Слабо следиш психолози за да направиш разлика помеѓу нив и овој од „таков калибар“. Штанцањето чик литература е секогаш добар начин да се придобие толпата. Тие асалните не се бават со „позитивни мисли, чист ум“ и такви ми ти некои книги, туку седат и пишуваат научни трудови и статии врз основа на реално истражување.
Не знам дали е до мене ама јас поќе не можам да се дружам со лицемерни? Лел кога дознав, една колешка толку лошо зборуваше за друга.... Не сте свесни... Од се подолу ја напраи. И сега излезени на коктел, а мене ме заборави што секогаш и помагав....
Секој за секој збори позади грб и секој со секој збори за истиот што зборел збори во лице тоа тие нус појава поедноставно кажано лицемерије
А бе до негде во право е GirlLove, некои кои се исто тска лицемерни тоа си го сфаќаат као нормално и уопште концептот на лојалност не им е јасен на таквите и они така си функционираат меѓусебно без проблем и го сметаат као социјална вештина.
Гледам нормализирано е лицемериево. Ни сам знала да е поќе од нормално да си лицемерен отколку лојален.
СДК денес дури шетав низ трговски бев многу депресивна, расположение катастрофа, пред тоа пиев кафе со братучеда на мои години која само што си купија куќа со мажот и, а јас сингл, очајна и осамено се чуствував, искрено можев во секој момент да заплачам од што ме стегаја градите и така си шетам низ продавница и гледам детски работи кај касата во една продавница, новчаници мали такви ствари и на една етикета пишуваше "The door is always open".... дали е ова знак од универзумот? етикетата беше свртена кон мене, знам дека во тој момент помислив леле јас сум проколната, јас никогаш нема да најдам дечко, секогаш сама ќе останам, треба да одам кај гатачка ова е чудо толку да не ми оди во љубовта и во тој момент ја видов етикетата со порака
вратите за кај гатачката ми се отворени jk Немам појма само во тој момент пред да ја видам пораката помислив дека некако сум блокирана, како љубовта демек ми е блокирана и треба да побарам помош и дури не побарам нема да најдам никој
Се е до приказните што сами себе си ги раскажуваме. Ако мислиш дека имаш проблеми ќе се чуствуваш лошо. Ако бараш се да е "нормално" ќе се фрустрираш. Ако бараш да биде се како на Запад ќе се нервираш. Ако ти е до почитување ќе бидеш навредена. Си раскажуваме сам приказни. Ако го смениш наративот ќе се сменат и чуствата.
Со сете свое срце ќе ти го дадам ќесево со бели чорапи, да не претерам ама има околу 30тина пара. Само одложувам и се зголемува
Ете, етикетата ти кажала, нема потреба од гатачка Плус, јас уште немам купено куќа со мажот, а сто години сме заедно, така што не се занесувај со општи мерила на успех и реализираност, за секого се различни.
На тема чорапи, носам само црни до глужд, и чим приметам дека можам да ги разликувам лева од десна, значи дека е време за нови. Најчесто од оние 100 пара за 3 евра, или така нешо.
Сдк, не знам дали е трагично или смешно што на тајм.мк почнаа да излегуваат и српски наслови. Мислев дека е трагично, нешто со нож у бели дробови и слично- срам да му е на Игор у гугл алгоритмот....ама после гледам дека истата вест е објавена на српски, дури и истиот наслов, јер мк новинарство е тешка и макотрпна работа...И така