Улицава накај работа секој ден ми е руски рулет. Со пешачки, а нема семафори, повеќе ленти се и моли се жив да стасаш на другата страна. Вчера ми стои автобус, на следната лента братот со колата изгледа диоптер му утнале, не гледа дека има пешачки, малце фалеше да ме собере. А шоферов у автобусот нестрплив да одам, почна да се движи напред, накај мене. А јас од него не гледам на следна лента што иде. Зад мене више си тргнаа коливе. На сред улица се тресев цела, немав кај да мрднам. Денеска, пред носот еден ми прелета, исто ќе ме собереше за малце. Мамето и племето и семката да ви ја е*ам на сите што возите брзо и се понашате ко сами да сте на светов. Не знам зошто нема некое правило дека ако е факинг БУЛЕВАР, не селско патче, треба семафори на пешачки.
И од најлошото имало полошо.. Сите велат после лошото секогаш оди добро, само кај мене се оди од лошо на полошо, до толку сум баксуз..
Не би рекол дека е така само стрпи се и тргај црни мисли мисли позитивно веруј дека ке помине иначе ова што ти се случува е природна работа на сите се случува плус минус до тебе е биди јака
Го напрајвме прилепското со другар ми ко си одевме од теретана. Поминуваме покрај една ограда и Jas: Леле шо ми напрај?! Toj: Шо ти напрај? Jas: Не знам шо ми напрај. (имаше ограда и рипна нешто на оградата а не го видов, веројатно куче беше)
викаат и дека едно зло само не иде,и дека ко ќе дојде лошото само отвори му ја вратата зашто ќе потрае. Ама точно е тоа дека после дождот иде сонце
Секоја година ко по шаблон, пак носам книга на плажа. И пак не ја отворам. Ни страница. Ни корица. Ни ја вадам од торбата. Не се научив дека во реалноста не излагам од вода додека не ми се збрчка кожата и не ми се смрзне цело тело. Во минатиот живот сигурно сум бил некое водно животно. Ќе чека книгата некои есенски врнежливи денови. А, со толку мерак ја купив.
Многу ми рекле дека сум била глупа оти сум плаќала котизации за трки, сум можела да ја истрчам истата дистанца и без пари, а и онака немало да бидам меѓу првите. И вие можете филмот да го гледате на интернет ама плаќате за кино, можете песните да ги слушате на јутуб ама плаќате карта за концерти, можете дома да пиете кафе и алкохол, ама плаќате надвор. Плаќате карта за натпревар, место да го гледате на тв. Не било исто? Е не е. И како рекреативец, тврдам дека има нешто посебно во атмосферата, еуфоријата што те тера да си ги тестираш и преминеш сопствените граници на физичка и ментална издржливост, што го нема во оние тивки денови кога трчам сама со себе.
Зашо пишуете у Цел живот сами и 30 и сингл ко да сте осудени на доживотна робија или на смртна постела?
И зашо коа некој ќе праша нешто, му одговарате со роман ископиран од ЧатЏПТ? Еве од сеа сите ќе ве пријавувам, ботови едни.