И јас сестро, уште со ќебиња и чорапи спијам, пуштам панел навечер да се стоплам. Едвај чекам 30 степени да ми се стопли душава.
Ептен сакам кога есента ќе дојде на златна кочија и со стапчето ќе ги обои лисјата, ќе го донесе дождот и мирисот на печени пиперки. Ќе го фати одвратното лето за партали и ќе го исфрли како празен куфер. Се сеќававте ли кога пишувавме есеи по Македонски јазик и секогаш сите идеа на кочии, колку ги сакав темите за годишни времиња боууже.
И јас многу сакам есеи. И бајки и сказни исто. Си имаат поуки секој по нешто. Само шо не секој разбира и учи. Ама добро... Затоа и многу сум разочарана од исходот со филмот со Снежана од преѓе годинава. Штета навистина... А за желбите, што исполнети, што не, па да не почнуваме тек есеи, тоа би било тек посебна тема, ако не и психологија...
Пазете на кој што му зборите, не знаете кој со што се бори во себе, додека е постојано насмеан, толку многу се сомневав во себе и се најде личност да ми каже дали намерно или ненамерно не знам... Што постигна ти, што направи ти во овој живот.... Толку ми требаше
најдов квиз за емоционално исцрпена жена и се пронајдов во сите карактеристики освен во таа што вика дека - Емоционално исцрпената жена не се грижи веќе за врската,, не се пронајдов затоа што не сум во врска, сингл сум
Изгледа вие Мортициите сите исти сте хаахах имам колешка Мортиција и иста е така, кога е во пмс некогаш сака да ме убие ама па после мака и паѓа ми вика така јас љубов изразувам
https://www.crnobelo.com/zabava/int...mocionalno-iscrpena-no-prodolzhuva-da-se-bori Само немој да се пронајдеш во се и ти