Не можам да да ги слушам-тешки нарциси.За нив сите останати се безвредни.Среќна сум што успеале ама да газат се пред себе?Е тоа не толерирам баш.Затоа држи на дистанца такви луѓе.
Слобода за криминалците. Иронично е да зборуваш за слобода и пари, кога двете се антагонисти. Не не си слободна кога за се ти треба пари, сакаш кеш, сакаш картица. Зошто правиме муабет за Кина? Кога нештото не ни мора да постои да биде логично. Ако потекнуваш од посиромашно семејство, нема да одиш на факултет кој е доста скап. Може ти со кешот да одиш на Харвард пример? Него ако според државата си сиромав, од кај ти пари детето да го пратиш на скап факултет. Сива економија. Тогаш ти на мене индиректно ми правиш штета. Правиш штета и на твоето семејство, а зошто, ќе слушнам некоја реплика од баба ми, што врска нема со светот и неговото постоење. Ќе ја тргнам МК на страна, бидејќи согледано, не ми е репер. Но, ќе земам едно општество каде картицата е скоро па главно средство, сива економија скоро па и непостоечка. Гледам секој ден кај ми идат парите. Толку е се во ред, што просто сакаш и малку неред. Пари има за тие кај што им се најпотребни, ама и ќе земе малку повеќе од тие што не знаат ни колку имаат. И добиваш едно мулти функционално општество, во кое се живее во права смисла на зборот. Да сфатам да ти треба вибратор, па ај се криеш. Ама не гледам никаква логика во кешот е слобода. Што па имам да кријам. Ко да имам време за тоа. И дур ја филозофирам дали кешот бил слобода или не, ми отишол возот. Ќе трошам колку ми е чергата, а не дупчиња да фаќам, против држава. Кога ќе живееш у no man's land, збори ми за слобода. До тогаш play by the rules.
Со кеш полесно можеш да се исконтролираш колку ќе потрошиш во текот на денот. Нема да ги земеш сите пари со тебе, само онолку колку ти се доволно за одредена потреба. Со картица е потешко. Плаќај си ти со картица, ама со неа безбедноста може полесно да ти се наруши. Можат полесно да ти ги следат движењата, да ти го украдат идентитетот или парите. Ако не можеш да препознаеш мала камера или скимер, оф леле ќе ти е. Така што иако и кешот носи ризик, сепак е слобода за разлика од картицата.
Госпоѓа Лахиб, како дел од 72 часа потребштини за преживување, препорачува меѓу другото... КЕШ https://www.abc.net.au/news/2025-04-16/europeans-told-to-pack-survival-kits-for-72-hours/105176232 Уште да кажеше колку точно кеш... дали за 72 саати, или за 72 месеци #смејемсеалплакалабих
Безбедноста не може да ти се наруши ако носиш кеш? Ако го изгубиш новчаникот, што со парите? Картицата веднаш ќе ја декларираш за изгубена/ украдена. Воедно банката може да ти ги врати средствата, ако некој ти направи scam. Се случи баш пред некое време, на колешка и отидоа еден куп пари кај измамници, фино лепо и ги вратија.
Во случај на апокалипса, чему пари? Одиш директно во маркет, си земаш конзерви и си одиш дома. Тек тогаш немаат никаква вредност.
За да бидеш чесен и спремен граѓанин. Како ваму кешот бил сива економија, ама нема вредност во случај на ... Елем ако е функционална држава, и во арно и во лошо е функционална? Еден пад на електрична мрежа не е апокалипса да го ебам. Се деси во цела Шпанија пред некој ден. Замисли да тргнеа со казми по супермаркети ... Мој кеш, изваден од легитимна банка, најлегитимно стекнат, можам да го користам во готовински трансакции до одреден лимит, дефиниран од државата. Нема да исперам милиони од бело со тоа што ќе купувам леб и кафе во кеш. Поинаку се перат, да не се праиме глупи со сила. Затоа е тој одредениот лимит погоре.
Јас поддржувам cash-less society. Според мене е најсигурен начин, освен струја да снема и сите да не потепа, ама и тогаш, не си само ти ебана, сите се. Воедно, не само за сива економија. Земи пример и за потежок криминал. Кешот им гарантира анонимност, практично тешко е да им влезеш во трага. Што тоа штети не само на мене, туку и на тебе-љубителке на кешот. Не од поглед дека нема некој парк да изградат пошо не земале данок од него, туку му правиш enable да продолжи со она што го наумил. Се до моментот кога некако не те афектира и тебе. Типичен пример. Кешот е крал во трговијата со дрога. Утре таа дрога може да заврши во рацете на твоето дете. Како последица на дозвола за користење кеш. Не дека нема да најдат начин, ама да бидеме реални, ќе се помачат бар.
Е како чему? Па оган можеш да запалиш со нив, да ги користиш како ладалка/вентилаторче ако ти е многу жешко, да си забришеш солзите од шо ти е многу тешко во апокалипсата.... Кеш бате....
Не знам каде да го пишам следното. Но, згрозена сум од ова што го прочитав. Како сме заштитени, кога оној што треба да те заштити, и вика ,,Аман веќе од вас". А као освен кафенце и дремење на работното место за кое си платен, шо ти е работа?! Што ако некој имаше во тој дом, или тоа му било целта?! https://libertas.mk/sestrata-i-vnuc...ku-ata-vo-katlanovo-i-stanot-vo-novo-lisiche/ Воедно, каков татко е овој бре? Како може на сопствени деца вакво нешто да правиш? Овој не е за во затвор, туку за во психијатриска установа, кај најтешките облици. Ужас е мал збор. Да сакаш да запалиш стан во кој ти живеат децата. Татко дно. Дебилизам на највисоко ниво.
А јас што реков? Пари од бело (и остало црно) се ограничуваат со ограничени готовински трансакции. Не со укинување на истите. Дали денес нема дрога благодарение на истите? Сигурно за тоа се криви продавачите на марула без фискална, тоа е, еурека Плаќај си ти како сакаш и остај не нас глупите, да си купиме чај на планина, за кеш.
Така е Биљо. Kupicu ti brza kola, vilu sa bazenom I jednu saunu da nam bude vreloo Sve u pvc, neka vidi seloo Da zaradio sam poshteno od beloo
Кога видам некои такви фаци што отишле еден ден со автобус преку агенција до Црна Гора едвај,и сликале сликале слики и ги пушта наредните 30 дена по некоја слика на ден да мислат останатите дека е таму цел месец...Бог да чува, и да бране! Од такви сељандури (м/ж)
Затоа што на пример 500 денара никогаш нема да бидат 500 денара, ако плаќаш со картичка, оти на секоја трансакција банката зима си одреден %, а плаќањето во кеш 500 денара секогаш ќе си бидат 500 денара.
Мене ми е полесно со картица и плаќам така зошто сум рает од памет. Кеш имам секогаш "за секој случај" в чанта од секоја плата и за ако треба со некој да се префатам (додуша и то го менвам пошто посредив е-банкарство за да скокнам и овај кеш чекор). Е са, зошто "за секој случај"? Па ми се има десено да пазарам и ми вика дека мора со кеш зошто имат проблем со титкалата или да се вратам покасно. Нема да губам време - ќе платам со ќеш. То со кризни 72 часа да се има кеш - е во случај ако нема струја/прием на титкала и слично, ако потпадни технологијата да имаш кеш да не останеш со прст в уста. Или како некни Шпанија шо имаа ден без струја, па од после сториња гледаме како другарки монети береле да си купат една туна за да јадат двете оти толку кеш имале вкупно и демек така знаеле дека ќе се другарки за секогаш (конкрерно овај рил ми излезе зато толку детално е). Да ограничиш некој да мора да користи кеш или картичка е лудост. Секош треба да е избор. Мене пример не ми е гајле дали ми земат и провизија на плаќањата или одржување на картица, место да користам "чисти" пари со кеш пошто ми е полесно и тој "луксуз" шо ми е полесно го плаќам.
Дефинитивно сум за избор кога станува збор за плаќање во кеш или со картица, но морам да признаам дека повеќе наклонета сум за плаќање со картица. Побрзо ми е и поедноставно, и секогаш кога можам плаќам со картица, особено в маркет. Не памтам кога последно во кеш сум платила таму. Она што најмногу ме иритира кај тие што наплаќаат само во кеш, е тоа што многу често немаат кусур да вратат. И не зборувам за сума од 150 денари да им дадам 2000, туку на пример ако треба да платам 1750 а им давам 2000, немаат ситно да ми вратат. Па колку пати сум трчала во продавници или каде ќе најдам да раситнам, па и ним не им е сеедно оти немаат ситни за сите така. Ако веќе не наплаќаш со картица, не е моја работа да мислам дали имаш ситно за кусур, ќе си одиш во банка ако треба редовно и ќе раситнуваш. Кеш чувам само за овие, и тоа гледам да имам ситно колку можам за да не ме шетаат наоколу да раситнувам. Ајде има луѓе што работат сопствен занает и немаат апаратчиња, ама одам во пошта на пример и не можам да платам со картица. Иако има ризик при плаќање со картица, особено онлајн, секогаш имаш опција да блокираш картица. А кешот украен е украден и нема враќање. А за контрола колку трошиш, при секоја трансакција иди известување од апликацијата од банката, иако со кеш знаеш дека си повеќе ограничен и штедиш.
Еднаш ми дојдоа гости, некои роднини, ги однесов во фенси кафуле во Велес, кај оние со лажичките у уста, јас само со картичка и со цел нели да платам, почастам. Стасува сметка и одговорот на келнерот - само со кеш. Ајде бе, у сред центар кафуле, матни бизниси прават. Гостите не ми дозволија да одам до банкомат, да вадам пари, они си ја платија сметката. Да се усрами човек. Али и да заштеди срцки. Тогаш решив дека сите несакани гости ќе ги носам таму и строго само со картица, а за драги луѓе ќе си спремам и кеш. Последно на автобуска во Велес, билет само со кеш. Автобусот чека, кога ќе барам банкомат, среќа имав нешто ситно. Јас тргнав буквално со таа логика, нема шанси на автобуска да не се плаќа со картица. Автобуска треба да нуди секакви опции за плаќање, ами странец ако е, па вади пари, барај менувачници. Среќа странци и туристи не заобиколуваат, како веце пред Грчка сме.