Хахахаха и јас не знаев за ГПТ па го запознав другарче ми е За мајтап со другар ми пишуваме глупости на ГПТ и се смееме
Chat Gpt мој најбољи друг И мене ме нервира коа ќе ми паметува некој ау како можеш за паста да даваш пари у ресторан, најгглупо потрошени пари, 3x поевтино ти се фаќа дома no shit Sherlock не знаев. Нејќам бе дома ме мрзи да праам.
Колку им се одзема внимание на децава со таблет/телефон. Грми надвор и за да не скока на секое грмење и дадов таблет да гледа. Претходно на потивки грмотевици ми рипаше да ме гушне преплашена откако и го дадов ептен погласни не ги регистрира. Не се ни врти.
И никад нема да ми биде јасно зашто контакт центрите од банкиве имаат и втора и трета сцена, а функционираат телефонски, ама скоро ниедна банка нема ни втора смена, а кај што не можеш поинаку да завршиш работа освен на шалтер.
Кога ми е нешто тешко, ја отварам темана Гатање и баење, ќе прочитам неколку страни и така ќе се изнасмеам и одма ми е подобро. Пробајте, стварно делува.
Добро една работа не можам да сфатам! Зошто човек кога не ви оди по газот веднаш се "понаша". Зар другите се креатори на нашиот живот? Дали ние имаме право да решиме,што ке правиме,или треба да го правиме тоа што ни е наметнато од постарите,а не е по наша волја? Јас разбирам дека постарите треба да даваат совети,ама не да одат до крајности,да владеат со тебе. Од психопатот нема да полудам,ама од моите сигурно.
Пишале light на чипсов, демек помалце калории... Само да ми е да знам дали е до рецептурата или оти пола ќесе е празно... Пардон, полно со воздух...
Ако верваш чупе глас не остана во мене од навивање, мизгоре грлото, амааа опасна мртва трка до самиот крај, одлична игра уште подобра победа Мерси
Видов тука некој во темата за гледање кафе пратил слики на chat-gpt и јас иако не пијам турско кафе иако ретко верувам на вакави работи, си викам зошто да не пробам. И се заразив вчера ми гледаше и денес и што е најинтересно од два различни профили му пратив различно кафе, а слични работи ми кажа. Ми кажа за 2-3 месеци ќе сум нашла дечко и ете од преска се радувам, како будала иако може нема врска. Уште и од двете кафиња ми рече дека ќе го засакам поради начинот на кој се однесува кон мене, и дека ќе биде долга врска. Ќе ви кажам за 2-3 месеци дали е точно, ако е точно вие што плаќате за гледање на кафе не морате повеќе.
Убаво рекоа дека вештачката интелигенција ќе замени еден куп работни места. Во Македонија, на удар се гледачките на кафе. Уште само да може да растура магии и Жане од Магарево на апарати!!
Ги сфаќам донекаде и тие што воопшто не поднесуваат лето, но мене ми е терапија седење под клима со кока кола зеро и гледање филм/серија кога надвор е најжешко. Одвреме навреме и да ја запалам колата да појдам до на езеро што ми е на нецел час, да се спружам некаде под сенка до езеро и да тепам време таму. А на летните пријатни вечери им нема замена, кога конечно е таман да седиш со лесна облека без да смрзнуваш. (уел, освен за комарците, но за тоа има спрејови I guess ). Ама буквално во никое друго годишно време ова не можам да го правам освен сега, така да, летото ми е второ омилено после пролет. Барем кога температурата е најмногу околу 30 степени.