Hear me out. Да созрееш значи да сфатиш дека давање на лубовни совети е трошење на време и не треба навредуваш кога имаш чувство дека збориш со ѕид. Колку и да е некој во лоша ситуација, ако самите не се спремни да го согледаат тоа и да раскинат, нема нешто што можеш да им кажеш што ќе им го промени мислењето. Од друга страна, сите имаме различни перспективи за врски / брак и ако остануваш во врска само затоа што другарка ти те смирила и уверила дека не е толку лошо колку што ти се чини, не е доволно добра причина за да останеш затоа што тоа се чувствата на... другарка ти. Едноставно мислам дека навигирање на љубовен живот е нешто низ кое мора да пројдеш сам и можеш да научиш само ако се испечеш, ако правиш грешки и постепено се научиш да си ја слушаш интуицијата. Не може да ти помогне никој. И да, инспирирана од тоа што секогаш сум asshole кога ќе дадам совет „Раскини“. Но, во исто време, и јас самата кога бев во врска што беше совршена на хартија, бев најмизерна, а тоа само јас можев да го знам. Што не значи дека нема веќе да давам и да барам совети... само сум некако мирна со фактот дека никој никого нема да послуша.
Прво нека си ја излежат казната ко казна у затвор, а не ко у хотел, па после нека се интегрираат каде сакаат. Не се превоспитува со полн пансион и пензиско, туку со чмаење у четри зида, без излез, телевизија и мобилен,па да не му текне да се врати. А за работа, слободно можат у затворот да им организираат да работат нешто, или по ниви нека ги носат, у рудници, а не у на другар му фирмата фиктивно да работи додека лежи дома.
Ама тоа не е баш така, не дека сите ги пуштаат да работат надвор од одма. Или е за полесни дела, помали казни или пример година две пред завршување на казната. Исто како на викенд што ги пуштаат (после одредени години лежење, можеби кога ќе им остане година или две, не знам точно). А во нашиве затвори има се, само не можност за ресоцијализација. Прво да тргниме од тоа што вработените по затворите им продаваат дрога, друго, кантината во затворите е поскапа од било кој маркет во Македонија. Не се сите таму убијци или нз какви деликвенти
Па добро, може треба да имаш фактички познавања прво. Во Идризово на пример, не би рекла дека живеат "во хотел" или "полн пансион", можеш и да видиш дел кај Ландов од условите во кои живеат. За жал, затворите се со премалку персонал кој се занимава со рехабилитација и ресоцијализација, па немаат баш услови во самиот затвор за работа (иако се согласувам, дури и на најстроги казни осудените треба да имаат работа ВО затворот). Останатите кои се казнети за помали, ненасилни дела, не треба да ги направиме ѕверови, туку да ги превоспитаме. Ништо, буквално ништо, ни за затвореникот, ни за општеството, не се добива со седење и гледање во 4 ѕида. Тој еден ден ќе излезе, не ни е никако целта да продолжи полош отколку што влегол. Ужасните услови никого не направиле помалку криминалец, ама работата со нив и нивната работа, направила многумина да научат нови однесувања. Секако, не тука. Кај нас не постои ресоцијализација едноставно. И овие ситни обиди се само замачкувања, еве ако не те мрзи гуглни да не ја шириме овде, како по земјиве кои ги сметаме за земји со ниски стапки на криминал и генерално висока социјална заштита, како се однесуваат кон затвореници, во какви услови живеат, зошто така се однесуваат со истите. Некогаш, криминалците, не станале од ќеиф криминалци. Не е толку "чисто". Многу често прво се деца од страшно дисфункционални семејства, малтретирани од најмали нозе, оставени на улица сами да се воспитуваат итн. Ако ги малтретираме во затвор нема ништо ново да видат, малтретирање и изживување е единствено што знаат и од надвор. Се прави евалуација кој што и како може, не е иста приказна секој, и ќе повторам, не може и не смее зависник кој завршил во затвор поради зависноста да се третира исто како некој кој направил насилен акт, убиство, силување итн.
Не ми се верува дека вака размислувате… какви ѕверови бре луѓе? Тој што е во затвор, без разлика на како дело сторил, имало причина. И не треба да се шета за викенд, или да оди на работа како сите останати што не сториле никакво кривично дело. Баш зашто затворите внатре се никакви, треба да се превоспитаат и да не им текне уште еднаш да го направат тоа дело, или па некое друго. Требал да мисли пред да прави глупости, а не да ги пазиме па уште и да се гостат и шетаат. Никаде во свет го нема ова. Пола од тие што шетаат се немаат вратено. Прост пример: На другарка татко и ги уби мајка и и дедо и, значи убиство со умисла. Бидејќи немаме доживотна казна, извини имаме, 25 години е, го осудија 25 години. Ајде добро однесување му ја намалија на 13, од тие 13 господинот пола е надвор. Значи животот на женава и дедово не се битни, битно монструмов ќе пазиме ѕвер да не го направиме.. супер.
Шознам дали по свет го нема. Вистина, по развиен свет не ги јадат тафтабити... ама што знаат па Норвежаниве (на пример). Цела Европа гуглај затворски системи и спореди со нашиот, нашево е сè, само не е хуман затворски систем.
Самото шетање надвор не е реинтеграција. Тој и пред делото имал слобода надвор, не е дека живеел во дивина, го одгледале мајмуни па сега не знае мајке ми како да се снајде во општествово. Ене и политичариве ја имаат таа слобода, па гледам луѓе од нив станаа, нема грешка. Кражба е океј, ненасилно дело ама ај простете им на џаболебарине што краделе, кои дур си го држат ќе земат 3000 евра плата плус патни трошоци дур вие скенирате сметки. Оти јас не би. И не сакам утре ако ДАЈБОЖЕ бидат осудени они да се интегрирале со шетање надвор, со стаж со све. Пошто досега не знаеле како, нели. Кој беше оној што во слободен викенд направи тешка сообраќајка? Не ми текнува стварно. Дела во самоодбрана (за ова не ни треба да лежат као прво), мааали кражби океј. Другово све јок.
А дали е хумано некој да е ограбен, натепан , убиен силуван и слично? Немам никаква жал за затвореници, нека осетат нешто тешко па да посакаат да се ресоцијализираат.
Lele ja sum protiv ovoj nacin na zatvorski sistem, bas mi e gajle za nivnata resocijalizacija. Ima da platat za delata!!!
Нема да ја продолжам дискусијата понатаму - не гледам смисла. Казната без да покажеш нов, правилен начин е бесмислена, еднакво како да казниш дете без да сфати зошто и како да прави нешто правилно. . . . Благодарна сум за ЧатГПТ. Некогаш глупи работи ме мачат. Помага.
Добро бе не се лути, само си прајме муабет. Емпатија повеќе би покажал ко жртва, а тие по го пра делото да се помачат малце.
Ednostavno smetam deka nekoi tipovi na licnosti se imuni na resocijalizacija. Zemi gi za primer pedofilite, sociopatite (wired that way)...koi najcesto gi ima po zatvorite. Sociopat ke iskoci od zatvor i pak ke napravi belja, isto i kaj pedofilite i hemiska kastracija e zaludna kamo li resocijalizacija.
Овие што работат со храна, стварно треба да им се забранат долги нокти. Ја држи чинијата за работ, ок ама ноктите оти 2м долги, идат внатре во чинијата, уште малце и во храната ќе ги укопаат. Да ти се згади. Друга па еднаш мака мачеше да земе ситни од каса да ми врати од ноктите И секоја професија кај што работиш мануелно и нокти би сметале. Скрос може да имате убави средени и кратки нокти, еве да ви кажам
Не се лутам, само не мислам дека вреди да објаснувам во СДК. Темава ми е многу блиска и во голема мера проучувана, е нешто што ме интересира и нешто што би сакала да работам, затоа не гледам смисла да ја должам понатаму. Ако некогаш се отвори конкретна тема, секако ќе дадам свој придонес. Читај ми ги мислењата пред да ме цитираш, вака нема поента. Исто и ти, читај пред да цитираш.
Уште бе се собирате за матура?толку ми е клише и безвезно то. Битно да сте скоцкани, дотерани, нашминкани, а тоа што помеѓу себе си велевте една на друга к*рва нема врска. М? Лигленца. Ептен сеа се сакате, па муабето си го праите и си кажувате кој маж е поуспешен, попопуларен и раскажвате како сте биле во Париз, Барселона и сл. Си ги мерите де хахаха