Ма не ми се умира уште сега, затоа нема да идам на посета, ама ќе му пратам многу бакнежи и поздрави.
Од збор до збор точно и на место. Посебно во последниве години се повеќе се угнетува земјоделецот. За кај нас веќе знаеме, отсекогаш цените биле ниски а и многупати родот останал неоткупен поради немање стратегија и интерес на владите. Ете и во Холандија и Германија имаше протести на земјоделците затоа што под маската на агендата за климатски промени им наметнуваат нелогични правила, барања и се' повеќе трошоци и им ги укинуваат и оние олеснувања што ги имале досега. Ајде тие што цел живот живеат во град, во станови и немаат ниту едно парче земја да ги разберам. Но штета е во нашата земја што толку многу народ има сопствена куќа, голем двор па и ниви и имот на село да се жали дека биле скапи црешите. Моите баба и дедо освен сол, шеќер и зејтин ништо друго не им требаше од продавница за јадење. Од месо, јајца, млечни производи до овојше и зеленчук имаа ама баш се од сопствено производство. Од оваа перспектива сега сфаќам колку биле тие слободни луѓе. А ние, ние сме зависни 100% од маркетите па и затоа немаме поима што јадеме и кога купуваме краставици мислиме дека се произведени во струмичко а тие да ти биле увезени од Албанија. Знам за луѓе кои во село живеат а одат во град за зеленчук и овојшје да купат.
Не е дека не донел бенефити за правата на жената. Но ете, пред некој ден ми излезе видео на инстаграм како бебе плаче, липа и се стиска за мајката затоа што таа треба да го остави во градинка на само 3-4 месечна возраст. И бебето вриска и мајката липа ама јбг. мора да оди на работа и да придонесува 50-50 со таткото на кој патем ништо му се нема сменето со раѓањето на детето. Една другарка ми има кажувано, во Америка, во градинката кадешто го носи детето дека има бебиња кои се само пет недели стари. Имаше исто видео како негувателката го храбри и му се радува на дете што ги прави првите чекори. Во описот напишала мајката, чувството кога ќе видиш како туѓинец ја има привилегијата да биде сведок и да се радува на еден таков среќен и убав момент, кога веќе ти како мајка не си во можност. Али најбитно, рамноправни сме и гордо рамо до рамо со мажите. Така да океј е феминизмот ама само ако жената се откаже од улогата на мајка. Се остало е само теорија.
Не си го разбрала ти феминизмот. Рамноправност значи да се земат предвид различните способности, можности и лимити, што автоматски за жена значи и да биде мајка и да има породилно. Америка може да биде се, само пример за феминизам и рамноправност не . И сега, да земеме да протестираме за права и освестување на американската жена или да и се придружиме на авганистанската?
Па јас како што знам тоа е движење на глобално ниво. Зошто и една Швајцарија да не е за пример ако веќе не збориме за САД (кои патем се сметаат за модерни)? Еве баш во Швајцарија голем дел од жените не работат и се домаќинки (исто како во Авганистан) само затоа што породилното е три месеци а плус и градинката чини колку една плата.
Капитализмот е само друго име за феудализам, што е друго име за робовладетелство. Нема врска со модерност. Швајцарките добиваат право на глас подоцна од македонките. Што друго да кажам- седи дома, гледај деца, не ја носи колата на мајстор - прај што сакаш и што никој не ти брани, и не ми задирај во моето право на образование, сопственост, право да носам купаќи на плажа или да возам комбајн ако ми се сака.
Епа значи капитализам и феминизам не одат заедно. А велиме сме победиле ние жените во борбата за еднакви права. Ете испаѓа дека па и не сме баш. А јас и понатаму ќе си ја носам колата на мајстор затоа што сепак ми се може а и ќе учам и работам тоа што сакам а не на нива како баба ми ама за разлика од мене има жени што ја немаале таа среќа и можност да играат на двете полиња туку морале да одберат едно од двете, не за друго туку затоа што сме се избориле и докажале колку сме јаки. Машкиот пол секако гине за нас, само за ние да ги имаме истите можности како нив.
Ја за се се слагам со тебе, и за ова... Само земјоделецот треба САМ да си создаде услови за работа, кога гледа дека државата 20се години и кусур не го есапи. Али ок, знам каков менталитет сме, нема што да се објаснуваме. Нарочито од коа 50 души живи ни се запалија, а народов си седи со прстот у газ. Па до едни цреши ни дошло... Ете ја коа бев Мк у Стокомак грав од Египет јадев. Од факинг пустина!
Па секако дека феминизмот е крив што плаќаш цел живот данок, а имаш само 5 недели трудничко, и што човек не може да преживее со една плата. Крив е и што у грешна држава сте мигрирале, и што таму деца сте родиле, и што грешно сте се удале. Крив е и што не го употребувате у своја корист, да си ги барате правата како човек, па жена, па мајка, пардон лице што дои. Кринџои. Поздрав.
Ми излегува пост на Инстаграм колку просечните фитнес инфлуенсери уствари појма си немаат од спортска исхрана, and I couldn't agree more. Ти нудат кето, ти нудат лоу шугар, ти нудат лоу калорис, а ти што секој ден трчаш, пешачиш, активен си постојано, како опседнат броиш калории, избегнуваш јаглехидрати, не пазиш на електролити колку внесуваш оти ти кажале дека така треба. И после заморен си нонстоп, не спиеш добро, ти трнат екстремитетите, губиш контрола во јадењето и внесувањето вода, имаш напади на глад и жед, а нормална гликемија. Ама знаеш во калориски дефицит сум, на кето, избегнувам јаглехидрати, а трчам, вежбам постојано, е шое проблемот? Е шое, и јас се прашувам. Се прашувам дали знаат нешто друго освен "протеин јес, јаглехидрати ноу, број калории и топ си" дали знаат кои електролити се важни за спортисти и зошто, дали и кога да земаш суплементи, кој спорт какви вежби бара и на какви повреди е изложен. Ај да погодам, не. И затоа Ана и слични ми се ништо повеќе од инфлуенсери и не за луѓе што стварно сакаат да се активни туку само за оние што сакаат еднаш да ослабат колку да изгледаат убаво на свадбата. И истово го мислам и за доктори. Те боли коленото, добиваш одговор - немој да трчаш, лошо е за колена, од тоа ти е. Браос.
Не може ... срцка земјоделецот сам да си создаде услови, не можеш сам услови да си создадеш ни алишта да пружиш, ако те дупи државниот апарат. ... У едно време, у една друга држава, на истата таа територија , постоеја градобијни ракети. Од памет ме вадеа ко бев копиљ, па ми објаснија што е тоа што трешти а не е гром, и за што служи. Завчера гледам на вести, град им уништил посев, пошто неверници биле , вака си тумачат земјоделците. Да им каже некој дека у некое време, на брдовитом балкану, градобијни ракети штителе од град, ќе рече пу,пу, работа на нечестивиот тоа. И то. Глуп народ, богати прекупци, силна држава. На кој не му чини, ене му ја вратата. А врата за у друга планета има негде? Некој ако има некоја теорија на заговор да сподели за градобијните ракети, би била благодарна
Феминизмот ти дава избор. Ако ти сакаш да бидиш tradwife - биди. То е убајната. Можиш да одбериш. Не мораш да бидиш girl boss за да го "користиш" феминизмот. Друго во глобала гледам другите опфатиле.
Зошто, затоа што породилното им трае 4 или 5 недели колку спомнавте? Иако ако гледаме како што се пиша од аспект на феминизам и слободен избор да си традиционална сопруга во случај на развод таа користи низ бенефиции системското уредување во државата што и ги пружа. За во Македонија не ми се верува дека некоја обожава да е традиционална бидејќи читаме по темиве што им се случува кога маж би го фатило лудило во втора младост и би ја шутнал како партал, никакви бенефиции на таа сопруга не и следат. За Авганистанките па не вреди да се муабети на овие теми и (ни)какви бенефиции имаат по овие теми. Јас членкава ја сфаќам што сака да каже, ама за тоа најмалку е виновен феминизмот туку системското уредување во државите, а како тргнало се оди во таа насока имање и одгледување дете, пишувам за напредните и современи општества не за оние во Африка, Индија итн. станува луксуз.
Баш. Некои држави буквално си имаат напраено систем за само да работиш и да цркнеш од истото. Ете Швајцарија би ја земала за пример, скоро прочитав дека породилното им било само 3 месеци ( поправете ако сум грешка). Во многу лоша насока иде светов и систематското уредување, на државите веќе не ги занима да се овозможи подобар живот за децата, мајките и родилките, туку битно им е само повеќе да се размножуваат за да има кој да им рмба ( пример Америка), сиромашниот сиромашен си останува, а богатиот се богати уште повеќе.
И ова околу размножувањето и рмбањето е ставено во глобална рамка за да се реши целосно понатаму. Нажалост да уредено е да е луксуз се што некогаш било највообичаена појава како што спомнав дете, пишувате овоштија, зеленчуци, свежа храна, со тек на време и природни ресурси итн.
Веќе е толку излишно да се коментира на женски форум за феминизам… Мешање феминизам и мајчинство ми е мешање баби и жаби ама тоае. Сами сме си криви искрено ко пол, никој друг.
Сакам да кажам дека свесна сум дека ова не е ново, туку сега ептен се збора, а то е насилство врз животни. Читам дека има вознемирувачко видео или слики и пак отворам и после сум трауматизирана од то какви психопати одат по земјава. Ама шо е то шо ми се врти низ гла (сем то како по ѓаволите му е на кутрите животни) е - шо осеќа (односно не осеќа) едно насилничко копиле? Не вреднува(т/те) живот and it shows. Се надевам ама најискрено се шо прат да им се врати барем едно х100 полошо.