Па во лето иде преку 40 и тоа е причината зашто сите го неќеме. На 30 не останува. Кога бев пред топлотен удар и мислев толку ми е животов, замразив лето форевр. А само бев излезена низ град да завршам некои работи. Еве и сега, денски за викенди во обични денови шетам, сега само чмаам дома оти не издржувам.
40 е ту мач, но деновиве некако многу жалење општо прочитав додека е 30-32 максимум (барем во моево место). Но и јас повеќе ова моментално го поднесувам наместо во зима под нула кога ќе падне, бидејќи мразам да ставам сто слоеви облека за да можам да функционирам, сега ми е најудобно, that's just me. Ко зиморлива многу сакам кога под клима ми е удобно, и кога надвор можам да седам по лесна облека без да се тресам.
Каков еретлук читам на темава, да се нејќело лето. Абре нека е жешко, нека пече сонце, да се пие вода и да се ужива. Живеам во држава кај што од 365 дена, 366 е сиво и дождливо, ви завидувам искрено на сонцето. Па тоаа жена ко ќе видиш, нога депилирана, исунчана, маиче на брителче без прслук пошто поти, летно халинче, тангица шо под суќна, шо на фејс или инста... Па тоа маж ко ќе видиш, некој шорц црвен на базен, некои стомачни сикс пекс, па има ли нешо боље.. Проштевај Боже, не знаат што зборат.
Имам многу ниско мислење за мажи што коментираат по портали за девојки со недолични коментари. Па уште кога ќе видам профилната слика му е со ќерки, ми се повраќа…
Ми излезе некој пост од некоја страна за Македонски ортодокс каде оплакуваат некој затвореник кој вчера бил погубен у Америка. Го замонашиле од епархијата таму у Аризона, он со крстот и брадата и капата, на сликата го оплакува некоја, до него стои уште некој поп или што и да е. Господ му простил и го успокоил. Е сеа малце погубен е пред 3 години оти е осудуван педофил кој киднапирал 8 годишно девојче, го силовал и убил, али нема везе. Битно жената од на човекот реброто е сторена, и коа има добиено не смее у црква. Амин.
СДК дека видеата на инста на Црво Експрес се нешто најмизерно што сум видела во последно време. Па и коментари топ, најдобри, најсмешни...сигурно со исто ниво на интелигенција како на тој што ги смислил и снимил.
Фејсбучен пост на Кајгана: Прашања за сексот што се срамиме да ги поставиме. Коментари надолу, благо речено ужас. Значи гадости пишувани од мажи кој најверојатно се сопрузи, татковци. Катастрофа. Истиве овие синово треба да учат како да бидат достојни мажи и ќерки да штитат, тие кој од кој пошарен во коментарот. И овие ваквите имаат право на глас и трошат воздух. Епа не. Не треба секој да биде пуштен на слобода.
Едно од најгрозните оправдувања за проституцијата што ги имам прочитано е дека уствари сите заработуваме со телото, само на различен начин или еве и спортистите си го мачеле телото за да заработат. И уште поголем грев е што ова го кажуваат наводни борци за права на жени. У тој случај не постои педофилија, батето само тренер е на деца, нели спортуваат. Јас кога имам тон работа можам да ги обвинам за силување претпоставените пошто ми го мачат телото а јас едвај чекам дома да си одам. Или сеедно ни е дали малолетно девојче работи како келнерка или запливала во тие гадни води. Поддржување проституција не е воопшто феминистички ама оќе, нели избор било