За мене добриот ден започнува со техно или транс музика! Добро утро! http://www.youtube.com/watch?v=2URsD6vULew
Значи понекогаш сум невозможна. Уште од утро се нешто ми брчи во глава, некои тешки психологии . И наместо да уживам во утрото, мозоков ми работи со ненормална брзина. Па денес на дневен ред дојдоа свекрвите. Ми се заплеткало едно прашање во мозоков, зошто секогаш снаите се виновни? Не дека имам проблем со свекрва ми, таа е злато жена. Туку од околинава близу мене, се нешто се случува. И после сите тие немили настани, сакало или не сакало, мора да дојде заклучокот. Снаата беше прекрасна, ама ете си замина (изневерување ). Се разведоа. Немил настан, ама тоа е, живот... Од нив малку од малку добив еден заклучок на тоа прашање. Снаата секогаш е виновна, бидејќи таа многу подобро ги гледа недостатоците во семејството. Мајката сакала или не и колку и да била реална и праведна, сепак постои мајчинското, што некогаш е погубно. Мајчинската пристрасност кон чедото. И наместо мајка да биде, ама вистинска мајка, па да го седне синот и да го поучи за грешката, таа го оправдува. Ете затоа можеби не во сите случаеви, ама во повеќето снаата си е виновна и точка . *** Помина еуфоричниот роденден. Глава ме заболе од него. Никогаш за себе не сакам да трошам толку време, ама ајде сакале нешто мезенце, сакале тортичка... Секогаш повеќе ме исполнувале другите родендени. Изненадување, па убава тортичка... Нема нешто поубаво од насмевката на другиот. Кој се топи од радост, кој се радува од срце. Тоа ме храни, а за себе... Мрза голема сум . Ќе направам нешто, само колку да се рече дека е торта .
Воопшто не ми се допаѓаат луѓе, кои немаат свој став, мислење, кои дозволуваат друг да им го смени, слушаат секого и лесно веруваат токму на други кои не им мислат добро.Воопшто не вреди да им се отвара очи, за да им се укаже дека токму тие кои им смениле став, не им мислат добро.Понекогаш проблемите настануваат токму од овие работи. А соновиве, ми се ко филмови, до толку што делуваат како да се реални
Одамна не сум појадувала со татко ми. Не се сеќавам кога за последен пат сме биле сами на масата рано наутро. Можеби од кога бев малечка. Ќе ми спржеше јајца, ќе ми свареше виршли, а на крај ќе ми го извадеше пола фрижидер на маса зашто го мрзеше да ме препрашува што сакам како додаток Денес улогите беа сменети. Јас бев таа што спреми доручек, намести маса, а на крај го испразни пола фрижидер зашто ме мрзеше да го препрашувам што сака како додаток. Крвта не е вода
Дојде и тој, заборавениот ден. Денот кога "случајно" речиси сите забораваат дека треба да биде за мене среќен, па дури и ѕвездите изгледа забораваат. Епа, сама ќе си го честитам роденденот. Среќен роденден малечка. Во нареднава година ти посакувам помалку солзи, а повеќе насмевки.
се изненадив...гледам слика од мојот аватар на сајтот на фемина, со прашање дали сме феминистки...си викам што сум направила сеа да се најдам тука. Па ми текна, постерот од втората светска војна, пропагандата за активно учество на жените...да дефинитивно е прва асоцијација за феминизам. Браво за фемина.мк
Само тој што те сака може да ја види болката во твоите очи, додека другите сеуште веруваат во твојата лажна насмевка...
Кафе ќе ставам... кој е за друштво? Количините се ограничени. Има и музиче. http://www.youtube.com/watch?v=NqbGpeTcrDI А да, пред да се стрчате со шољите, сдк нешто. Мојот живот дефинитивно е серија... чива продукција ја земала уште не знам, но ќе ме известат кај и да е има неофицијални шпекулации.
Го обожавам оној момент кога седиме во некој ресторан, се смееме од срце, тој се шегува со келнерот, ме закача мене, се душкаме за да го почувствуваме мирисот на новите парфеми на нас, ме гледа заљубено и со блескави очи. Ме врти во сред ресторан за да види како ми стои новото здолниште, ме опсипува со комплименти, а јас едвај се воздржувам да не му се фрлам во буквална смисла и да го опсипам со бакнежи и прегратки. После ме "тера" да го шетам за да ми ја изнуди најискрената насмевка, а во неговиот поглед и насмевка се чита - Те сакам! Не сакам да ми каже, не мора ни да му кажам. Знаеме!
Периодов сум едно емоционално и нежно суштество. Не знам од кога не сум била толку емоционална, човек тон да ми повише, мене ми се приплаче Цело време сакам некој да гушкам, или да си лежам покриена, се живо и диво ме навредува и повредува и цело тело ме боле. Кога стана толку нежна бе женска? Стани, стегни се малку, а не како ќишно гомно. Мрцина некоја
СДК денеска е посебен ден за мене, на 2те мои најдобри другарки им е роденден. Едната ја познавате сите од фемина е, nevermet18 - најмила официјално денеска наполни 15 години, долго одбројувавме хаха. А другата не ја познавате, но ми е најдобра другарка веќе 4-5 години, она полни 14 години, среќен нека и е и на неа. Благодарение на форумов запознав многу нови другарки како nevermet18 и многу ми е мило што се зачленив на фемина! Среќен нека ви е роденденот уште еднаш!!!!
Не кажувај за проблемите на секого, половина од нив не ги интересира, а на половина му е мило што ги имаш .
Денес прекрасен беше денот за медитација и така го искористив,сонце ,индиска музика и миризливи свеќи
Ставам точка. Крај на досегашниот живот. Ќе се борам, ќе бидам силна, ќе се смеам. Нема да ги покажувам слабостите пред сите. Ќе се борам за она што го сакам. Ќе бидам секогаш овде за оние кои ги сакам. Нема да дозволам личностите кои ми значат да ги изгубам. Нема да се покажувам како кукавица, туку како силна девојка. Од денес, од овој важен момент, пак сум истата. Девојката која е заљубена до уши. Девојката која целиот свој живот го обожува Докторот и неговиот Тардис. Девојката која сака да чита книги. Девојката која постојано пишува проза. Девојката која ги сака јазиците. Иста сум, а сепак поразлична. Погледите кон светот ми се сменија. Ги слушам песните кои ги слушав и вчера, но сега се задлабочувам во нив. Ги чувствувам. Еден ден, а толку промени.
па 51, немам баш вишок со оглед на тоа дека сите ми велат претходно сум била многу слаба, ама ете знаеш како сум ги качила, + преку вечер чипс и чоколада За друштво тука сум па макар да качам уште 1-2 кг
Сите се среќни дома после разговорот дека ќе се мажам.Ме боли само погледот на татко ми,на кој пред внуками му бев галениче Немислев дека толку ќе го погоди веста.Се прави дека му е сеедно,а не му е,одсутноста на погледот го издава.Е не се давало ќерка така лесно