Искрено, бев во врска каде што, он го криеше моб од мене. Ми рече, на никој не му го давал мобилниот да му чепкаат, нит на мајка му, нит на татко му, па не мене Јас му реков еве ти го мојот мобилен, еве ти код, каде сакаш чепкај и што сакаш прави. Еее мажи имало после.
Обожавам јоргован. Кога ќе видам расцветано дрвце се радувам, а кога ќе го помирисам - инстантно подобрување на расположението. Кога ќе начекам некој да продава букети јоргован, џек пот! Спојлер
Стивен Сегал ,,случајно" фатен на парадата во Москва. Ликот во целата негова филмска кариера има вкупно 12 номинации за награди, вклучувајќи и една победа. Сите 12 му се златни малини за најлош актер, лидер е во тие категории. Кој не би живеел и избегал у Русија после таков фејл од кариера.
Стивен Сигал од сите тие Б филмски акциони ѕвезди од 80-те и 90-те е најмалку талентиран. Николас Кејџ, или кај нас попознат како Никола Скејџ, Силвестер Сталоне, Чак Норис, Ван Дам, Дени Трехо и останати бар имат по некој добар филм. Каналов на Јутуб ги опишува неговите филмови (сите му се исти), и видеата се 5 пати поинтересни од цела негова филмографија. Иначе има добра пара направено оти не беше само актер, туку и режисер, сценарист, камерман и се останато. Одамна ја дувна во Русија. Вакви филмови денес нема да поминат. Човекот ја искористи златната ера за да стане популарен. Сега се печали на суперхеројски филмови, ама и тие веќе излегуваат од мода.
Шварценегер, Силвестер Сталоне и Жан Клод Ван Дам ми се една иста особа. Никогаш не научив кој е кој.
Во недела има трка во Скопје. Ова да ве потсетам да почнете да мрчите на време, особено тие што во недела спиете до 12
Почнува да ми смета се или денеска ми беше врв. Бев излезен со колешка на кафе и одма се вадат муабети од типот " го видовме твојот со женска, ајде време е да се жени". Значи почнува да ми смета ова, да треба да се женам, ќе хи прашам нив, ебате простаци..
https://glasno.mk/хронолгија-на-случувања-кои-низ-годин/?fbclid=IwY2xjawKLEepleHRuA2FlbQIxMQABHvwN3tU7nG2I6xVRV_XIITB4eR-Nj8mVI4bdWFQR5Vttyt_6BrHXfPJ2zOak_aem_61PzYrQuEaFmaAXHvW79Nw
Му текна на некој што се случи на датумов пред 10 години? ..... Така и си мислев. Ајде, секое чудо за три дена или како и да беше. Денот ми беше толку битен, имав многу важен и убав настан и затоа ми е врежан во вечно сеќавање, за жал. Ама ајде нека, сега сме побезбедни нели?
Вие специјалните снегулки што кога сте на гости, мора човек точно да ви погоди количина кафе и вода и шеќер, без да кажете иако ве прашал, или точно да погоди колку сол сакате у ручекот, иако можете да си додадете по желба, дома прајте си кафе и гответе си и не се ебавајте со туѓо време и нерви. Какво кафе сакаш? Аа па треба да знаеш да го погодиш, направи какво знаеш. И 10 minutes later: Кафево малце ретко, малце шеќер си ставила, па многу талог. Ае мрш.
Сакам сите да ве поздравам и да се збогувам со вас, незнам на колку долго, можеби за брзо ќе се вратам, можеби никогаш.. Може ќе ве барам ако ми треба помош нешто итно, ама нема да ве дружам многу.. Ви благодарам на сите за се, за дружењата, ми беше мило, доста научив од вас.. Кога беше ковид најмногу време поминував тука и ми беше убаво во ваше друштво. Останете ми поздравени и среќни. Се надевам сум помогнал и јас некогаш на некој.. Ќе се обидам да убијам нешто во мене што ме мачи, ако тоа не ме убие прво.
Од блиски извори, избришани им се сите податоци од сите сервери. Ни за плата податоците ги немаат, наново ги прават сега, може и ги направиле веќе. Ама за лагер, магацин, нишо немаат податоци. Ама ќе се опраат брзо ваљда.