Тој што ми се свиѓа, не ме ферма, тој што не ми се свиѓа, се труди околу мене, ме вика да излеземе... Ее судбино сестро
Некако многумина уште не можат да го прифатат фактот дека ерата на ефтино овошје и зеленчук и храна воопшто завршува. Бројот на земјоделци е драстично намален, нивите стојат обраснати со плевел. Сите сакаат во град да живеат и во канцеларија да типкаат по цел ден и да купуваат домати и пиперки по 20 денари за килограм и цреши за 40-50 денари како некогаш. Е нема веќе тоа.
За да има земјоделци со солидно производство тие треба некако да се стимулираат. Државата нема никакви планови и стратегии за овој сектор, субвенции се доделуваат безвеза, никаков поттик немаат ниту постоечките, ниту пак потенцијалните земјоделци, па и сточари. Поради тоа, тешката работа, станува уште потешка. Нормално дека никој нема да сака да се занимава со тоа. Сосема друга работа е колку селата кај нас се запуштени и без никаква инфраструктура. Не дај боже, да ти влоши здравствената состојба, една брза помош дури дојди…
Да, тоа е точно, времето на ефтина храна заврши. Но на краток рок не гледам позитивен ефект од тоа, покрај климатските услови, тоа се должи и на окрупнување на капиталот во земјоделието а и на неизбежните прекупци. На крајот можно е поединецот земјоделец да остане со куси ракави а најголем губитник секако ќе е лумпен пролетеријатот од градовите.
На крај како почнало, од плафон цени, кога ќе почне се да скапува ќе намалат ама скапано кој сака да купи? И на крај, никој нема да добие ништо, впрочем во Кам ананасот им беше 200+ден пред да скапе па и скапан ананас продаваа за 80ден, па уште означено, производ со краток рок, е, па фрлајте
Ми излезе еден рил и ми "прозборе" па сакам да споделам шо беше кажано. Збораше за осаменоста. И вика, кога осаменоста е искусена од жена тогаш е подложена на мајтап. Ги имаме сите мајтапи за жената шо живеј со мачка (crazy cat lady) и како ќе умри сама и никој ја неќи. Се учат и терат жените да не се толку селективни и да не поставуваат граници инаку ќе завршат како "неа". Но, кога мажите се "осамени" (кога жени одбиваат да бидат со одреден тип на мажи) наеднаш е "криза" (male loneliness epidemic), па има анализи од психолози, па го има на вести и во онлајн медиуми и е дискутирано зошто овие кутри мажи се осамени. Интересно (и вистинито). Makes you think.
Тие што се мајтапат за crazy cat ladies сосема го игнорираат фактот дека сингл жени се далеку посреќни од оние кои се со некој ради реда или кога биле со некој идиот ко нив. Па сега наеднаш кутрите мажи биле осамени бидејќи жените имале критериуми. Да, во секој случај би ја избрала мачката, cope with it. Јас памтам дека лани ова време веќе излегував по шорцеви надвор, а сега навечер уште пуштам панел бидејќи ми студи. Ќе касни летото малце изгледа, или можеби лани многу подрани.
Имање другарка доктор пластичен хирург значи дека ѝ праќам процедури и прашвам дали би ми ги препорачала (са ме заинтересира masseter botox); и заедно седиме и гледаме цицки оти та ќе ми поправа фаличната (и ко веќе поправа едната, нека ја подкрени и другата). I'm just a girl. ✨
Тој е. Мене ми имаше некој благо-солено бљуткав вкус, едноставно грдо Можда пошто мене многу ми прави разлика текстура па пример со ист вкус можам да јадам нешто тврдо, крцкаво ама не и меко или течно. Како и да е, течен ф'стак ми е ноу ноу
Чекам ред во Тинекс и слушам како вика една продавачка, фатиле некого на камера како краде чоколади.. И одма се фаќам за џеб да видам дали ми е тука телефонот и мислам дека тие 5 секунди срцето ми застана.. Си одам накај дома после тоа и си мислам што ми требаше ова во животот да земам олку скап телефон па да се притресувам за глупости.