Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.131
    Допаѓања:
    7.281
    Пол:
    Женски
    Го размислувам периодов истово, но сметам дека системот е таков, затоа што Европа старее. Гледам и старосните граници за пензија само се поместуваат. Има огромна побарувачка за работа, а работници нема. Им дошло на Немачка и остали западњаци до балканци и источњаци. Барем јас размислувам во таа насока.
    Не е во ред, но е доста сфатливо. Единствено што ми отскокнува во сфаќањата е што Европа старее, пензионираш луѓе на 70 години, мајки по 3-4 месеци треба да се вратат на работа, а овде ми носиш мигранти на товар на данокот на работо-способен народ.

    Америка е друго зло. Ништо не ми е сфатливо таму.

    Инаку, кога системот е оспособен да ги задоволи потребите, зошто па и да не?! Пример, кај мене, породилното не е како во Македонија. Но, од друга страна, градинките се максимално соодветни за грижа на мали бебиња. Воедно, не е како во МК да мораш да работиш на полно работно-време. Може и еден ден да работиш и останатите денови да си седиш дома. Помала плата, ама пак е подобро од тоа ,,зошто си имала толкава пауза, ќе изберам друг". Фактички, ти дава рамнотежа помеѓу мајчинство и кариера. Понатака, работи колку сакаш, твој проблем.
     
    На LiquidLuna, Adidas888, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    14.934
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа она што како растам така се повеќе си живеам убаво и како што јас сакам. Убаво по мои мерки и ничии други! Секој ден е убав со исклучок на работите што нели не се во моја моќ туку се само господова работа:D
     
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    6.437
    Народов купувал тегли со молитви мислејќи дека се благословени од оној Јаков, секоја чест за ликот кој дошол до оваква бизнис идеја, креирал страна ,,Библиска Македонија” и им шиткал тегли за 1000 денари. Знаел дека само овакво име може да собере потенцијални купувачи на благословен прдеж во тегла од поп.

    Шокот настанал кога дознале дека теглите не се благословени од Јаков, подруго ќе беше ако беа.
     
    На LiquidLuna, Stark, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    2.623
    Пол:
    Женски
    Едно е имање услови за работа, друго е сработеното да има каде да се пласира. Некои велат дека требало тој сам да си обезбеди пласман и кога веќе произведува, мора да има план. Ама сето тоа не може да го прави еден човек или неколку луѓе. Мора да се има план ама на едно повисоко ниво. Нашите (ако воопшто може да ги наречеме „наши“) власти поголеми планови кројат за увоз од странство, отколку за пласман на домашното производство.
    Еден начин како би се регулирало тоа, а да не пречи на договорите за слободен увоз и извоз: Швајцарија има закон во кој, доколку производот не е направен во Швајцарија, тогаш не смее да се користи никакво обележје на државата (Toblerone must remove Matterhorn from chocolate packaging over 'Swissness' rule : NPR). На овој начин, се креира бренд но тој бренд подлежи на правила.
    Ако размислиме, ова е можеби меѓу ретките нешта кои би можеле да бидат имплементирани во Македонија. Кој не би сакал македонски производ? Македонските производи надалеку се прочуени. Србите уште знаат за Кочанскиот ориз, за грав се знае дека е Тетово. Додека уште има можност, ова би било добра можност.
    Самата галама која би се кренала доколку Македонија го направи ова би била огромна реклама за македонските брендови. Ова со Тоблероне се случи пред доста време, а уште се пишува за истото. Зошто? Затоа што е бренд. И македонските производи се бренд, иако можеби ние ги земаме здраво за готово.

    Дека земјоделецот треба сам да си создаде услови за работа: земјоделската (и поврзаните гранки) работа е многу тешка. За жал има многу препреки. Земјоделец кој штотуку почнал или го работи тоа кратко време, нема исти услови како оној кој веќе се разработил. Државата вели: земи машина, аплицирај за субвенции и можеби ќе ја покриеме. И кој добива субвенција за таа машина? Пак тој што има повеќе бидејќи знаеме како функционираат работите (инаку ова е реална случка што ја раскажуваше еден земјоделец како гостин на една емисија).
    Дека сами си создаваат услови, секако, затоа не останаа земјоделци.

    Земјоделецот ќе создаде услови, ама бирократските препреки не е должен сам да ги реши. Затоа тој е дел од една целина, од една држава, а не е сам. Затоа и цената на производите е толку висока - бидејќи снема земјоделци. Кога сакаме да извадиме пасош, одиме во МВР ама се случува да немаат обрасци. Тогаш кој не создал услови за работа? Државата или вработениот на шалтер? Така некако е и со ова.

    Земјоделецот треба да ја обработи нивата, да трча по документи, да следи, да поднесува документи во одреден рок.... И ова е уште пред да почне со работа. Кога ќе дојде до собирање, дури тогаш почнуваат уште поголемите маки. Треба да оди по пазари и да го продава произведеното, следи каде ќе оди на пазар (бидејќи се во различни денови), откупува тезги, дополнителни трошоци за гориво.... Тоа е навистина многу работа. Еден (па дури и неколку здружени) да го прави тоа е огромен обем на работа.

    Државата е многу одговорна за многу работи кои обичниот земјоделец и да сака, не може да ги направи сам. Сакам ова пак да го нагласам:
    Едно е прилагодување, друго е тотален неслух од државата. Прилагодување е замена на бавчите од лозја во гевгелиско-валандовскиот предел во маслинки.
    А кога земјоделецот ќе се исцрпи сите обиди за подобри услови, има и уште едно трагично прилагодување - кон фотоволтаици, што за жал почнува да станува голем проблем. Овде треба да настапи државата, а не да поттикнува такво нешто.

    Има и уште еден аспект: бидејќи условите за работа се влошуваат, државата е таа која мора да ги поттикне работите. Ако некое животно е загрозено, државата поставува закон и забрана за ловење и при секој прекршок следува казна. Така треба да е и со ова, само не со казни туку со поттик (бидејќи, нели, се различни работи во прашање). Ама не само субвенции, туку реален план.

    Или сепак на државата ѝ е полесно да го раздаде тоа земјиште и да го уништи со фотоволтаици.....
     
    Последна измена: 22 мај 2025 во 07:53
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.966
    Допаѓања:
    187.517
    За тоблероне се случи сега, оти се произведува во Словачка мислам. За поефтино де. И јаре и паре.
    За македонски бренд не може да биде, го продадоа кучата. Зелката што понекогаш ја купувам е од северна Македонија, понекогаш и некој бостан, и тоа е отприлика. Оризот дали е кочански појма немам, а и гравот богами- можност за географско потекло има, ама толку процедури, работа и придржување до прописи, нема кој да ги напраи.
    За што праиме муабет - околу 100 луѓе во државата се корисници на земјоделска пензија. Ова како бројка ако не е страшно, не знам што е. После црешите скапи биле, на дрво растеле.
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    56.835
    Пол:
    Женски
    Животот поинаку се чувствува кога имаш испланирано патувања. :inlove:
     
    На Adidas888, praski4e, MarigoldA и 2 други им се допаѓа ова.