Сдк дека изборот на облека по моловите е стварно разорачарујачи. За два дена, поминав 2 мола и тоа убаво ги исчешлав, нема кај не влегов, за на крај да најдам 2 пара фармерки што изгледаа прилично добро. Океј, ги носам 5 пати максимум и погодете што? Вреќа. Крпа за бришење подови. Е тоа се напраија. Нарочито едните. Растегнати, прерастегнати. Кога ги земав малку и тесни ми беа, ама сега комотно може да се каже дека се 1-2 броја поголеми од кога ги купив, ако не и повеќе. У струкот паѓаат, а кога ги купив ко слиени беа. Нови, а да ти е срам да излезеш со нив. Кога ги пробував стварно убави беа. Ама малку да ја заносиш таа облека, разликата е небо и земја. Се прашувам толку ли е тешко да се направи асално парче облека што ќе ти потрае некое време? И како уопште опстојуваат овие продавници кога продаваат толку неквалитетна роба?
Face off беше со ЏонТра . Па сега јас Кејџ баш во оваа група не би го ставила, настрана фаците . Не знам за последните 2 декади, немам изгледано нешто многу ама од постарите филмови има добри, 8mm, City of angels, Leaving Las Vegas, Lord of wars.
Која е таа клинка во Скопје која нема старосна граница за вештачко оплодување? Благодарение на нив, во Србија 69 годишен дедо и 59 годишна баба си родиле дете. Нема везе што била ризична бременост, што морале порано да го родат поради висок притисок и да биде месец дена во инкубатор да се бори за живот, битно они желбата си ја исполниле. Сигурно си помислиле ете ми се исполни желбата, сега може да умрам на раат, стара народна. Али, за кутрото дете тек сега започнува борбата за живот, да остане сирак додека се гради као човек, а у меѓувреме детството и младоста да му пројдат у нега и грижа за стари. И без тие малограѓански муабети и млади умирале, никад не се знаело... Млад да умреш не е нормално и шансите се помали, за разлика од тоа да си стар. Али еј, роди го мајко и фрли го на ѓубриште. Битно ти си родила, а и ќе има кој да те гледа у старост... Гревови.
Мислам дека за Плодност од Битола е сторијата ,ама како и да е себично е да се роди на таа возраст според мене... али ете не мисли секој така.
Не знам која е старносната граница. Ама жена од 59години не е баба, тоа што можеш да бидеш некому баба, не те прави баба во возрасна категорија. А за другото не би да коментирам. Според мене мислам дека 50години би требало да биде границата, но не знаеш со какви финансии и можности располага секое семејство.
Не е до клиниката Гош, во државава законски старосната граница е многу повисока од други земји, ако воопшто и ја има. Инаку скроз се сложувам со тебе, себично е, нека ме маваат со дрва и камења ама е.
Секогаш кога имаш пари ништо не се наоѓа по продавниците… а си шворц, се ти е преубаво и има супер избор.
Не знам, за мене да си баба или да си стара физички и по години не е табу, навреда, трагедија и не е кажано како навреда, туку едноставно како факт. Ако немам внуци на 60 не значи дека не сум баба. Сум била бебе, па девојче, па девојка, сега сум жена и таму накај 60 и надаље ќе си бидам баба и тоа е тоа.
Абе многу интересна работа ова капитализмот... Кај мене у лифов од на Хитлер времето ни мрежа нема муабет да напраиш и видеа на ЈуТуб багираат, али рекламите као си течат, тоа нешто неверојатно... Мме.
Бумери што цел живот работеле физичка работа нашле да учат помлади - "таму на работа да се покажеш. Све што ќе ти дадат, ќе прифатиш, не викаш не можам. 10 задачи, сите 10 ќе ги сработиш" Никогаш не работеле работа кај што грешките живот значат. Кај што телото ти стои во место, ама умот ти работи растргнат на 100 страни. Кај што навечер кога ќе легнеш да спиеш, си преиспитуваш дали некаде си згрешил. И додека не се заврши сѐ, седиш ко на трње. И со следната задача, ајде пак од почеток. И повторно, секогаш постои тој 1% можност дека нешто не е како што треба. Они дента сработиле, душата им излегла, вечерта дошле и толку е. "Не работиш ништо физички". Ај мрш у три лепе.
Прв пост од мојот нов телефон, конечно си купив Ајфон.. Срам ми е да кажам дека јас ова чудо не знам како се користи уште..