Јас ни знам сијалица да сменам, ни одвод да исчистам, ни па кола возам, тотално неспособна и незаинтересирана птичурина за ,,машки’’ работи. Али затоа готвам, перам и усисавам. Секогаш повеќе ме бивало за ,,женскиве’’ работи. Имам пријателка која е физички преактивна, планинари, мести кампови, пали оган, се беси по карпи, јава змеј, ми е срам да ја наречам понежен пол искрено.
Имаше и еден објавил како му се расипала сушарата и открил дека алиштата може исто така да ги исуши надвор на сонце Една па на тикток се чудеше како тоа овошјата може директно да ги скинеш и да ги јадеш, како не им треба некакво процесирање за да се јадат.
Премногу питачи луѓе! Премногу! Многу мали деца на улица.. зар социјалниве служби ништо не превземаат?!
Јас ако се оженам некад и жената изрази желба да биде шофер едноставно мора да научи некој основни работи околу истата на пример гума да смени, ќе се случи да и се дупне гумата и сега таа тука ќе стои и ќе бара помош или е подобро да е снаодлива и сама да си ја замени
Феминизмот ти ги има дадено сите услови, права и можности сама да си го вадиш лебот без да те продаваат ко крава за расплод или да те исфрлат на улица како слепа кучка и да ти ги одземат децата, за да не МОРАШ да трпиш генетски и општествени отпадоци како тие што ги опиша. Ма да не мораш ни да општиш и да се котиш со нив, али тоа е пренапреден муабет за нашата модерна жена. Она јадната, ништо не знае што и се случува. А живеела денес, а во среден век исто и е. И задњо, нашите баби на нива се пораѓале. Аргатувале од утро до вечер, а мужите и у меана иделе. И комар мавале, па жените си ги губеле. И името им го мењале по мажот, а презимето не било ни битно. Трпе и Трпана, Стојан и Стојанка. Али тоа е, first world problems.
Допрва и ќе се случува ова, бидејќи сега “срамота” било да не се заврши факултет, и криво и сакато учи високо образование. Сега квази доктор заборава инструменти во зашиена рана, фармацевт дава грешка таблети, адвокат нема поим од основи на право, службеници вработени во државни институции немаат поим какви обрасци даваат ниту што значи тоа на нив што го пишува, градежни инжењери прават скици за мост, мостот има век една година, медицински сестри се натераат да направат преврска на рана на загноен чир на газ, гнас им било. Порано се знаеше кој учи, тој што му фаќа црпката и тоа испит за испит се земаше. Сега врски се земаат пошто му заостанале предмети а треба да дипломира. Ќе немаме ниту чевлари, занаетчии, хортикултура сведена на минималец со екстремно високи цени. Тражили сте - гледајте.
Порано се знаело и оти мажот кога ќе дигне рака, ќе ќутиш и модра ќе си шеташ. Маж ти е, ќе удри нормално. Се знаело и дека ако му се клеца, ќе го задоволиш без да те праша некој дали сакаш. Те боли глава, уморна си, тазе породена си, нема неќам. Ќе го задоволиш стопанот и готово. Се знаело и оти во куќата на свекрвата ќе ќутиш, ќе ја викаш "мамо", ќе бидеш слугинка, ќе наведнеш глава и пак, нема ништо да зуцнеш дека не ти е погодено. Ама феминизам барате кога вас ви одговара, кога не ви одговара крив ви е. Уствари го барате само кога свекрвата ви се меша. Појма немате низ што минеле тие жени што боже сачувај им се восхитувате на животот што го имале. Туку ај за вас ми е гајле. Жал ми е ако децата вака си ги учите. Бидете среќни што ваша ќерка во 21виов ни век може да се разведе ако утре ја млати некој токмак или што може да си ја работи саканата професија.
@Anyshka.... Има луѓе кои немаат осет. Не разбираат кога ќе им кажеш не. Јас едвај ги откачив досадните. Аууууу.... Кога почнаа Да ти дојдеме на кафе. Гледаат дека ги откачувам и пак продолжуваат. Еднаш се изнервирав и им реков дека немам време за кафе и дека не пијам кафе. Среќа што се тргнаа. Се работи за комшики. Те означив овде затоа што во другата СДК не можам.
Да, лоша му е состојбата, но покрај тоа шо е јак се наоѓа и во вистински раце кај д-р Нинов, кој дава се од себе да го опрај Така да можиш да се спремаш да му одиш во посета
И јас многумина откачив, ама овие бре напаст се. Се дружам со тие што ми одговара, ама овие не се разбираат од збор, 100 пати им кажав дека не сум во состојба да пречекувам гости. Мразам што сами си се покануваат.
Во право си за последицата, ама не целосно за причината. Точно е дека има пад на земјоделци, но во последно време има подем на луѓе кои сакаат да одгледуваат сами, општо на светско ниво. Причините за пад на бројот на земјоделци на различни места се нормално - различни. Нив светот им ставаат ненормални даноци под секакви изговори и на земјоделците и на сточарите. Затоа се случуваа протести од страна на фармерите на кои требаше да се приклучат сите. Апсурдно е да ставаат даноци заради еколошки аспект, додека тие кои ги донесуваат тие закони за даноци летаат на тие конференции со приватни авиони, сечат огромни пространства на дрва заради нови луксузни замоци и останати небулози. Во Македонија пак, земјоделецот е запоставен заради незнаењето од страна на оние кои треба да ги донесуваат законите. Замислете дека некој треба да донесе закон за тоа дали во еден оркестар ќе има 5 или 50 кларинети, без да знае ништо од музика. Така некако е и со земјоделството во Македонија, а не е дека нема потенцијал, само треба плански да се искористи. Доаѓале експерти за да помагаат и земјоделците, оризопроизводителите, сточарите и сл. се расположени за позитивни промени. За жал, она што кочи е од врвот и од неспособни кои не ја разбираат тематиката и не сакаат да соработуваат со земјоделците за да се дојде до подобри услови. Кај нас се повикуваат експерти, ама не ги слушаат. За случката со Кочани доаѓаа тимови од неколку држави за да им направат план според постоечките услови и тоа за цело здравство, ама џабе е кога овие се неспособни да ги покренат потребните промени за да ги спроведат тие промени и да ги имплементираат тие планови. Овде може да се додаде дека и порано во дворовите сите имале по некое дрво (цреша, кајсија, слива, калинка), се саделе чаеви, зачини и останати ситници (некои дури одгледувале и повеќе, во зависност од условите). Сега сите дрва се украсни, ако воопшто ги има. Во голем дел веќе не ни постојат дворови бидејќи им се целосно бетонирани и поплочени. На повеќето од тие што ги набројав не им е потребно нешто повеќе освен наводнување (кое исто така може да се реши со многу евтин систем - капка-по-капка доколку некој навистина нема време). Што значи, порано не биле толку скапи бидејќи многумина веќе си ги имале по дома. А сега сечат перфектно добри дрва за да го поплочат просторот и да го направат летна тераса. Некои од нив не ги сакаат затоа што им правеле многу ѓубре кога паѓале лисјата. Двете причини ми се тотално вон-памет (не се и обидувајте да ме предомислите, нема поубава летна тераса од онаа со сенка од дрва, а не тенда под која во летно време не се седи од топло). Се распишав, но ова е тема за која навистина мора да се разговара. Кога не се создаваат услови за земјоделецот да си ја врши работата, секако дека сите ќе си бараат подобри услови.
Ти па сега за едно кафе си Таквите сами се нудат оти све ги интересира освен самите себе. Како ти е уредено дома,дали ти е чисто,дали ти се собрани пајажините,итн.... И после полека неосетно ке ти влезат и во приватниот живот и тако даље.