Ограничи се. Нека не те користат. Како тие, така ти со нив. Укажи му, дека не е фер така што праат или па прекини со давањето услуга и вели им, не можам, презафатена сум и сл.
Таков ни е менталитетот а да излезеш во некој ноќен клуб во германија ќе видиш и пеесет годишни луѓе хахах
Немам уште 30 ама блиску сум, уште излегувам по журки нормално и во ноќни клубови, немам дечко, немам маж ни деца, зошто да не излегувам?? Па кога ќе слушнам тинејџери да прашуваат демек до кога е во ред да излегуваш по ноќни клубови? Тие викаат до 25-26 после веќе си стар Таков ни е менталитетот, стар си на 27,28,35,40...? За што си стар? Забавите се за сите возрасти, мене не ми е океј на 40-50 години да излегувам два пати годишно еднаш на предновогодишна, втор пат на осмомартовска, а во ред ми е да одиш по журки и клубови искрено... Иако и јас се соочувам со ист проблем со другарките, одвај ќе ги натераш да излезат, а повеќето се сингл или во токсични врски
Тоа оти ти не се чувствуваш добро. Јас си ја носам колата на мајстор, регистрација и не гледам што има тука чудно. И знам ситни поправки, гума да сменам Ова дека спомна кола, друго сè "машко" домаќинско знам, е не знам да цепам дрва и да запалам ќумбе, тоа оти централно греење, па никогаш никој дома не цепел дрва де. Да треба и тоа се учи. Поентата е дека си бараш партнер каков што тебе ти одговара. Мене партнер "глава на семејство" не ми треба, затоа нема да раѓам деца/да живеам со таков. Не е крив феминизмот што трутови за мажи бирате.
Ако купиш од кочанска фирма, можам да ти гарантирам дека оризот е кочански А за пазарите, ако прекупците лажат, тоа си е нивно. Да, за тоблероне се случи тоа (наведов и извор дека е заради тоа). Македонски бренд и те како може да биде и како што пишав - е единственото нешто што би можело да се спроведе кога се во прашање такви закони. Тогаш нема да мора да се мислиш дали оризот е навистина кочански или гравот е навистина тетовски. Па поттик на туризам преку таква реклама, па странци ќе бидат заинтересирани за македонските производи... Ама тоа ако сакаа да ги прават работите плански. Земјоделците од струмичко постојано протестираат. Оризопроизводителите од кочанско постојано протестираат. Тутунопроизведувачките постојано протестираат... И народот не е многу заинтересиран за нив. Само ако им е на пат до работа ќе се побунат дека им пречеле што го блокирале патот.... Така да... делумно ги во право. Земјоделците сами не можат. кога ќе те остави државата на цедило, мора да се вртиш кон други алтернативи и да бараш други решенија. Иако не си во право, земјоделците се многу паметни и свесни за градобијните ракети и постојано напоменуваат за нив, ама никој не ги слуша.
А ако нејкеш на журки на 25 26? Може не се по журките. А дечко на журка у галамата ќе си најдеш И тоа за озбилно
Ако не сакаш е друга работа има и по 19-20 што не сакаат и не излегуваат ама ако сакаш и да велиш дека си стар е сосем друга работа и тоа е темата за која збораме Не одам иначе на журки за дечко да најдам, поентата беше дека слободни без обврски и одбиваат дружби секакви
Ми се повраќа од маживе. Од подкаст брос, од хасл култура, од алфа мажјаци, ама од сè ми се повраќа. Не е типичен контент кој следам, но на Инста ми искочи видео, моментот кога мажов и женава дознаваат дека "третото дете" всушност ќе биде триплет, бремена е со три. Двајцата се изненадени, шокирани, нормални реакции имаат, плус имаат уште 2 деца дома. Ама ништо грдо нема во видеото, баш е симпатично. Коментарите со најмногу лајкови НЕ РАЗБИРАМ. Бидување во брак подразбира грижа за другиот и без деца во сликата. Децата не се само нејзини, и негови се. Претпоставката дека таа и децата кои ќе ги роди ќе го банкротираат мажов се г р о з н и. Одвратни и ужасни. Посебно последниот коментар Дури и ништо да не работи женава, ова е безобразно и ужасно. За да биде побезобразно и поужасно, жената е наставничка во средно и има 360 000 следачи на инстаграм. Значи заработува и самата секако. Маж и' е сосема океј според она малку што го видов, не станува збор за никаква традвајф ситуација. Она што најгрозно ми е од сето, е дека феноменов на жалење на мажите како сè e на нивен грб особено финансиски е нешто мноооогу проширено и постојано го среќавам. Ај овие се Американци, таму е поефтино еден да не работи, ама мажи во Европа и Македонија со вакви муабети ми доаѓа да ги за да вам.
Да го решаваа сите секој најмал проблем по патека на најмал отпор т.е со немажење и нераѓање деца и барање на совршенство, одамна ќе исчезнеше човечкиот род од земјата. Не ми е тешко и на мене да ја носам колата на мајстор, всушност и не морам ако не сакам. Само така сум се почувствувала дека како припадничка на понежниот пол не се пронаоѓам во такви задачи. Исто како што е и цепење дрва и палење ќумбе. И не ми треба "глава на семејството", доволно сум се изборила во животот да бидам рамноправна на многу полиња.
Многу лаички пристапувате кон проблемот сите, али океј е тоа дека не сте упатени кон реалните проблеми а не ни треба да бидете, мада за поздравување е тоа и дека барем се замарате донекаде да сфатите шо е проблемот на земјоделецот ама за жал никогаш никој не излегол да го подржи кога имало потреба од тоа па затоа и денес сме тука кај шо сме. Проблемите се повеќе од кои ќе наведам само неколку од кои сите ќе плаќате поскапа храна во наредниве години, а како ќе поминува времето и ќе имате пари ќе сакате да купите а ќе нема нешто слично ко титовиот социјализам имаш пари нема ништо у продавница… 1.) Планско производство - државата треба да направи план за планско производство на дефицитарни ресурси на светско ниво со што би имале сигурен пазар и би биле конкурентни на пазарот 2.) Во Швајцарија на пример државата субвенционира кредити за набавка на машини со кои земјоделците би си ја олесниле работата па така фармер во Швајцарија со 100 хектари земја има комбајн кој кошта околу 400 000 евра, џондир теактор кој кошта над 200 000 евра и слични машини кои му требаат на земјоделецот па затоа швајцарскиот фармер и попродуктивен и порентабилен од нашиот а со самото тоа и поконкурентен на пазарот. 3.) Инвестиција во системи за наводнување, ова е еден од поголемите проблеми на земјоделецот кај нас, ништо не е чепнато од тито кога чепнал па така најчесто фармерот има проблем со наводнување и слаб род во текот на годината. 4.) Злоупотреба на европски фондови за развој на земјоделието. 5.) Неспособни кадри во министерства, неможе правник или економист да води земјоделие… 6.) Добро би било да се пушти асвалт струја и вода до секоја фарма со тоа што на овој начин фармерот би можел да направи и еден ладилник со кој би имал можност да го зачува производот кој го чува до момент на поволна цена на пазар па тогаш да го продава, би се олеснил транспорт товарање на шлепери, како и достава на ресурси кои му се потребни при производството.. 7.) Имаме амбасадори у цел свет, добро би било да се заангажираат да се најде пласман за дел од производите… 8.) Некој се богати на грбот на земјоделецот со неплански увоз на производи… би требало некој да се позанимава со ова прашање… Ова со ракетите ти е топ поента и сега имаме авиончиња ама кога не се ефективни и има штета од тоа никој не задтанува да ја надокнади истата битно е има вработено пет пилотчиња и се пери паричка.. И да не биде дека лаам без везе еве ја шо сум произвел, сето одеше за русија, ама ги казнивме русите па европа не пушти низ вода и пропадна се.. Било је то некад давноооо
Црешите твои се? Имаш уште цреши? треп, треп. .. Ние што праиме муабет, јасно ни е, ама не ни се расправа на дугачко. Јадете скакулци и врзете го коњот кајшто ќе каже газдата. Не ме цитирај веќе, ја бојкотирам темава, нели Следно, Пандов за претставник во Наса да го наместат и таман
А јас не мислам дека сум понежен пол Како е барање на совршенство мажот да знае и прави БАЗИЧНИ работи за себе прво, а потоа за семејството? Ти со мажот како ќе се организираш е ваш проблем, ама феминизмот не ти е крив ако не ви оди од рака организацијата. Феминизмот ти дава избор, а ти по свои убедувања одбери за себе.
Докторов да ти бил се само не доктор, моорее шо ќе напраевме шо ќе му пуштевме на овој твојот кој да го лечи Порно актер од Шпанија претставен како Стојанче од Стајковци – успешен студент по медицина
Еее, абе и босанец го направија, и србин и шо ти уште не Е добро де, тоа шо е порно актер, не значи оти не би бил успешен доктор по медицина . Веќе знае да "буцка".