Јас ко че бидам богат, здравје наредна година нема да се пофалам ама ќе споделам слика со цреши полн ваган
После Дубаи чоколадоно, уште кондоми со вкус на ф'стак што не измислија. А можда и тоа веќе има, кујзнае
Добро, зашто луѓево 30+, не ми излегуваат по забави? И сеа ради нив, дома седам. Барем, така да седнеме на пијачка, не дека смеам да пијам. Ама бар другово ќе праам. Сето мажено, женето, со деца, кој е сингл и дреми дома, а сака дечко да фати или женска... Е, стварно се осеќам старо сега.
На акција се, и да се и дупло намалени ( што нема шанси, најчесто е 30 посто), пак коштаат ко у Македонија. Не може и не смее јадењето во Македонија да е со исти цени па и поскапо од тука, со таа разлика во стандард. А е поскапо. Али им се може. Неаме држава, а народов пак купуе место да им ги остаи да скапаат. Цреши се, не се цигари.
И паста за заби и пастили за грло и апче за глава, цигари...све со ф'стак Бај да уеј пробав скоро протеински напиток со фстак. Ми се згрози животот.
Берење на цреша барем ја ко бев агроном и берев беше почетна дата од 7-11 јуни зависи од временските услови па натаму. Ова сега е увозно. Туку да ве прашам се чудите зошто се вакви цените, одгледувате нешто вие? Не? Епа тогаш ќе си платите, и земјоделецот треба да купи кола да иде на одмор јебига
Сигурно збораме за истиот, јас го сакам. Ф'стак, ама онај вештачки вкус шо е како во милкшејк, чоколадо, протеински шејк итн - многу го сакам. Сакам и ф'стак, омилена јатка ми е, ама ѕака вештачки засладено ми масира мозокот. Исто вкус на банана. Вештачки вкус на банана има поќе вкус на банана од банана и мозокот мој eats that shit up. Го спомнувам ова пошто ако збораме за истиот напиток, 50г протеин шо има на целото шишенце 500мл, двата вкуса - ф'стак и чоколадо со банана ги сакам зошто вештачкиот вкус на ф'стак и банана многу ги сакам. И се од ретките такви напитоци шо не ми вознемирват "мешето" така да 10/10 од мене. Туку, ни во цреша, ни во вишна сум се опулила да видам шо се случва. Ама до некни врнеше и јас не се дружам со дожд така да ... не излегвам на дожд. Ае се враќам дома и ќе соберам за слика. Кој сака да лажи дека е богат, 200 ден сликата ќе биди. И за секој различна слика, ако лажиме да лажиме. Туку да видам и доматите дали ми преживеја. Мачките се тркалаа во нив и мислам дека има шанси бавчата да ми остани без домати.
Незнам како не разбираат некои луѓе дека не е убаво да се земаат нештата и луѓето здраво за готово. И зашто после одреден временски период така постапуваат.. Во било кој однос треба да се вложуваш барем малку за да ја задржиш таа личност, пошо нема секад да биде тука. Секад ценам ситуации, работи и односи и се вложувам додека другата страна те зема здраво за готово. Нема поента.
Не е до тебе или до годините, општо има пад на посетеност на такви места насекаде, па дури и низ светот само причините се различни. Низ Лондон и уште неколку градови кои важеа за места во кои се одело по клубови, затвораат заради прескапи пијалаци и наверојатно безбедност. Во Македонија, пак, обложувалниците станаа препопуларни. Се запрепастувам кога ги слушам како цели друштва се договараат да излезат во казино. Порано се одеше во други градови за да се излезе во клуб, сега за да се оди во казино..... Обложувањето почнува да станува голем проблем за кој не се зборува доволно. Кога ќе разгледате, светлечките реклами на нив се највпечатливи. Друго почна и да нема... Но не е нормално да се затвораат дома, особено помлади....
Јас еднаш месечно ако излезам на забава и тоа е.. И сингл сум, ама не преферирам да барам во кафич девојка.
Мразот во април ги изгоре црешите. Ние секоја година имаме, лани и годинава ништо нема. Увозни се, нормално дека се поскапи. Ама генерално сезонава овошјето ќе биде поскапо, оти едноставно, нема да има големи количини. Мразот изгоре се' кај нас, и цреши, и вишни и кајсии и праски. Единствено јаболката останаа, и по некоја крушка. Не верувам дека е многу поинаку во останатите делови од Мк. Затоа не чудете се на цените.