Ако не користиш козметика, не е чудно... Мене ми е смешно тоа тука сум човек тука купувам, во другите продавници што сум не знам нечовек
Ние често купуваме во ДМ вика дека има квалитетна козметика и хигиена со поевтини цени од конкуренцијата. Мене ми се допаѓа храната има здрави и вкусни производи што ги има само во ДМ.
Значи не поднесувам фалбаџии. Едноставно желудников не ми ги вари нивните муабети. За мене скромноста е доблест. Која е потребата на секој втор збор да потенцираш колку пари си дал за она, за ова, колку планираш за друго, што си купил, направил...дај ми извод од банка ако не да видам колку имаш на сметка. И нивното јас, јас, јас до бескрај... Среќа немам такви површни луѓе во животов, не сум ни имала, а со овие беше првпат гледање, и последен знам.
Хахах мене еден дечко што ме викаше на кафе, освен што се фалеше не знам што друго му беше тема, а преку пораки ми делуваше ок, ама кога излеговме ауу врв ми беше, делот... Што бе, вие девојките треба да најдете маж прав маж што ќе ви обезбеди се и него да го слушате а не, денешниве жени наместо маж да слушаат избираат газда да слушаат, после ми рече, не сум сакала одма да излезам со него, бидејќи се гледало дека сум се плашела од успешен маж, можам да те замислам да излезеш со некој ваков
Отворам огласи, читам и не ми се верва: Вложување максимален труд да се зголеми продажбата во продавницата, како и да ги достигне, а доколку е возможно, и да ги надмине поставените цели; Дали сериозно? И огласов е инаку на пола работно време, продавачка. Вака само не бркате, да го заобиколиме вашиот 'оглас' каде што нема ни плата пишано
Да ги надмине поставените цели т.е. со сила да им продаде роба на муштериите 1000че плус од мининалната да се почасти нешто
На едниве ништо не им значи факултетска година , другиве го прогласија шахот за коцка. Студенти , младост , иднина . Вистина било дека знаењето е привилегија , се загубивме во шумата од информации...
Денеска се чувствувам чошо многи поради една ситуација. Недела дена уназад и велев наместо рачно да косите, ќе испрска со билка, категорично ме одбиваше. Вчера тетин ми и рекол да испрска со билка и денеска ми вели оди да купиш билка. Јас инстант зоврива и се изнаразвикав во смисла како одма смени мислење, а мене не ме слушаше, цел живот во земјоделие сум знам како треба и еве пак.. нервите ми се кренаа значи.
Луѓе, за некое време ќе споделам една прекрасна работа, што може животниов тек да ми го промени, макар што и ова што ми се укажува како шанса сум пресреќен дека можеби и животов не е толку суров кон мене... за брзо (затоа што засеа одлично се тераат работиве) ќе споделам нешто и овде, одамна сум на форумов и веќе ми е како катче мое.. Не е женачка и не се женам.
Зашто Нико го ругате толку , ме потсеќа на детство, толлу избор имаше на тв . Чак Норис го заборавивте во низата
Тууууууу..... Јас се израдував. И фустан сакав да купам. Со @senjorita-v се договаравме за поклон При толку ду*ење да не се ожениш
Кхм... Од каде да почнам... Гифов кажува се. Добро, шала на страна, имаше некои добри филмови во 90-те, како тој кога си ги менуваат лицата со Џонтра Волта (по нашки) и тој кога е затвореник и го превезуваат во авион/автобус, што ли да беше. Може имаше уште некој добар, да не гуглам, ама во се што има глумено последниве 2 декади е ужас до ужас што е срамно и да се спомене. Го читаш во кастинг, и знаеш дека треба да го избегнеш филмот. На тоа додадено дека стана меме со фаците... Има некои добри носталгични филмови од таа ера што денес фалат. Не знам како и што ги снимаа, но иако клише, знаеа да држат внимание. Денешниве се ладни, стерилни, никаков дијалог, премногу cuts помеѓу сцените. Има нешто лошо во нив, како со сила да го тераат гледачот да се фокусира на филмот. Имав гледано едно видео дека и камерите, технологијата и во тоа дека во 35мм е снимен филмот влијаат многу. Денешните дигитални камери ги прават филмовите flat. Ама тоа е друга, опширна тема. Едит: Еве го
Ник Кејџ има некои филмови што се стварно meh ама да бидеме фер има и одлични филмови. Плус и некои од поновиве филмови му се добро прифатени. Dream Scenario е феноменален Човекот си има добри актерски вештини, прифаќа и shit roles, да, ама воопшто не е на левел Чак Норис и боречката дружина барем ова е мое мислење.
Dream Scenario не ми е гледан. Ги одбегнувам неговите нови филмови. Фала ти на предлогот, баш ќе го погледнам, може ќе ми смени мислење.